antikmakedon
КАЈГАНА
- Член од
- 24 декември 2015
- Мислења
- 16
- Поени од реакции
- 13
- Локација
- Кавадарци
- Веб-сајт
- www.facebook.com
Манастир „Св. Архангел Михаил”. На четири часа одење јужно од Велес, односно на 16 км., помеѓу селата Горно и Долно Чичево, во месноста Клепа, се наоѓа манастирот Св. Архангел Михаил. Спрема неговиот летопис тој е подигнат како мала црквичка во периодот од 1695 до 1705 година од калуѓерот Михаил со помош и заштита на велешкиот Агобег. Годината на подигањето на манастирот се потврдува и од бронзениот печат на манастирот (Орле) кој како таков манастир никаде не постои, а во неговата содржина е вградено името на Св. Архангел и сликата на Архангел Михаил. Околу рачката на печатот е гравирана и годината 1705. Мајстор на печатот бил Симон Костадинов, кој е и пишувач на натписот. Од овој податок произлегува дека првобитната црква не ќе е подигната порано од почетокот на XVIII век. Во втората половина на XIX век, старата манастирска црква била обновена, реновирана и зографисана од зографот Хаџи Крсте во 1861 година, и така го добила денешниот облик и изглед. Тогаш манастирот добил нова куполна црква, светла и голема висока камбанарија крај неа.
http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=167&Itemid=55
Има податоци дека манастирот е изграден многу порано , пред 1500 год. Од третиот Зогравски помник (1527-1528), кој содржи имиња на дарители за изградба на Зогравскиот манастирво Света Гора, се наоѓаат и имињата на чичевчаните Петко, Неделка и монахињата од чичевскиот манастир Јанка.
http://www.povardarska-eparhija.org.mk/pe//index.php?option=com_content&task=view&id=167&Itemid=55
Има податоци дека манастирот е изграден многу порано , пред 1500 год. Од третиот Зогравски помник (1527-1528), кој содржи имиња на дарители за изградба на Зогравскиот манастирво Света Гора, се наоѓаат и имињата на чичевчаните Петко, Неделка и монахињата од чичевскиот манастир Јанка.

- Панорама на Чичевскиот манастир Св.Архангел Михаил
Чичевскиот манастир , почнувајќи од 1945 година е оставен на милост и немилост на атмосверски влијанија, човечка негрижа и вандализмот од жителите ос соседното село Водоврати.
Всушност, од конституирањето на македонската држава до денес манастирот постојано е руиниран од времето и луѓето. За воља на вистината ,во неговата историја бележиме издигнувања и падови , но никогаш не претрпел толку силен пад како во независна Р Македонија.
Во периодот кога Р Македонија е во федерални рамки на СФРЈугпославија, падот и пропаѓањето е најсилно. Што всушност се случувало?
Познато е дека во Тивешијата зиме е привлечна за сточарите од постудените креви на Македонија ( Западна Македонија) . И пасиштата под Клепа, во атарите на селата Долно и Горно Чичево , особено на пасиштата околу чичевскиот манастир Св.Архангел поради изворите со вода во манастирот и неговата близина.
Манастирските конаци на чобаните им служат како заштита од дожд и с