Пад на цената на нафтата - причини и последици

Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.904
Поени од реакции
14.596
Денес малку се покачи цената на нафтата. Последна цена е 48.89 долари за барел нафта од типот брент
http://www.nasdaq.com/markets/crude-oil-brent.aspx
Но доларот изразито поскапи ,па со оглед дека тој повеќе учествува во цената на бензинот него на дизелот, очекувам барем засега најмалку 2 денара поскап бензин на наредната седница на РК, а дизелот засега би му дал 1 денар плус
 
Член од
16 јули 2014
Мислења
842
Поени од реакции
573
Но доларот изразито поскапи ,па со оглед дека тој повеќе учествува во цената на бензинот него на дизелот, очекувам барем засега најмалку 2 денара поскап бензин на наредната седница на РК, а дизелот засега би му дал 1 денар плус
Racunajte se sto se slucuvase proslive 2 nedeli kje vlijaat na odlukata za cenata posle 2 nedeli.

Vo mene se borat Budalata i Genijot. Samo se plasam da ne popusti popametniot :P
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.019
Racunajte se sto se slucuvase proslive 2 nedeli kje vlijaat na odlukata za cenata posle 2 nedeli.

Vo mene se borat Budalata i Genijot. Samo se plasam da ne popusti popametniot :P
лошо умниот прв попушта. ( народна поговрка).
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
5.861
Поени од реакции
10.906
Интересно од
Ecstrat's Emad Mostaque

Why Crude Oil Prices May Hit $130 a Barrel in 2017



Во кратки црти причини поради кои имаат таква проценка.

Кратење на инвестциите од 3/4 билиони долари, тоа доведува до намалување на понудата од 5-6 милиони барелни дневно.

На краток рок
Ирак се соочува со кратење на инвестициите.
Иран нема да ги добие планираните 100 билиони долари потребни за инвестирање во нафтената индустрија.

Одговара дека С.Арабија намалува со производството под 10 милиони барели дневно.

Го прашуваат кој пазар би бил најдобар за инвестиции.

Русија број 1, единствена замерка е владини бирократски рестрикции но вели дека Русија е буквално е рудник на нафта.

После нив следат Катар, ОАЕ и С.Арабија.

Вели дека со растење на цената и зголемување на инвестициите и зголемувањето на ликвидноста економиите и берзите на овие земји ќе експлодираат од раст.
 
Член од
16 јули 2014
Мислења
842
Поени од реакции
573

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Da no i rubljata e na najnisko mozno nivo od vreme na sovremena Rusija :(
...што прави чуда за извозот на руските производи. ;)

Кина ја употребува таа стратегија од постанокот на модерната кинеска (комунистичка) држава, намерно ја намалуваат вредноста на Јуанот, заради зголемување на извозот на кинеските производи.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.062
Поени од реакции
11.411
Денес прв пат имам видено европскиот Брент (36.17 долари) да е поефтин од Америчкиот WTI (36.18 долари). Едно време разликата беше и над 20 долари.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Ееее нафташи, нафташи, а што ќе ви се случи кога ќе снемате нафта.


Саудиска Арабија во криза: цените на горивата се зголемуваат за дури 50 отсто

Саудиска Арабија денес најави дека утре ќе ги зголеми цените на некои од горивата за повеќе од 50 отсто, јавува Франс прес. Тоа ќе го направи поради рекордниот буџетски дефицит, за да го намали обемот на субвенции.



Покрај цената на горивата, ќе пораснат и цените на струјата и водата, решил советот на министри на чело со кралот Салман.

Растот на цените на струјата и водата сепак нема да биде нагол, како што ќе биде за цената на бензинот, пишува Индипендент. Саудиската Арабија ги држи цените на горивата ниски за своите граѓани, како еден вид социјална помош.

Се планира и зголемување на ДДВ-то за безалкохолни пијалаци и тутун, но за тоа не се одредени роковите.

Се проценува дека оваа година Саудиска Арабија од продажбата на нафта ќе заработи 23 отсто помалку отколку во 2014 година, околу 119 милијарди долари. Тоа претставува 73 отсто од вкупниот буџет.

Кралот Салман најави дека во 2016 година кралството ќе почне да ги шири буџетските приходи. Тоа треба да се постигне со намалување на јавната потрошувачка, реформи на енергетските субвенции, даноци и приватизација.


Во октомври ММФ објави дека Саудиска Арабија може да банкротира за пет години ако не ги прошири буџетските приходи. Дефицитот во 2015 година за таа земја изнесува 15 отсто, односно 98 милијарди долари.

Цената на нафтата падна за повеќе од 45 отсто во однос на просекот за 2014 и сега има неочекувано ниска вредност, најмала во последната деценија.

Извор:
http://www.mkd.mk/svet/vesti/saudiska-arabija-vo-kriza-cenite-na-gorivata-se-zgolemuvaat-za-duri-50-otsto
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Не се плашете за Саудитска Арабиja. Тоа е во моментот една от државите,които натискат цената на петрола надоле за да фалират конкурентите им. Саудитска Арабиja има огромни резерви от валута, тоа 5 години на дефицит...нема да им биде проблем, другите е прашането што ке прават.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Не се плашете за Саудитска Арабиja. Тоа е во моментот една от државите,които натискат цената на петрола надоле за да фалират конкурентите им. Саудитска Арабиja има огромни резерви от валута, тоа 5 години на дефицит...нема да им биде проблем, другите е прашането што ке прават.
Оти им е супер затоа ќе ги зголемат даноците за 50% и ќе воведуваат нови даноци!!!
Патем тие резерви не се на народот, туку на кралското семејство, а кој крал дава на народот?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom