Турција собори руски авион

  • Креатор на темата Креатор на темата silmarillion
  • Време на започнување Време на започнување
Што ако навистина турците мислеле дека се сириски авиони? А русите им ставиле замка за да имаат оправдување за да удират посилно.
Види , сите овде вангуваме (што би рекле русите).
Беш му матер ама мислам дека никој не го знае сценариото околу случувањата во овие неколку години.
Се е можно , толку многу работи се случија , за кои порано ни на крај памет не ни идеше дека се можни , тешко е паметен да бидеш.
 
Јанко кажал некој нов виц(вероватно го прочитал негде): догодина ќе летуваме во Русија. Каде поточно? Во Мармарис:pos:
 
Нам односите со Русија ни се многу важни… Ние не сакаме тие односи да бидат оштетени на ниеден начин - рече Ергодан.
Со зборовите удира удира па потоа по меко се понашува. После 2 дена пак со голема реторика ќе зборува. Овој човек ми изгледа како нервно болен.Кога се нервира не знае што прави.
 
Со зборовите удира удира па потоа по меко се понашува. После 2 дена пак со голема реторика ќе зборува. Овој човек ми изгледа како нервно болен.Кога се нервира не знае што прави.

Егото не му дава да попушти , свесен е дека направи голема грешка , од НАТО доби тапкање по рамо ама од друга страна му пропаѓаат бизнисите со Русија.
 
Ердоган: Русија да не си игра со оган http://plusinfo.mk/vest/49077/erdogan-rusija-da-ne-si-igra-so-ogan За жал реториката не паѓа
Ова е одбранбен механизам, бркото е подсвесен дека уствари тој си игра со оган.
(многу добро знае дека е топовско месо - good dog, OK)

Пак ќе речам Русија не е којзнае што ама пак Турција...
ќе го јадат.
 
Види , сите овде вангуваме (што би рекле русите).
Беш му матер ама мислам дека никој не го знае сценариото околу случувањата во овие неколку години.
Се е можно , толку многу работи се случија , за кои порано ни на крај памет не ни идеше дека се можни , тешко е паметен да бидеш.

Така е, се е можно. Од тоа дека САД стојат зад ова, до тоа дека Путин и Ердоган го договориле ова (колку и неверојатно тоа да изгледа во моментов).

Како и да е, работава е мала бара, полна крокодили. Тоа тешко дека може добро да заврши.

Хана Арент је у својој политичкој теорији упорно позивала на опасност коју носи вјеровање у математичку контролисаност сукоба и акција. Свијет, дубоко успаван, може бити доведен пред провалију нуклеарног рата.

http://www.nspm.rs/savremeni-svet/zasto-rusija-mora-da-odgovori.html
 
како и да е турците направија огромна грешка што го соборија рускиот авион неможе да се правдаат дека не знаеле чиј е авионот на толку современа опрема :tapp: сето тоа е наметнато од нато и американците само и само да отпочнат трета светска војна за тоа кој е најјак а и секако за нафтата парите територии што и да биде 50 50 се шансите да се повтори уште еден сличен инцидент е тогаш со сигурност ке отпочне трета светска војна (не дај боже) единствено еден предлог до нашава влада да земе сите млади од 18 до 26 28 год кои не служеле воен рок да воведат кратка обука да ги научат како се ракува со оружје да управуват со воените возила и медицина и ред др работи да ја одбранат Македонија во случај да отпочне војна инаку во спротивно сите ке почнат да бегаат од државава :oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
НАТО и САД целосно застанаа зад Турција Најмоќните западни сојузници на Турција, Соединетите американски држави и НАТО застанаа денеска целосно во одбрана на официјална Анкара. Американскиот претседател Барак Обама, кој денеска во белата куќа разговараше со францускиот лидер, Франсоа Оланд, оцени дека Турција има право како секоја друга држава да го брани сопствениот територијален интегритет и воздушен простор.

Обама повторно ја повика Русија целосно да се посвети исклучиво на борбата против Исламската држава, додавајќи дека властите во Москва и Анкара треба да преземат повеќе мерки за деескалација на ситуацијата.

Исто така мислам дека ова посочува на постоечки проблем со руските операции, во смисла дека тие ги изведуваат многу блиску до турската граница и дека ја напаѓаат умерената опозиција, која ја има поддршката не само на Турција, туку и на голем број други држави. Доколку Русија ја насочи својата енергија кон Исламската држава, помалку е веројатно дека ќе се случат некои од овие конфликти а намален е и потенцијалот за грешки или ескалација, изјави американскиот претседател, Барак Обама.

Обама не коментираше на чија територија бил соборен рускиот авион.

Малку подоцна и портпаролот на Пентагон, Питер Кук, изјави дека се уште не може дефинитивно да се заклучи каде точно се наоѓале авионите и се уште се анализираат податоците од радарите.

За разлика од американците, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, не се колебаше да го потврди ставот на официјална Анкара, односно тврдењето дека рускиот авион бил соборен на турска територија.

Сојузничките проценки кои ги добивме од неколку сојузници во текот на денот се конзистентни со информациите кои ги добивме од Турција. Јас и претходно изразив загриженост заради импликациите од воените акции на руската федерација блиску до границите на НАТО. Ова ја подвлекува важноста од постоењето и почитувањето на договорите за да се избегнат вакви инциденти во иднина. Како што повеќе пати јасно кажавме, ние сме солидарни со Турција и го подржуваме територијалниот интегритет на нашиот НАТО сојузник, Турција, подвлече Столтенберг.

САД, Франција, НАТО сите заеднички повикаа на деескалација на тензиите и разговори меѓу властите во Анкара и Москва. Дека тоа нема воопшто да биде лесно потврдува и вечерашното соопштение на руското министерство за одбрана кое најави засилување на операциите во Сирија и прекинување на воените контакти со Турција.

Читајќи го соопштението на националната телевизија, генерал полковникот, Сергеј Рудској, подвлече дека ќе бидат преземени мерки за зајакнување на воздушната одбрана и дека сите цели кои претставуваат потенцијална закана за руските сили, ќе бидат уништени. Тој најави дека ќе бидат испратени и дополнителни сили во регионот Латакија.http://telma.com.mk/vesti/nato-i-sad-celosno-zastanaa-zad-turcija
 
Последно уредено:
http://www.dw.com/mk/покровител-на-теророт-саудиска-арабија-и-ид/a-18875026

Покровител на теророт: Саудиска Арабија и ИД
Идеологијата на терористичката организација „Исламска држава“ не е настаната во безвоздушен простор. Таа е инспирирана пред се‘ од вахабизмот, официјалната религија на Саудиска Арабија. Но, има и други врски.

Омраза кон луѓето со поинаква вероисповед. Бизарна слика за светот, во која исламот е прикажан како да е загрозен. Недоверба кон сите кои не мислат исто и не веруваат во истото. Тоа се централните идеолошки елементи на терористичката организација „Исламска држава“ (ИД). Меѓутоа, ИД не ја измисли ваквата слика за светот, барем не сама. Кога ИД подбуцнува против шиитите, Језидите, христијаните и Евреите, тогаш видливи се тесни паралели со вахабистичките сфаќања, односно радикално-конзервативното сфаќање на сунитскиот ислам, кој во кралството Саудиска Арабија е државна религија.

Навистина, паралелите меѓу ИД и вахабизмот не можат да се превидат. Тоа недвосмислено се потврдува ако се фрли поглед во книгите со помош на кои учениците во саудиското кралство, барем до пред некоја година, ја создаваа својата религиозна слика за светот.
--------------------------------------------------------------------

Добро е, се повеќе се пишува за улогата на Саудиска арабија во идеологијата на ИСИЛ. Што повеќе обичните луѓе сознаваат, толку ќе биде поголем притисокот врз политичарите да ги запрат парите што идат од Саудиска Арабија и ширење на нивното толкување на исламот.

Германциве пишуваат, французите исто, уште кај британциве немам видено текстови во маинстрим медиуми.
 
Ердоган: Русија да не си игра со оган http://plusinfo.mk/vest/49077/erdogan-rusija-da-ne-si-igra-so-ogan За жал реториката не паѓа
со кој оган си игра Русија ?? ако сака Русија да вооружи 20 милионски милитантен народ како Курдите и да ја еби пола Турција за година време,кој е внатре,а кој надвор од огнот ?? разочарува Ердоган,сега нема ни каде да оди освен во историјата како и сите последни султани на Отоманската Империја
 
Околу тезата дека со ова ќе започне 3та светска војна.
Мое мислење е дека она е веќе неколку години во тек , само повремено се поместуваат жариштата . Колку држави во последните10-15 години не учествувале во војна ? Со исклучок на Далечниот исток и Јужна Америка све остало е воено ангажирано , некој повеке некој помалку , се чини по избор на модераторот .
 
Околу тезата дека со ова ќе започне 3та светска војна.
Мое мислење е дека она е веќе неколку години во тек , само повремено се поместуваат жариштата . Колку држави во последните10-15 години не учествувале во војна ? Со исклучок на Далечниот исток и Јужна Америка све остало е воено ангажирано , некој повеке некој помалку , се чини по избор на модераторот .
А бе ај ова било светска војна, се разнел некој во кабул, џихадисти освоиле село кај алепо, американци извеле 10 воздушни напади....
Дајте сирени во 1 сабајле, дајте стотици бомбардери на небо кои одат на една цел, дајте оклопни дивизии кои јуришаат преку пространи полиња, дајте уништена моторизирана бригада на некој пат со возила кои горат и тела расфрлени наоколу, дајте артилериски гранатирања шо трајат со денови, дајте поморски битки на цели флоти, ноќ осветлена со оган и експлозии и мирис на бензин и изгорено месо....
Ако е ова трета светска воја, прилчно педерљива е.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom