тоа Галичица заштитена зона нешто?
или нема везе
сеа заштитени зони ќе праиме или туризам ќе развиваме[DOUBLEPOST=1451911525][/DOUBLEPOST]НОВА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ЗАФАТИТЕ КРАЈ ОХРИДСКО ЕЗЕРО
Охрид СОС: На Кожуф снег, никој не го одржува скицентарот, на Галичица нема снег, планираат скицентар
На Кожуф моментално снег колку сакаш. Скицентар има, арно ама никој не го одржува. Во меѓувреме денес во Охрид јавна расправа за изградба на нов скицентар на Галичица, каде што нема доволно снег и затоа се предвидени и вештачки езера. Добро, Министерство за транспорт и врски и Влада на Република Македонија – зошто?, прашуваат од граѓанската иницијатива Охрид СОС.
Ваквиот коментар на Охрид СОС доаѓа откако утрово проструи информацијата дека на скијачкиот центар Кожуф наврна половина метар снег, но се уште нема скијање поради инфраструктурни проблеми. Патот до центарот е затворен за сообраќај.
Активистите од Охрид СОС, но и повеќе здруженија, ининицијативи, еколози, активисти од цела земја веќе подолг посочуваат дека во Македонија има постоечки скицентри на кои повеќе од добредојдени им се инфраструктурни инвестиции и дополнителен развој, но наместо тоа периодов се инсистира на контроверзниот проект за скицентар во Националниот парк „Галичица“.
„Во Стратегиската оцена на животната средина (СОЖС) за Национален парк ’Галичица’ стои дека планината нема доволно снег за ваков тип на туризам. Па, ќе мора да се произведува вештачки снег кој ќе има негативно влијание врз повеќе видови флора во националниот парк како и врз водите/хидрологијата на Охридското Езеро, а како што рекоа долгогодишни спортисти и страсни скијачи присутни на претходната јавна расправа – толкава огромна количина вештачки снег ќе ги одбие токму оние посетители кои се тврди дека ќе бидат привлечени од овој проект – вистинските љубители на скијањето. Македонија има 8 ски-центри од кои повеќето не функционираат. Па прашуваме зошто да се гради нов, и тоа среде национален парк, кога постоечките ни пропаѓаат?!“, прашаа активистите.
Сепак, и покрај бројните реакции, денеска од 12 часот, насред празници, започна нова јавна расправа за предлог-измените на новиот План за управување со НП „Галичица“ за 2011-2020, кој подразбира отстранување на досегашниот степен на заштита на најранливите подрачја на оваа планина со цел изградба на скицентар, експресен пат Охрид-Пештани и Пештани- Албанија и туристичко-развојни зони на брегот на Охридското Езеро - во Љубаништа, Отешево и Стење.
Ваквите огромни градежни зафати во срцето на Галичица, како што рекоа од Охрид СОС, се закануваат да го уништат уникатниот биодиверзитет на Галичица, а уништувањето на планината би значело и бавно уништување на Преспанското и Охридското Езеро – две од трите природни езера во Република Македонија.
Инаку, на првата расправа одржана на 11 септември имаше бројни забелешки и коментари. Активисти, еколози и стручни лица рекоа дека со цел да се овозможи изградба на ски центар и пат во НП Галичица, планирано е деградирање на заштитата на 604 хектари заштитено подрачје во националниот парк од зона за активно управување во зона за одржливо користење. Реагираат и на изнајденото „решение“ за да се намали влијанието врз живеалиштата на ретките видови флора и фауна – односно т.н. „компензирање“ на загубата на 84 хектари шума македонски даб кој е Балкански ендемски вид во НП Галичица со дабова шума на друга локација во Р. Македонија.
Исто така, меѓу другото, имаше бројни реакции и за можноста директно да се загрози статусот на светско и културно наследство под заштита на УНЕСКО, да уништат напорите на локалните туристички асоцијации кои со години наназад промовираат алтернативен туризам, неповратно да се уништат ендемични и заштитени животински и растителни видови…
„Масакрирањето на НП Галичица ќе предизвика енормни негативни последици по природата, туризмот и конечно, економијата и квалитетот на животот во Охрид. Спремни ли сме толку многу да жртвуваме?“, прашуваат активистите од граѓанската иницијатива Охрид СОС.
Во однос на последните планови за Студенчишкото блато, но и сите бројни зафати на и околу Охридското езеро, проф. д-р Златко Левков од Институтот по биологија за МКД.мк веќе рече дека е апсолутно лигична последица да се изгуби статусот од УНЕСКО. Меѓутоа, потенцираше тој, треба да се земе в предвид дека не е единствено заштитен градот Охрид како културно наследство, туку и природното наследство, самото езеро.
Златко Левков
„Охрид го носи епитетот на едно од најзначајните водни екосистеми. Според својата уникатност, старост и разновидност живиот свет е поставен на врвот. Зошто кој било жител на планетава би заштитувал нешто ако не е значајно? Воопшто не оди во прилог ваквиот тренд на загадување и исчезнување на видовите од езерото, независно дали се работи за полжави, школки, риби, алги и останати организми. Постојат многу поголеми езера без заштита од УНЕСКО. Не е поентата големината, туку внатрешното богатство, живиот свет. Тоа е најзначајниот аспект. Нема ни да биде важна формалната заштита од УНЕСКО ако го изгубиме најзначајното“, рече Левков.