Бургери од кинето свинско месо.
Почеток на подготовка со свинско каре, добро маринирано и измасирано со мелен ким, црвена пипер, сол, бибер, лук во прав, потоа со малку соја сос, ворчесер сос, сецкате кромид, лук и сува пиперка, ставате во тава, турате пиво додека да го покриете филето до пола и затворате со фолија. Печете 3 часа само со фолија на 200 степени, потоа вадите фолијата и доволни се уште 15 минути без фолија колку да фати боја. Го вадите, нека земи душа да олади малку, потоа со две виљушки го кините на парчиња, сето тоа заедно со кромидот, сувата пиперка и лукчето во вок тава, додавате мелен ким, пиво и маку соја сос и го готвите на висок оган додека не испари пивото, да остане месото суво.
Фаза 2: Подгответе тартар сос, со павлака, рендани кисели крставички, оригано, копар, сол, бибер.
Исецкајте кисели крставички на тенки кругови, исецкајте црвен кромид на тенки кругови и маринирајте го во јаболков оцет.
Лебчињата за бургерите потпечете ги од внатрешната страна само на грил тава или тостер или како што ќе се снајдете.
Додека се топли лебчињата, одма на подлогата намачкајте од тартар сосот, потоа следува слој од свинското додека е топло, над тоа чедар кашкавал (јас имав само ајдамер дома), потоа следува кисели крставички, кромид и лист марула, затворај и лапај. Додаток лути феферончиња.
Ова беше совршениот залак. Доколку обожавате храна и вкусови, ќе доживеете оргазам.
