Проблемот е повеќе од идеолошка природа, отколку практична.
Да речеме, спонзорството како такво што беше дефинирано е далеку понеблагодарна работа, отколку проституирањето. Затоа што спонзорството е прикриено, нема никаква заштита за послабиот, ниту пак има некакви правила. Колку ќотек имаат изедено овие од горили/бизнисмени/итн... Мене ми беше искрено чудно зошто не го опфати тој аспект од оваа тематика. Ќотекот и насилството.
Проституцијата ти е нормална работа, и треба да се третира како таква. Ја оданочуваш, им пружаш заштита (болести, насилници, тешки наркотици) и тоа е тоа. Ако еден човек (девојка или момче) решил/а да си го продава телото, пружи му услови колку-толку да се осеќа сигурно/безбедно додека го прави тоа.
Затоа како што е сега, е сѐ освен безбедно.