Што готвите во моментов?

  • Креатор на темата Креатор на темата perez9
  • Време на започнување Време на започнување
9ca8640c3030b5cac05397698ed53cb3.jpg
 
Имав гости, па ајде да му спремам мала мексиканска закуска. Гвакамоле, салса и екстра луто сосче. Замесив тортиљи од ржано брашно и ги потпеков па потоа само ги искршив на парчиња. А имав и малецки печени бејби компирчиња кои ги зачинив со лук во прав, буковска лута, хималајска сол, шарен бибер, рузмарин, оригано и ги печев на хартија.IMG_2976.JPG
 
Бургери од кинето свинско месо.
Почеток на подготовка со свинско каре, добро маринирано и измасирано со мелен ким, црвена пипер, сол, бибер, лук во прав, потоа со малку соја сос, ворчесер сос, сецкате кромид, лук и сува пиперка, ставате во тава, турате пиво додека да го покриете филето до пола и затворате со фолија. Печете 3 часа само со фолија на 200 степени, потоа вадите фолијата и доволни се уште 15 минути без фолија колку да фати боја. Го вадите, нека земи душа да олади малку, потоа со две виљушки го кините на парчиња, сето тоа заедно со кромидот, сувата пиперка и лукчето во вок тава, додавате мелен ким, пиво и маку соја сос и го готвите на висок оган додека не испари пивото, да остане месото суво.
Фаза 2: Подгответе тартар сос, со павлака, рендани кисели крставички, оригано, копар, сол, бибер.
Исецкајте кисели крставички на тенки кругови, исецкајте црвен кромид на тенки кругови и маринирајте го во јаболков оцет.
Лебчињата за бургерите потпечете ги од внатрешната страна само на грил тава или тостер или како што ќе се снајдете.
Додека се топли лебчињата, одма на подлогата намачкајте од тартар сосот, потоа следува слој од свинското додека е топло, над тоа чедар кашкавал (јас имав само ајдамер дома), потоа следува кисели крставички, кромид и лист марула, затворај и лапај. Додаток лути феферончиња.
Ова беше совршениот залак. Доколку обожавате храна и вкусови, ќе доживеете оргазам.Pulled pork burgers2.jpg
 
0040390a922ec2eeeff8d8ffb1d2f35e.jpg
Набрзина додека го има. После мало истражување видов дека може суши со мед наместо шеќер... Да и спомнам на една Азијаткиња дека е успешно затоа што ме гледаше како чудак кога и ја кажав идејава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom