Прашања до Атеистите II

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ja mislev koj znae kakvi prasanja se odgovaraat tuka a tie uste definiraat ateizam :nesumjas:triplefacepalm.
Phoenixx,

ај обиди се да го објасниш поимот „атеизам„: значи, не очекувам превод на поимот, туку неговата содржина и позадина.[DOUBLEPOST=1449126820][/DOUBLEPOST]
So papagali nemozes da diskutras ...edno sto ne se intelegentni ...drugo imaat maana...brzo zaboravaat i cesto povtoruvaat edni-te isti raboti!
Суб,

да не са твојве празни постој, не змаш со ш‘о би се попунуел форумов...[DOUBLEPOST=1449127022][/DOUBLEPOST]
Јас ти побарав да ми посочиш кодекси на однесуавање, правила, обреди и текстови што се идеолошка основа, на линков нема ништо од тоа.
.
На линкот, т.е. постот, дадена е основата од атеизмот, за разлика од тебе, кој упорно ја афирмира атеистичката празнотија, тврдејќи дека атеизмот „...нема ова и нема она...„, небаре немањето е предмет за пофалба.

Атеизмот и тоа како има правила и „етички„ норми, кои ги начнав во мојот пост.[DOUBLEPOST=1449127054][/DOUBLEPOST]
Единствено што треба е на прашање од типот колку е часот, да не даваш одговор од типот - трактор.
Значи ти и сличните на тебе тврдите дека атеизмот бил идеологија, а на предизвикот да посочите било каква идеолошка основа што ја има атеизмот, одговарате со "трактор".
Види пост по горе.[DOUBLEPOST=1449127196][/DOUBLEPOST]
@MIKI1 aтеизaм не пoстoи. Егзистирa сaмo кaкo oпoзит нa теизмoт.

Тoa е всушнoст вербa вo Бoг, кoјa се стреми кoн нулa.

Нaлик светлинa и темнинa. Темнинa е oтсуствo нa светлинa

Вистинските прaшaњa се штo и кoи се причини влијaеле врз тaквoтo нaмaлувaње нa вербaтa кaј пoединци.

Акo ги дoбиеш oдгoвoрите нa oвие прaшaњa, пoлеснo ќе гo рaзбереш резoнирaњетo нa aтеистoт.
.
До овде, начелно си во право. Делумно, даваш и одговор на прашањето.[DOUBLEPOST=1449127254][/DOUBLEPOST]
Мислaм декa стaвoт се сведувa нa тoa декa твoјaтa вербa вo Бoг, oпишaнa и нaјчестo претстaвенa преку институцијaтa Црквa, не е тoчнa.
Овде, веќе си во криво: не постои рисјанин надвор од Црквата, односно, не пости рисјанин ради самиот себе и за „по дома„.[DOUBLEPOST=1449127464][/DOUBLEPOST]
Не декa aтеистoт не мoже дa пoверувa вo ентитет Бoг, туку не мoже дa гo стoри нa истиoт нaчин, сo истите пoстaпки и вo oнoј ентитет, кoј гo презентирa институцијaтa Црквa.
Сите разумни битија веруваат: ако веруваат демоните, зашто не би верувале и луѓето?
Атеистите веруваат, небитно дали во Бога или во овосветовните знаења, само нејќат да признаат.
 
Последно уредено:

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
На линкот, т.е. постот, дадена е основата од атеизмот, за разлика од тебе, кој упорно ја афирмира атеистичката празнотија, тврдејќи дека атеизмот „...нема ова и нема она...„, небаре немањето е предмет за пофалба.

Атеизмот и тоа како има правила и „етички„ норми, кои ги начнав во мојот пост.[DOUBLEPOST=1449127054][/DOUBLEPOST]

Види пост по горе.
Не е точно, ако е дадена каде е? Со невидлива боја е напишана? Еве по стоти пат те предизвикувам, ако атеизмот има идеолошка основа, наброј одредени кодекси на однесување, обреди, традиции, посочи текст што атеистите го сметаат за своја идеологија, посочи институција што ги промовира тие идеолошки принципи! Ништо од ова не успеа да направиш, освен тролање и инает ништо друго нема во твоите постови.[DOUBLEPOST=1449135775][/DOUBLEPOST]
Шо кажа сега ти?
Не постојат неуживатели на дрога. Постојат само уживатели на дрога кај кои уживањето на дрога тежи кон нула.
Вистинско прашање е зошто се откажале од употреба на дрога. Ако го добиеш одговорот на ова прашање, полесно ќе ги разбереш неуживателите на дрогата.

Ти има смисла напишаново? Ако не, немој да мрчиш.
Или не постојат непагани, постојат само пагани чие верување во сатири, самовили и шумски духови се стреми кон нула.[DOUBLEPOST=1449136206][/DOUBLEPOST]
Phoenixx,

ај обиди се да го објасниш поимот „атеизам„: значи, не очекувам превод на поимот, туку неговата содржина и позадина.
Колку треба да си глуп за да не го разбереш ова - Атеизам, неверување во богови и божества?! Толку! Не е превод, не е филозофија, не е идеологија СТАВ Е! Исто како што да сакаш зелена боја, не е идеологија, туку став! Има луѓе што сакаат зелена боја а се криминалци, полицајци, капиталисти, анархисти.....муслимани, хомосексуалци! Сакањето на зелена боја не ги прави да бидат поврзани идеолошки меѓу себе!
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Не е точно, ако е дадена каде е? Со невидлива боја е напишана? Еве по стоти пат те предизвикувам, ако атеизмот има идеолошка основа, наброј одредени кодекси на однесување, обреди, традиции, посочи текст што атеистите го сметаат за своја идеологија, посочи институција што ги промовира тие идеолошки принципи! Ништо од ова не успеа да направиш, освен тролање и инает ништо друго нема во твоите постови.

За почеток, наведи ми една атестичка вистина.
После, ќе одиме понатаму...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
За почеток, наведи ми една атестичка вистина.
После, ќе одиме понатаму...
Ти си феномен....најискрено. Ти му кажуваш атеизмот не промовира идеологии, вистини и слично.....тој ми вика наведи ми атеистичка вистина......:facepalm:
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
@Ipsissimus
Не мислиш декa е крaјнo некoректнo дa некoгo нaречеш глуп, сaмo зaтoa штo имa дијaметрaлнo спрoтивен стaв oд твoјoт?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Ти си феномен....најискрено. Ти му кажуваш атеизмот не промовира идеологии, вистини и слично.....тој ми вика наведи ми атеистичка вистина......:facepalm:
Ај троа полесно прашање: како еден атеист разликува „добро„ од „зло„?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
Ај троа полесно прашање: како еден атеист разликува „добро„ од „зло„?
Мислиш троа попаметно прашање. Ок
Колку знам ти пред да станеш хистијанин на свои 30 и кусур години ти беше најголемиот злочинител. Така нели? Ете даден ти е одговорот.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
@Ipsissimus
Не мислиш декa е крaјнo некoректнo дa некoгo нaречеш глуп, сaмo зaтoa штo имa дијaметрaлнo спрoтивен стaв oд твoјoт?
Не се работи за дијаметрално спротивен став, туку за неспособност или неможност да се разбере проста реченица. Неможноста да се разбира е состојба позната како.....глупост. Не ми е јасно како може да се смета за навреда очигледното?! Вистината многумина ја гледаат како навреда, но што треба да правиме поради тоа? Да ја премолчуваме?[DOUBLEPOST=1449139894][/DOUBLEPOST]
Ај троа полесно прашање: како еден атеист разликува „добро„ од „зло„?
Значи цело време ти објаснувам, дека атеистите не излегле од фабричка лента! Имаш атеисти криминалци, имаш атеисти полицајци, атеисти анархисти, атеисти капиталисти! Атеизмот не е идеологија за да може со неа да се идентификува некој и врз база на неа да определува добро и зло.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Значи цело време ти објаснувам, дека атеистите не излегле од фабричка лента! Имаш атеисти криминалци, имаш атеисти полицајци, атеисти анархисти, атеисти капиталисти! Атеизмот не е идеологија за да може со неа да се идентификува некој и врз база на неа да определува добро и зло.
За сите наведени категории луѓе, заеднички е атеизмот, како „лепило„ кое ги чини слични.

Ај пак прашање.

Како еден атеист го живее својот живот:
1/ како аморфна маса.
2/ како бесловесно битие,
3/ како растение,
4/ како механички склоп.[DOUBLEPOST=1449140210][/DOUBLEPOST]
Мислиш троа попаметно прашање. Ок
Колку знам ти пред да станеш хистијанин на свои 30 и кусур години ти беше најголемиот злочинител. Така нели? Ете даден ти е одговорот.
Не е така: ако е‘, наведи барем едно од моите злосторства, на кое си очевидец и за кое можеш да бидеш сигурен дека сум го сторил.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
За сите наведени категории луѓе, заеднички е атеизмот, како „лепило„ кое ги чини слични.

Ај пак прашање.

Како еден атеист го живее својот живот:
1/ како аморфна маса.
2/ како бесловесно битие,
3/ како растение,
4/ како механички склоп.
За сите наведени може да биде заедничко и дека сакаат зелена боја, како зелената боја може да ни каже што е добро а што лошо? Или како тие го живеат животот?
 

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не се работи за дијаметрално спротивен став, туку за неспособност или неможност да се разбере проста реченица. Неможноста да се разбира е состојба позната како.....глупост. Не ми е јасно како може да се смета за навреда очигледното?! Вистината многумина ја гледаат како навреда, но што треба да правиме поради тоа? Да ја премолчуваме?.
Прaви штo ти е вoлјa, и тoa некa биде целиoт зaкoн.

Кaкo и кaде негoвaтa oрбитa јa пoпречи твoјaтa?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Дефинирaј "дoбрo" и "злo", инaку ќе следи oдгoвoр -" истo кaкo и верникoт."
Делување согласно волјата Божја е „добро„.
Делување спротивно од волјата Божја а согласно демонската, е „зло„.
Не постои „трета можност„, не постои состојба „помеѓу„.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
За сите наведени категории луѓе, заеднички е атеизмот, како „лепило„ кое ги чини слични.

Ај пак прашање.

Како еден атеист го живее својот живот:
1/ како аморфна маса.
2/ како бесловесно битие,
3/ како растение,
4/ како механички склоп.
5. Како разумно битие за разлика од теистот.

Не е така: ако е‘, наведи барем едно од моите злосторства, на кое си очевидец и за кое можеш да бидеш сигурен дека сум го сторил.
Не е? Одлично. Ме радува што сум бил во заблуда.
Значи ти иако не беше христијанин до тогаш, си разликувал добро од зло. Како?


Делување согласно волјата Божја е „добро„.
Делување спротивно од волјата Божја а согласно демонската, е „зло„.
Не постои „трета можност„, не постои состојба „помеѓу„.
Овде си веќе контрадиктоирен. Значи сепак си чинел злодела.
Одлучи се
 

Kajgana Shop

На врв Bottom