Мигрантите низ Македонија

Член од
30 јули 2014
Мислења
5.520
Поени од реакции
18.369
Да не се сложил нашиов нешто да потпише за мигрантиве во замена за негов раат? Масовни кампови на јужна граница? Кој ќе ги пази тие, и дали може воопшто да се внимава на толкава маса на народ? Во тие групи што ќе ги враќаат а ние очигледно ќе ги прифатиме, којзнае што све ќе ни се насади.
Он додуше еднаш си изјави, во екот на случувањата со бомбите, кога шеташе низ Македонија и ја ослободуваше од предавниците на македонскиот народ, а мигрантска криза беше во својот зародиш, дека ние мораме да се спремиме за многу поголема мигрантска криза и дека тоа ќе биде наш проблем во иднина. Симптоматично беше што онака му помина изјавата, незапазена, а мене баш ми падна во очи, ко да се посомневав дека недајбоже ќе му текне да ги трампа државните интереси за спасување на својот гз и својот интерес, што баш не личи на него, нели.
 
S

silmarillion

Гостин
Па ваљда не е до толку. Ајде време ќе покаже. А ако ги насадат, којзнае колку добар бизнис ќе биде, на пример, храната и водата во тие кампови. Најбрзиот и најснаодливиот убаво ќе помине, другите ќе чекаат подобри времиња : ))
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.290
Да, затоа што ако западноевропските држави сакаат да ги остават мигрантите во Македонија, прва работа што ќе направат е ќе се пазарат со Грујо. Бидејќи нели, тој во слободно време е господар на вселената, ако не им даде амин, нема да може да го спречат нивното напредување кон Австрија. :D
 
S

silmarillion

Гостин
Си имаат опција за Win-Win ситуација, видоа дека еднострано делување кад тад им се одбива од глава. Они радо би да го рипнат, ама веројатно има нешто што не го знаеме.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.290
Си имаат опција за Win-Win ситуација, видоа дека еднострано делување кад тад им се одбива од глава. Они радо би да го рипнат, ама веројатно има нешто што не го знаеме.
Да, да. Тие сакаат да ги остават мигрантите во Македонија и сакаат да го сменат Грујо.

Па, наместо само да ја затворат границата со Србија (или посеверно, ако и Србија не им е битна) и ем мигрантите да ги остават во Македонија, ем Грујо да го собере матната, решаваат да се договараат со него и да му даваат помош дури и со персонал. Многу логично, нема збор. :D
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.368
Поени од реакции
84.607
Да. Ич не е могуче Грујо да се договори со било кој што ќе му го спаси газот, за било што.
До сеа видовме дека е на браникот на националните интереси....
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.290
Да. Ич не е могуче Грујо да се договори со било кој што ќе му го спаси газот, за било што.
До сеа видовме дека е на браникот на националните интереси....
Не, не си ти глуп. Не така ефтино. :D

Јас никаде не пишав дека Груевски не би се пазарел. Јас пишав дека Груевски нема што да им продаде на Германците. Ако сакаат да ја направат Македонија мигрантски камп, ќе ја направат и без да се договараат со него. А не се идиоти, да плаќаат за нешто што може да го имаат бесплатно.

Фалична ви е логиката, и ти го знаеш тоа. Само не можеш да се помириш со очигледната ситуација.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Која е очигледната ситуација?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Дека ЕУ ќе се брани од мигрантите на македонска граница. Нашата јужна граница е линијата што мигрантите не смеат да ја пројдат.
ОК, мислев за друго дискутирате. Па нема многу избор ЕУ, грчката граница е порозна, плус ми се чини дека Грците на некој начин ја уценуваат ЕУ со неконтролата на границите. И на крајот можат да го јадат стапот.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.290
ОК, мислев за друго дискутирате. Па нема многу избор ЕУ, грчката граница е порозна, плус ми се чини дека Грците на некој начин ја уценуваат ЕУ со неконтролата на границите. И на крајот можат да го јадат стапот.
Грција сака скапо да ја наплати таа услуга. Ние сме неспоредливо поефтини. Е сега, дали ќе испорачаме толку квалитетна услуга колку што можат Грците, ќе видиме. Тие ќе направат се во нивна моќ да не успееме.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Грција сака скапо да ја наплати таа услуга. Ние сме неспоредливо поефтини. Е сега, дали ќе испорачаме толку квалитетна услуга колку што можат Грците, ќе видиме. Тие ќе направат се во нивна моќ да не успееме.
Јас не гледам како таа битка Грција може да ја добие. Блокирањето на границата во Македонија практично значи дека целиот шљам ќе остане во Грција. Ако се земе во предвид дека Грција економски е на колена, и дека Грците се многу ксенофобичен народ, мислам дека многу кратко ќе трае пред да почнат да пукаат по бродовите кои се приближуваат кон островите.
 
S

silmarillion

Гостин
Да, да. Тие сакаат да ги остават мигрантите во Македонија и сакаат да го сменат Грујо.

Па, наместо само да ја затворат границата со Србија (или посеверно, ако и Србија не им е битна) и ем мигрантите да ги остават во Македонија, ем Грујо да го собере матната, решаваат да се договараат со него и да му даваат помош дури и со персонал. Многу логично, нема збор. :D
Кој вика дека странците сакаат да го сменат? Ако им одговара на нив, а им одговара, зашто да го менуваат тимот кој победува (за нив)? Грујо нема да го собере ништо, нема да одговара за нешто што евентуално го направил (надвор од границите на РМ, за кај нас само за кебапи се одговара). Мигрантите ќе се истоварат далеку од божиќните пазари каде што се точи варено винце и се продава колбас. Сите среќни и задоволни а ние овде ќе видиме како понатака :)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.333
Поени од реакции
26.290
Јас не гледам како таа битка Грција може да ја добие. Блокирањето на границата во Македонија практично значи дека целиот шљам ќе остане во Грција. Ако се земе во предвид дека Грција економски е на колена, и дека Грците се многу ксенофобичен народ, мислам дека многу кратко ќе трае пред да почнат да пукаат по бродовите кои се приближуваат кон островите.
Може да ги подучат, да ја развлечат линијата на повеќе од Гевгелија. Ги знаат премините, може да им дадат водичи. И Пелагонија е рамница, а има и планински премини кои на лето се совладливи. Сепак не сме ние толку организирана држава, а и немаме толкава бројка на обучени луѓе. Сето тоа би не исцрпувало кадровски.
Кој вика дека странците сакаат да го сменат? Ако им одговара на нив, а им одговара, зашто да го менуваат тимот кој победува (за нив)? Грујо нема да го собере ништо, нема да одговара за нешто што евентуално го направил (надвор од границите на РМ, за кај нас само за кебапи се одговара). Мигрантите ќе се истоварат далеку од божиќните пазари каде што се точи варено винце и се продава колбас. Сите среќни и задоволни а ние овде ќе видиме како понатака :)
Ако сакаат да ги остават бегалците во Македонија, нема ни реченица да разменат со Груевски. Ќе си ги затворат нивните граници, а него кој го ебе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom