Добро бе ставете го видеото не се срамете
Освен старот на Бејтулаи врз Блажевски и на Усеини исто така врз Блажевски, сите други ситуации наведени во клипот се исправни судиски одлуки.
Леле бе до кое дереџе дојдоа, какви фаули бараат на клипот...
00:32 - старт од зад грб на Блажевски, прво го удри од позади па му ја изби топката, потенцијален жолт картон
01:20 - игра со рака на средина на терен, и тоа речиси намерно, види како ја поткрена раката, чист жолт картон, не беше досудено ништо во оваа ситуација
03:04 - старт врз Блажевски, чист жолт картон, ама апла чист жолт картон, старт сличен на оној на Хамбарџумијан за кој доби жолт во 4 минута, овој на шкендија помина несанкциониран
И се ова немаше да биде воопшто спорно, ама Ставрев од друга страна за речиси секој прекршок судеше жолт картон за Вардар. Хамбарџумијан за старт во 4 минута добива жолт, можеше да пројде и без опомена бидејки му беше прв фаул, за нормален воздушен дуел во 20 минута добива втор жолт, кога знаеш дека е дерби не може така лесно да делиш картони, а што е потрагично делеше картони само за едната екипа. Па и тоа на Попов би го спомнал, отиде да се гради со тело, немаше лактање у фаца или нешто, го гурна со телото наназад, ама ајде, непотребен потег беше.
Како и да е, очигледно џабе пробувам да дискутирам, затоа што со вас дискусија нема, не сакате реално да погледнете на некои работи, и да признаете нешто кога е на ваша штета. Терајте си по ваше, треба да си луд да кажеш дека немало пристрасно судење, и дека Вардар беше и тоа како оштетен, ама ако, радувајте си се, Вардар заслужил уште 2 црвени ама судиите ни помагаат
И за крај, вие најдовте за цигански менталитет да зборите нешто, а на Градски сезонава кога дојдовте, иако бевте во негатива на табела, дојдовте да изиграте 0-0, и ако памтите добивте на крајот и црвен картон за задржување време