Шо би напрајле или промениле вие да бевте Госпот Исус?

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
@Let 3 за алах нема ништо..ејј шо дискриминтор си
Темата е за госпот Исус кој се појавил меѓу луѓе, бил роден од жена растел на земјата си работел јадел шетал овде проповедал лично сам, правел чуда....
Алах не ми е познато дека така направил.
Така да прашањето е да беше ти госпот Исус дали ќе се појавеше пред луѓето поинаку дали ќе направеше поинакви чуда дали и ќе сменеше нешто.....
 
Последно уредено:
Ни остави верба , надеж , љубов... ретко кој би променил такво нешто :)
ко ќе уклучам ТВ или отворам весник ии интернет, многу слабо од тие три работи, војни, избеглици, кризи, загадување, карања расправии, местени фудбалски мечеви, навработеност, СДСМ, затоплување на планетата...
Многу поубо му оди бизнисо на сатаната одколку на госпот
 
Сето тоа што го наброја си е крив човекот со неговата слободна волја што ја има. Не може некој да те спречи на тебе да направиш нешто што си го замислил , како убивање на др лице за да му одземеш нешто , загадувањето нз како иде точно ама сигурно е од фабрики , премногу автомобили , премалку дрвја итн итн .... се си е последница од човекот и неговите дејствија на таа планета.[DOUBLEPOST=1451047096][/DOUBLEPOST]
Каде ги оставил ?

Sent from my SM-N9005 using Tapatalk
Во библијата, кој сака може да си ги земе од таму :D
 
Сето тоа што го наброја си е крив човекот со неговата слободна волја што ја има. Не може некој да те спречи на тебе да направиш нешто што си го замислил , како убивање на др лице за да му одземеш нешто , загадувањето нз како иде точно ама сигурно е од фабрики , премногу автомобили , премалку дрвја итн итн .... се си е последница од човекот и неговите дејствија на таа планета.
Не е точно. Слободната волја е само можност да бираш а не и услов или причина што ќе избереш. На изборот влијае карактеристиката и мотивот на оној што избира, а мотивот директно зависи од особината што ја поседуваш.
 
Ни Госпот ни Исус не рекол ништо против фабрики и автомобили
 
Зошто мора да рекол такво нешто за да го знаеме ние тоа ? Тоа ти е исто како да земеш да изедеш 200 риби за ручек и одкако ке ти биде нешто да кажеш "ама Исус рекол рибата е за јадење зш не рекол дека 200 е мн итн "[DOUBLEPOST=1451055478][/DOUBLEPOST]
Не е точно. Слободната волја е само можност да бираш а не и услов или причина што ќе избереш. На изборот влијае карактеристиката и мотивот на оној што избира, а мотивот директно зависи од особината што ја поседуваш.
Каква карактеристика, мотив и особина има тој што убива ?
 
Зошто мора да рекол такво нешто за да го знаеме ние тоа ? Тоа ти е исто како да земеш да изедеш 200 риби за ручек и одкако ке ти биде нешто да кажеш "ама Исус рекол рибата е за јадење зш не рекол дека 200 е мн итн "
Mислиш дека Госпот не знаел шо не чека во иднина, појма немал за индустријализација, за коли, масовн транспорти, промена на клима п со ни еден збор барем ни дал на знаење да се пазиме од тоа? Ко можел да забранува педерство, непочитување на сабота, славење на негово име, забранува јадења, билдерство и спорт... не знаел да ни каже “пазете се од индустрии и фабрики, чувајте се од кол и возови кои ќумур трошат...“ Ни кажал се до ситници шо и како да праиме, е то околу индустрија и загадување - забораил, ни кажа дека скакулци можеме да јадиме, али за атомски централи не ни кажа, ни кажа да не клецкаме туѓи жени али да фрламе отпади во реки мориња - не ни кажал
 
Тоа не ама има кажано не убивај , под тоа не убивај значи да не убиваш со нож , истото важи и за пиштол, атомска бомба или пошто штетно е нели тоа и ако дишеш ептен мн загаден воздух исто можеш да ја скинеш , тоа важи за тој што е негова фабриката или на било каков начин прави да дојде до тоа, тој ја сноси одговорноста, т.е тој или тие го вршат увиството така да има мн работи што ни се кажани со 2 збора само , ама ти детали сакаш :(
 
Повеќе можат да бидат - Љубомора, омраза, гнев, користољубие.
Епа имаш мн стихови во библијата каде што се зборува против Љубомора , омраза , гнев и користољубие. Кога имаш слободна волја и ги избегнуваш овие каректеристики на прав пат си да избегнеш се што е погрешно.
 
Тоа не ама има кажано не убивај , под тоа не убивај значи да не убиваш со нож , истото важи и за пиштол, атомска бомба или пошто штетно е нели тоа и ако дишеш ептен мн загаден воздух исто можеш да ја скинеш , тоа важи за тој што е негова фабриката или на било каков начин прави да дојде до тоа, тој ја сноси одговорноста, т.е тој или тие го вршат увиството така да има мн работи што ни се кажани со 2 збора само , ама ти детали сакаш :(
Тоа значи дека кога немаше индустрија, луѓето живееа вечно?
ете пример луѓе кои не одеа во војни седеа во манастири цел ден се молеа немаше фабрики пиеа вода од извор се хранеа здраво.... никогаш не умреа??
Во австралија абориџани умираа пред бел човек да се појави со неговите индустрии. интересен факт е дека пред 2000 години кога немаше индустрија, просечниот животен век беше неколку пати по кус од колу денес со сето загадување.
можи госпот ја сака индустријализацијата оти му помага на луѓето да живеат подолго и подобро, замисли пред 1000 години, немаш џам дома, немаш купатило, немаш пензиско, социјално, немаш здрвствена заштита, нема продавници, ВЕРО, такси, вифи, интернет, мобилни, аптеки, МП3, струја, парно, кабловска....
Па мора на - 20 со болки во стомак да трчаш надвор на студ во полско ВЦ да се избришиш со грутка снег, не знаеш од шо ти се лоши, немаш матичен доктор, си се искапил последно пред 2 месеци ко беше потопло со вода и пепел, алиштата мрсни прани само со обична вода, лежиш во зачадена просторија со уште 6 души без прозор отворен на средина огниште кое чади тука се јади, плука, секса, прди....
Никој не сека пак така да живее, без индустриски помагала, сите бараат квадрати, ПВЦ дограма, фрижидери лаптопи клима уреди.
 
Епа имаш мн стихови во библијата каде што се зборува против Љубомора , омраза , гнев и користољубие. Кога имаш слободна волја и ги избегнуваш овие каректеристики на прав пат си да избегнеш се што е погрешно.
Зошто да имаш стихови, кога би можело да ги нема тие особини?! Бог како сезнаен и семоќен, наместо да допушти луѓето да ги поседуваат, па накнадно да им ги забранува со стихови, можел едноставно да спречи истиве особини да постојат како дел од човекот! Слободната волја нема никаква врска како што ти тврдеше, таа е само можност да се бира, што ќе одбереш зависи од особините и мотивите што ги имаш.
 
Ќе пушти госпот одред ангели со огнени мечои за пола сат се шо емитува загадување над дозволените норми ќе сотри и готова работа.
Не знам шо уште чека....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom