Сиот цинизам на светот не може да ја испере активната улога и одговорноста од соучесништвото на петтата колона во Европа т.е. вертикалата која се протега од Грција до Норвешка која како контрареакција го има јакнеењето на екстремните десничарски движења ширум континентот, а чии жртви секако ќе бидат европските општества и мигрантите.
аха, значи ако разбирам добро, треба да се понашам како екстремна десница, за да спречам да јакне екстремната десница. какви логичари сте бе дасибете
Не знам како одеднаш стана збор за стрелање на мигрантите и зошто се пласира ( намерно од вас "петташите" ) како наметната опозитна солуција на модерниот своевиден геноцид кој им се сервира на Европјаните. Како демек не смее да се збори за некое друго решение, зашто тоа автоматски подразбира убивање на бегалци, а тоа секако не е добро, па подобро да ја правиме Европа да биде како Палестина? Смешки си
ајде биди ти тогаш генијот што ќе ја понуди третата опција, што магично без употреба на куршуми ќе запре на граница стотици илјади луѓе што оставиле све зад себе и немаат што да загубат, и ќе ги убеди да се вратат назад. овие луѓе не можеш да ги запреш и да сакаш, они се решени по секоја цена да дојдат во Европа или да загинат обидувајќи се да дојдат. за нив тоа е ветената земја, која ја замислуваат како место каде ќе имаат можност да успеат во животот. колку и да е таа перцепција погрешна.
според мене единственото нешто што може да се направи е да се обидат да се интегрираат, ама искрено и без гетоизација и дискриминација, да се едуцираат дека драпање жени по улици тука не е прифатливо за разлика од нивните општества, а тие што ќе го одбијат тоа правило (и сите други), во затвор како секој граѓанин, или депортација, во зависност од делото. проблеми секогаш ќе има кога различни култури се синхронизираат, меѓутоа моето искуство (а имам доволно) покажало дека широко мнозинство ги прифаќа правилата на игра. проблемите се исклучоци, а не правило, и нема да го казнувам мнозинството заради срањата на малцинството. по миљонити пат, никој не вика дека сите мигранти се добри и дека сите треба да се примат, далеку од тоа, некаква селекција треба да има. ама само тотален идиот го смета за геноцид живеењето покрај некој од друга раса или религија. медиумите создаваат слика дека се случува тотална анархија, кога реалноста е дека пропорцијата на оние што прават бељи и тоталната бројка на мигранти е исклучително мала.