Нека не те чуди тоа,тоа го има само во Македонија со реформите во здравството,со Мој термин,Ало докторе-ама реформи само кои го уназадија здравството.Татко ми лани требаше да се прави обична операција од кила.Нормално во државната болница во градот бидејќи е еден доктор,и тој ги влече конците,лекарот си бара мито.Изговор му беше дека операцијата била ризична,ќе имало последици и не закажуваше термин за прво ние да му понудиме мито.Рековме ќе одиме преку Скопје преку Државната Болница,и таму исто така секој месец докторот одложуваше три месеци,и никаков одговор.И бидејќи брат ми живее во Бугарија,татко ми отиде таму,се направи без проблем операција на приватно,без осигурување,за минимална сума колку тука што бараат поткуп.Е тоа ти е,ако им дојде на глава на министриве и на премиерот чисто сумњам дека они би се правеле операции во нашиве болници.Услови никакви,хаос невиден,и навистина заради нивната негрижа постои ризик,сведоци сме само колку имаме жртви.Деца умираат заради рутински операции,жени на пораѓај заради пијани анестезиолози.