Во повоената историја (WW2) екстремисчките движења служеле или на режимот на власта или на некои странски служби, но никако не биле сами по себе идеологија. Канализирањето на некои такви да ги наречам сили е доста корисно во одредени моменти. Анархистичките движења, навијачите, скинхедсите, исламистите се најчесто алатка на современите владетели да ги собере и контролира девијациите на својата политика. Но кога си игра човек со огин, може и да си изгори, па така тоа што го гледаме сега зачинето со растечката диференцијација на христијанскиот и муслиманскиот свет, треба да гледаме навидум „непринципиелна“ коалиција на „левица“ и „десница“ (јас ги нарекувам бипартизам на современата власт), за да успее да се контролира овој испад.
Овие таканаречени ектремни движења се токму поради наметнатата „биполарност“ на власта во западното општество (вклучително и кај нас), каде што секоја трета опција која не се приклонува кон една од владеачките партии, или е исмејана и маргинализирана или завршува несреќно, со разни конструкции.
Нестабилноста на блискиот исток придонесе овие екстремистички движења први да излезат од контрола баш во Сирија, каде што основаа своја држава и успешно почнаа да го извезуваат тероризмот во Европа, каде пак се очекува верижна реакција.
Како и да заврши оваа епизода, светот веќе нема да е ист. Не дека ИД му нанесе некаков сериозен удар на либерниот запад, туку дека ИД само ги откри слабостите на тој систем, кој све повеќе и повеќе станува неодржлив.