Опис на причините за појава на отстапки во центрифугалната сила
во позитивна насока
Појавата на отстапки во центрифугалната сила во позитивна насока познати досега како мистерија,од сега па натаму,едноставна вистина претставена со факти,потврдени со резултати добиени од експериментите што следуваат со гравитационен центрифугален апарат.
Опис на првиот експеримент:ротациониот сад е поделен на два цилиндрични сада дијаметрично преградени,надворешно имаат по еден отвор со завртка за испуштање воздух,врска внатре помеѓу нив е неповратен вентил командуван од надворешниот неповратен вентил монтиран на цилиндричниот сад,прв до центарот на ротациониот сад,од каде ги полниме со течност. Надворешните завртки се отворени се до наполнување на цилиндричните садови со течност.Потоа ги затвараме и внатре со неповратниот вентил се херметички затворени двата цилиндрични сада,заради што се прекинува врската на сврзани садови,кои и под дејство на ротационо движење остануваат херметички затворени двата цилиндрични сада одделно.Статорот надворешно е топлински изолиран,внатре со температура од 14 степени целзиусови.Дијаметарот на ротациониот сад е 0,31 метри и висина 0,16 метри.Ротациониот сад го забрзуваме до 900
вртежи во минута.Од дејството на ротационото движење ќе се појави центрифугална сила која дејствува поединечно на масата течност во цилиндричните сада.На периферниот сад внатре ќе се појави притисок (Р1) а во цилиндричниот сад со помал дијаметар ќе се појави притисок(Р2).Под овие надворешни и внатрешни околности,ротациониот сад по прекинот на забрзувањето ротира уште 10 минути.Во овој експеримент,притисокот со нецелосно дејство,дејствува на стисливост на течноста,затоа аголниот хидроенергетски момент е мал,од кој зависи вредноста на отстапките во центрифугалната сила.Но ако ротациониот сад го делиме на повеќе цилиндрични сада притисокот ќе опаѓа во истите,од тоа опаѓа и вредноста на отстапките во центрифугалната сила.Затоа ги вреднуваме овие отстапки во центрифугалната сила со мала вредност.Вториот експеримент со апаратот го изведуваме под исти надворешни и внатрешни околности.Само внатрешниот неповратен вентил го отвараме и во оваа позиција го закочуваме.Цилиндричните садови сега имаат функција на сад од една целина од сврзани садови,со температура иста од 14 степени целзиусови.Потоа ротациониот сад го забрзуваме исто до 900 вртежи во минута.Во оваа изведба притисокот целосно се користи,дејствувајки на стисливоста на течноста,затоа сега течноста е позбиена во односот на течноста во првиот експеримент.Веднаш по опаѓањето на бројот на вртежи,почнува ширење на течноста,се до застанување на ротациониот сад.Под влијание на овие околности,аголниот хидроенергетски момент е со поголема вредност,затоа ротациониот сад по престанувањето на забрзувањето потоа ротира уште 11 минути.Од овој втор експеримент, отстапките во центрифугалната сила ги вреднуваме во средна вредност.
Во првиот и вториот експеримент,од почетокот на забрзувањето се до постигнување на 900 вртежи во минута,се вложува дополнителна енергија за втиснување на течноста,а потоа се појавува како повратна енергија.Во истиот момент од почетокот на опаѓањето на вртежите,
почнува ширење на течноста и постои се до застанување на ротациониот сад.Масата течност се стреми кон првобитната состојба(ширејќи се поместува кон центарот).
Третиот експеримент со апаратот го изведуваме под исти надворешни и внатрешни околности како и во вториот експеримент,само додаваме топлинска енергија во ротациониот сад од 40 степени целзиусови.Ротациониот сад го забрзуваме до 900 вртежи во минута и го исклучуваме забрзувањето,исто како во првиот и вториот експеримент.Сега ротациониот сад ротира 17 минути
бидејки топлинската енергија го потпомага аголниот хидроенергетски момент,од кој зависат отстапките во центрифугалната сила.Вредностите од прва група на отстапки во центрифугалната сила,зависат од следните услови(1)ширењето на течноста во течна агрегатна состојба,(2)притисокот со колку проценти дејствува врз стисливоста на вкупната маса течност и(3)од температурата на течноста во ротациониот сад.Вредностите на отстапките во центрифугалната сила од прва група се мали и еднократната појава на аголниот хидроенергетски момент добиен од ширењето на вкупната маса течност од 7,2 килограми во ротациониот сад.Но резултатите на отстапките претставуваат база на податоци кои служат како појдовна точка за новооткриената втора група на отстапки во центрифугалната сила,во кои изворот на енергија е од друга природа и имаат други вредности во позитивна насока.
Угарчев Слободан