Имам проблем на часовите не сум внимателен изигравам фраер во понеделник класната веројатно ќе ме прати кај службата па тие родител ќе викаат кога ќе слушнат моите косата ќе им се крени. Се тепам на часови се инаетам со професори имамм неоправдани, совет како да го избегнам тормозењето од службата
Бидејќи сеуште не е сигурно дека ќе одиш кај стручната служба во училиштето и само претпоставуваш што ќе се случи, имаш шанса.
Во понеделник, оди и извини се на класната. Кажи и дека си свесен за твоето недолично однесување во последниов период и побарај прошка. Побарај да ти даде уште една шанса и вети дека ќе пробаш да го промениш однесувањето. Побарај или сам седни на друго место каде што седат помирни ученици. Размисли, зошто да си имаш проблеми кога си свесен? Немирноќата чувај ја за голем одмор, мал одмор, пред часови, после часови. Можеш да бидеш фраер и таму, училиштето е сепак за учење. Со фраерлук на часови ништо нема постигнеш и само ќе си имаш проблеми а најбитното е дека пропушташ да впиеш знаење. Целта на фраерлукот на часови најчесто е внимание. Причината може да биде недоволно воспитание, темпераментен карактер, слаб капацитет за учење, незаинтересираност. Концентрирај се, ако треба со сила, да се фокусираш на она што се случува на часот и слушај ги професорите. Пробај да бидеш помирен а сепак да извадиш некоја шала на која што ќе се насмее цел клас. Така ќе се почувствуваш поисполнет и евентуално ќе бидеш помирен.
Верувај дека кога ќе поминат неколку години ќе се каеш за лошото однесување во училиште и ќе си речеш како не бев попаметен.