Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Нешто за желудникот? Пиев апчиња некои Нолпаза и чај од нане, ама не ми поминува.
Чај од кантарион, обично две чаши дневно. (Ако немаш и чај од камилица е добар)
Прополис капки пола саат пред јадење, 20-30 капки растворени во малку млака вода.
Масло од кантарион, исто пола саат пред јадење по една супена лажица, два-три пати дневно.
Ако можеш да најдеш чај од невен исто е одличен.
За лекови не сум стручен, од лично искуство ќе ти кажам, само во случај ако ептен мораш, против повраќање Реглан, против болки во желудникот Бускопан (евентуално Спазмекс).
Чај од нане мислам дека не е баш добар ако имаш проблеми со гастритис или чир (од лично искуство, знам луѓе на кои им помогнал), барем на мене не ми помогна на времето.
 
Немам трајни проблеми, може трет пат досега ме боли. Не ми се ни повраќа, само болки имам и претпоставувам дека или сум измрзната ( у таква ситуација ми се дешавало да ме боли) или пак од што не јадам како што треба.
 
Епа тогаш тоа што ти го пишав претходно исто важи, само ќе го правиш додека имаш болки :)
Ако не поминуваат пробај од тие апчињата против болки што ти ги пишав, секако во консултација со лекар.
 
Нешто за желудникот? Пиев апчиња некои Нолпаза и чај од нане, ама не ми поминува.
Пробај со гастрогард, одлични се и брзо поминува непријатната состојба.
 
Da, 3 pati go meram vekje vo nekolku meseci i pak e nizok. Primav inekcii testosteron i mi beshe normalen/visok za vreme na terapijata - ama posle pagja.
Posle probav so pregnyl. Pak posle terapija padna...
Направи други испитувања освен лабораториски ???.. Мора да има некоја причина зашто тестостеронот е низок, значи досегашната терапија не ја третира причината, туку само прави лабораториска козметика, па затоа и не може да се очекува дека ќе има некој ефект.

Можно е да се работи за аденом кој продуцира додатен хормон (најверојатно пролактин) и прави дисбаланс на целиот хормонален "оркестар" Магнетна резонанса на глава би била од корист да се види дали има аденом на хипофизата.
 
Пред 10 дена се појави црвенило на кожата и чешање. И левото око од пола надоле црвено беше. Окото се исчисти со Дексаметазон капки. Пиеше Лоратадин, не делува. Пие 3 дена Лентрика, црвенилото се повлекува пополека, а чешањето не престанува. На горниот дел од телото шета чешањето, по грбот, градите, под мишките.
 
Нека направи комплетна хепатолошка лабораторија и ултразвук на абдомен да се види да не има обструкција на жолчните патишта.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom