Емоционална Champions League

faust.mephistopheles

Aga Aganlija
Член од
9 декември 2014
Мислења
760
Поени од реакции
1.652
Локација
Hy-Brasil
Еф овака!
Чепкајќи низ класиците во лига шампиони на ју тјуб,се појави четвртфиналниот меч Милан-Ајакс во 2003. Додуше не сум фан на ниеден од овие два клуба,сепак во чест на моите пријатели долгогодишни Милан фанови одлучив да присуствувам и делам тие инфаркт моменти со нив. Неверојатни пресврти во текот на мечот,тресење и плачење до 90 минута за на крај Пипо Инзаги го реши мечот и да предизвика оргазми од невидени размери и цела ноќ радости и честења небаре тогашната бомба Кајли Миног ја спариле. Времиња...



Дакле,тема отворена за евоцирање спомени,враќање назад во времето низ убави инфаркт или тажни моменти доживеани како фанови на некој клуб.
 
Ја сум бил пилиштар, не знам, Баерн со Јунајтед, во последните минути ко му ја свртија.

Милан со Ливерпул.
 
^Oваа утакмица е најдоброто финале во историјата на ЛШ.
 

Според мене најдоброто и најквалитетното финале ,Ливерпул и Милан беше највозбудливо ама немаше атомски фудбал 90 минути како ова во 2013..мислам што друго можи да се очекува кога ќе се сретнат две Германски екипи?..крајно офназивен и машки фудбал без респект..секоја трета минута имаше шанса за гол и фрчеа шутеви и стартови на двете страни ..ова финале беше како апгрејдована верзија од финалето во 2008 помеѓу Манчестер-Челзи само што ова се реши во регуларниот дел за разлика од Англиското кога се реши на пенали...

Вистински тотал фудбал од две Германски екипи..мерак за очите
 
Еф овака!
Чепкајќи низ класиците во лига шампиони на ју тјуб,се појави четвртфиналниот меч Милан-Ајакс во 2003. Додуше не сум фан на ниеден од овие два клуба,сепак во чест на моите пријатели долгогодишни Милан фанови одлучив да присуствувам и делам тие инфаркт моменти со нив. Неверојатни пресврти во текот на мечот,тресење и плачење до 90 минута за на крај Пипо Инзаги го реши мечот и да предизвика оргазми од невидени размери и цела ноќ радости и честења небаре тогашната бомба Кајли Миног ја спариле. Времиња...



Дакле,тема отворена за евоцирање спомени,враќање назад во времето низ убави инфаркт или тажни моменти доживеани како фанови на некој клуб.
човече Инзаги еј, кој осет за гол страшна работа, фалат вакви играчи..па и Амброзини касапот, Шева, Руи Коста..па и која атмосфера кое радување на головите АУ ! Ми се потплачува кога ги гледам ужасиве ко Монтоливо, Поли, Бонавентура ..
иначе, за мене, ко die-hard фан на Топџиите
https://www.youtube.com/watch?v=E197s5lNpcE
ежење на голот на Аршавин беше, ЕЖЕЊЕ !
 

Уште ги мразам на Манчестер за ова :uzi:

Дефинитивно едно од најдобрите ако не и најдобро финале
 
ЛШ 03/04 ... сезона кога финале во ЛШ играа некојси Монако и Порто...

Во четвт-финале се сретнаа Милан-тимот што нè победи претходната година во финале на среќа на пенали :kuracc: и во тоа време една терсене од екипа-Депортиво Ла Коруња. Да не должам многу, пошто сликата вреди повеќе од 1000 зборови. Еве ја првата утакмица https://www.youtube.com/watch?v=t2bmh8a9Z_s а еве ја втората https://www.youtube.com/watch?v=KPGzaS9lvUA

Тогаш стварно не ми беше јасно како успеаа Милан да прокоцкаат убедлива предност, а Ла Коруња да го стори невозможното.... после толку време и денес не ми е јасно.
 
Не знам зашто ама голов ми е еден од најдрагите. Меѓу првите утакмици што сум ги изгледал целосно. И бегајте од темава, Ливерпулска тема е ова со спомениве.. :vrtioci:
 
Утакмицава несум ја гледал сум имал само 2 години, сум ја гледал само на јутуб, но луѓето што биле таму па и снимка после 25 години кога ја гледам на јутуб се ежам, солзи ми поаѓаат на 1:41...
 

Мене овој меч ми е останат во сеќавање. 1/2 финале 2-0 победи Милан на првата утакмица. Во 91ва постигна Амброзини гол за финале. Наредната минута Коку веднаш врати, ама немаше повеќе време и помина Милан на away goals. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom