Предложи идеи на Владата

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Читам http://vecer.mk/makedonija/gragjani...broj-na-idei-za-novata-programa-na-vmro-dpmne граѓаните предлагале идеи, па што да не и форумџиите

Еве една многу јака идеја од британскиот професор Џон Ештон кој тврди дека во неделата треба да има три слободни дена , а не два, и работната недела треба да се скрати на четири наместо пет дена
Тоа е потребно да се намали степенот на стрес кај луѓето
Ако човекот има два слободни дена во неделата тоа доведува да тој со време поради тоа што малку одмара , нема време за себе, за семејството, за своет хоби, за спорт....и е се поподложен на стресни ситуации
Работата на професорот покажа дека 5 работни дена се навистина многу и тој дефицит на време создава депресија и стресни ситуации
http://www.dailymail.co.uk/news/art...ter-hours-help-combat-medical-conditions.html
 
продажба на македонија, Скопје да го направиме држава како онаа во Италија,
мала од Катланово до Сарај, и ајте сите во неа да си живееме сложно и богато од парите во наредните 1000 години.
 
Забрана за автомобили и автобуси низ цело Скопје. Кој се брза нека си купи точак.

П.С Возови до секое селце во Македонија :D
 
Последно уредено:
Да им се даде на секое семејство од Скопје по едно 500 квадрати земјиште во внатрешноста/ по селата - ДА ОЖИВЕАТ, да избегаат од загадениот воздух и бучавата , па макар било тоа и во летен период
Плус, населување на ненаселените места на РМ- зеат празни градови , а уште повеќе села во кои само по некои старци можеш да најдеш ( исто ко што беше случајот со Бугарија пред половина век , ако не и повеќе)
 
Не треба да ми дава државата(бар не мене) јас бегам од овде, го оставам Ск на Мариовци,
доста ми е асфалт, а убава е идејата на КУЛ,кога тоа би било организирано на стотина места во Македонија да се направат такви нови населби,на напуштено земјиште или напуштени села, не вреди ако еден-двајца се„вратат“ или населат во такви места, да биде со бар 50-стотина такви, и плански и претходно направена инфраструктура,колку или дали некој не само од Скопје,туку можеби и од други места и странство ќе го подржат овој проект,а не (ова на владава)КУПИ КУЌА-СТАН ВО СКОПЈЕ и гушисе (читај умри пред време).
 
во Македонија да се направат такви нови населби,на напуштено земјиште или напуштени села, .
па така е Anco, и после некој нека каже дека Македонија не изгледа ко планинска тундра. Живо ненаселена, со исклучок на неколкуте града кои ги има, а и дел од нив незнам по кои критериуми се нарекуваат градови.
 
Имам напишано пост за ова, моја најголема желба која сакам да и се случи на државава. Сепак не сум доволно политики поткован, млад сум и неискусен, но струката за која се обучувам често ми иде паралелно со политичката ситуација, без разлика дали е внатрешната ситуација во Македонија, или општо на геополитички план. Можеби е глупост, можеби не, но мене ми изгледа сосем супер, остварлива работа доколку навистина сакаме да си го подобриме животниот стандард.

Еве го постот, напишан уште во октомври у Драга Кајгана.

Драга...

... често се бунам вака, или ајде да речам дека галамам за тоа колку у градов (ај да не речам државава пошто не можам да зборам за места кои не ги посетувам постојано) е запоставена природата, од сегде смрди, нивото на загаденост е огромно и сме втор или трет најзагаден град во Европа. Онака, никој више не го заболе за природни ресурси, и Вардар, реката што во секој учебник се воспева и ја сметаме за наша „гордост“ е отидена у курац. Ова ќе го поврзам со една навидум неповрзана работа, но преку која ќе докажам дека многу луѓе се преглупи за да сфатат на што треба да обрнеме внимание.

Еве во денешниот свет, главната борба е околу нафтата. Земјите што имаат нафта по дефолт се богати, а големите сили пробуваат да ги придобијат тие земји или да соработуваат со нив бидејќи од тоа имаат корист. Меѓутоа, тоа нема да остане вечно. Прогнозите се дека она што сега е нафтата, за 50 до 100 години ќе биде водата. Водата ќе биде богатство и оние кои имаат добри природни ресурси ќе се стекнат со огромна предност. И сеа да те прашам нешто. Ти текнува на нашите природни ресурси? Ти текнува дека сме една од ретките држави во светов што сеуште пијат вода од чешма пошто имаат здрава вода, за разлика од други земји кои немаат ресурси и мораат да купуваат флаширана вода? Епа тоа е пошто имаме, а забораваме и ги запоставуваме. А ти текнува што и правиме на природава кај нас? Да ти постирам слики од Вардар? Да ти е гад да ја видиш реката, камоли да допреш прст у водата. Идеш покрај кеј, ти смрди реката до тебе ебате. Малку ти треба у главата да споиш два и два и да сфатиш на што треба да се фокусираш, и врз тоа да ја базираш политиката. Да предвидиш што треба да направиш за во иднина да го имаш тоа што ќе им треба на другите. Пример ќе ги зеам Србиве. Со помош на арапи направија проект Belgrade Waterfront. Изгуглај, ќе видиш колку е прекрасно. Веројатно тие го сфатија ова, а и арапине сфатија дека нафтата за некое време нема да биде приоритет, па ја користат моменталнава прилика и инвестираат во вакви проекти. Гледаш колку е лесно да ја увидиш потенцијалната можност? Колку е лесно да искористиш прилика? Ама ние уште сме заглавени во минатото, а никој не мисли на иднината. Иронијата е во тоа што јас ова го кажувам како историчар, а некој што треба баш за вакви работи да размислува, баш тој нема појма што се дешава. Али океј, битно фонтани имаме, тоа што на 50 метра реката е зелено-кафеава и рибите бегаат надвор од неа е друга работа.

Значи во главно основата е тоа што го рече @Brutus, но само на многу помасовно ниво, сериозен потфат врз кој ќе се стави целото внимание на владата и владините средства, проект кој верувам дека дури и масовно би бил поддржан од народот и конечно ќе настапиме заедно во некаква акција, па така заеднички да си го подобриме животот кој го поминуваме во Македонија :)

Се надевам ќе дочекам еден ден.
 
Да се затворат сите дисперзирани студии по сите градови. Не тука да ми положуваат испити со давање крв. Целта образованието да биде лесно достапно за сите може и треба да се направи на подруги начини , а не овака отварање факултети на секој агол со никаков квалитет.
 
Имам напишано пост за ова, моја најголема желба која сакам да и се случи на државава. Сепак не сум доволно политики поткован, млад сум и неискусен, но струката за која се обучувам често ми иде паралелно со политичката ситуација, без разлика дали е внатрешната ситуација во Македонија, или општо на геополитички план. Можеби е глупост, можеби не, но мене ми изгледа сосем супер, остварлива работа доколку навистина сакаме да си го подобриме животниот стандард.

Еве го постот, напишан уште во октомври у Драга Кајгана.



Значи во главно основата е тоа што го рече @Brutus, но само на многу помасовно ниво, сериозен потфат врз кој ќе се стави целото внимание на владата и владините средства, проект кој верувам дека дури и масовно би бил поддржан од народот и конечно ќе настапиме заедно во некаква акција, па така заеднички да си го подобриме животот кој го поминуваме во Македонија :)

Се надевам ќе дочекам еден ден.
И плус ако може вардарска долина:-)
 
Да отпушти едно 40000 административци. После година дека може да ги пополни истите места пак.
 
Мојт да отпуштит 50.000 администрација, и тие вишка плати шо ќе му останат да ги делит на 150.000 невработени, по стотина евра.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom