Математичка мистерија

  • Креатор на темата Креатор на темата acetetovo
  • Време на започнување Време на започнување
Одалеченоста помеѓу Франкфурт и Токио изнесува 9326 км
На релацијата Фракфурт -Токио, Луфтханза има секој ден летови
Авионите полетуваат од Франкфурт, слетуваат во Токио и после точно еден час задржување во Токио поради полнење со гориво и примање на патници се враќаат во Франкфурт
Брзината со која летаат авионите е 800 километри на час мерено во мирен воздух
На висината на која летаат авионите најчесто дува постојан ветер со брзина 50 километри на час секогаш во насока од Токио кон Франкфурт
Во текот на есента овој ветер го нема
Дали на авионите на Луфтханза им е потребно повеќе или помалку време да летаат и се вратат од Фракфурт до Токио кога дува овој постојан ветер со брзина од 50 км на час или кога не дува?
 
Околу 5 и пол минути побрзо ќе заврши релацијата кога не дува.
 
Eве нешто лесно:

Најди го најголемиот трицифрен број, составен од различни цифри, кој ја има следнава особина:
Ако се напишат сите различни трицифрени броеви напишани од истите цифри, и се соберат со избраниот број, се добива бројот 2220
 
Ако се напишат сите различни трицифрени броеви напишани од истите цифри, и се соберат со избраниот број, се добива бројот 2220
По овој услов ги исклучив 910 и 820.
 
Збирот на цифрите треба да е 10
тоа го задоволува 910 Но 019 и 091 не се трицифрени броеви. Ако ги сметаш за трицифрени тогаш твоето решение е О.К.
 
Збирот на цифрите треба да е 10
тоа го задоволува 910 Но 019 и 091 не се трицифрени броеви. Ако ги сметаш за трицифрени тогаш твоето решение е О.К.

Се зафркавам. Иако збирот на сите броеви составени од цифрите на 910 го задоволуваат условот, бидејќи како што кажа, збирот на цифрите треба да е 10, сепак не е решение на задачата заради вториот услов (сите составени броеви треба да бидат трицифрени.).
 
Студентот на Правниот факултет Никола, бил вреден и тој секој ден читал ист број страни, така да за 31 ден го прочитал учебникот
За разлика од него, неговиот колега Зоран, бил мрзлив и тој првиот ден прочитал само една четвртина од бројот на страните што секој ден ги читал Зоран.
За да стигне да го прочита учебникот пред испит, Зоран секој ден, за 1 го зголемувал бројот на прочитани страни во однос на претходниот ден.
Така да и тој за 31 ден го прочитал учебникот

Колку страни имал учебникот?
 
Ова од око, ми личи како Зоки да читал со аритметичка прогресија до 30. Кое му доаѓа 465. Ќе ме натераш да ја решавам. :D

едит.
155, со решавање..... Ајде де.. Дури сега сум збунет. :icon_lol:
 
Последно уредено:
31 x = t

x/4 + (x+1)/4 + (x+2)/4 + .... + (x+30)/4 = t

31 x = x/4 + .... (x+30)/4

124 x = 31 x + 465

93 x = 465

x = 5

t = 5 * 31 = 155 страни
 
Студентот на Правниот факултет Никола, бил вреден и тој секој ден читал ист број страни, така да за 31 ден го прочитал учебникот
За разлика од него, неговиот колега Зоран, бил мрзлив и тој првиот ден прочитал само една четвртина од бројот на страните што секој ден ги читал Никола.
За да стигне да го прочита учебникот пред испит, Зоран секој ден, за 1 го зголемувал бројот на прочитани страни во однос на претходниот ден.
Така да и тој за 31 ден го прочитал учебникот

Колку страни имал учебникот?

x = број на страници
n = дневно прочитани страници на Никола

x=31n

x=n/4+(n/4+1)+(n/4+2)+(n/4+3)...=31n/4+30(30+1)/2 = x/4 + 465

620 страни
 
Еден виљушкар за еден час може да растовари 15 тони стока
Неколку виљушкари, работејќи заедно растовариле 300 тони стока
После пресметувале:
Да беа 3 виљушкари повеќе. стоката ќе ја растовареа 6 саати порано
Колкав број виљушкари беа?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom