Веронаука во училиштата?

  • Креатор на темата Креатор на темата Setsuko
  • Време на започнување Време на започнување

Веронаука во училиштата?

  • да

    Гласови: 74 34,1%
  • не

    Гласови: 143 65,9%

  • Вкупно гласачи
    217
Vo Sekularnite zemji verata e odvoena od drzavata, posto nie sme sekularna drzava nema sto veronauka vo drzavnite obrazovni institucii, koga ke go napravat celiot praven sistem po Biblijata ili po Kuranot e toas veronauka ama togas ke nema ni estrada ni kurvinsko oblekuvanje ni kriminal, ni ubistva... ke se sudi pravedno ama possto toa ne im ide u prilog na kapitalizmot toa nema da bide, zatoa veronauka vo kapitalizmot e cista hipokrizija!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Jas сум ПРОТИВ веронаука во државното образование. Моите аргументи се следниве:

1. Историски се покажало дека наметнатото верско образование, секогаш имало контрапродуктивен ефект кај децата. Повеќето деца ја замразуваат верата (било која) и воопшто не сакаат да научат нешто, туку само гледаат како можат полесно да поминат по тој предмет. Веќе од клупите излегоа и неколку верско-подбивачки вицеви, кои секако не би можел да ги споделам со вас.

2. Со воведување на веронауката во државното образование се нарушува секуларитетот на нашата држава т.е. настанува меѓусебно мешање на верските заедници во државата и обратно. По овој став е прекршен и уставот на РМ и Либерално Демократската Партија повторно го даде ова на уставен суд.
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]СДСМ исто така обвинуваат дека воведувањето на веронауката во основното образование е спротивно на Уставот и на основното начело за слобода на верско изразување.[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif] Тие предлагаат: "Веднаш да се укине задолжителното изучување на веронауката во училиштата, предметот да биде понуден како изборен, но во комбинација со други предмети и веронауката да се организира во верските објекти"[/FONT][/FONT]

Но, скептичен сум дека ќе успеат да го бутнат на уставен суд, затоа што веронауката има силна подршка од позициската власт и тие ќе го бранат уставот дека со слободното избирање на секуларниот предмет "Запознавање со религиите" е задржано правото на ученикот да не учи веронаука.
Но во пракса се случи нешто многу поинакво од теоријата на законот. Имено многумина директори на основните училишта ги собраа наставниците и буквално им наредија на наставниците да ги свикаат родителите и да им кажат дека бројот на ученици кои можат да го следат предметот "Запознавање со религиите" е пополнет и дека МОРААТ да изберат веронаука. Значи во пракса имаме дирекно кршење на уставот.
Исто така, материјалот кој се предава по овој предмет (намерно или не) излезе претежок за разбирање дури и за полнолетните деца, а камо ли за петтоодделенците. Од професионално гледиште, предметот повеќе наликува на "Филозофија на Религиите", отколку на нивно запознавање. Таму децата учат што претставува душата и како на тоа гледаат разните религии... нешта за кои и древните филозофи си ја тупеле главата. И нормално е дека многу од децата, условно кажано, беа принудени да побегнат од тој предмет и да се префрлат на предметот веронаука каде што се учат песнички за Марија, како да се прекрстуваат (со три прста, од десно кон лево), тук там по некоја икона и манастир - што верувам ќе се сложите е далеку полесно за едно петтоодделенче, отколку ова првото.
Значу, сума сумарум, многу лукав потег на владата, како да наметне веронаука, а притоа да има џокер во ракавот дека сепак секуларноста не е нарушена.

3. Со воведувањето на веронауката исто така се наруши и верската рамноправност исто така дефинирана во уставот. Од сите 26 правно регистрирани верски заедници во РМ, само на 5 од нив им се дозволи правото да си ја поучуваат својата веронаука во државното образование. Со ова исто така е нарушен уставот кој гарантира верска рамноправност на сите верски заедници. Ова сега претставува уште еден од изговор-џокерите на Европската Унија за одбивање при нашата следна апликација за членство во Унијата.

Целта за воведувањето на веронауката во државното образование мислам дека на сите ни е горе-доле јасна. За дипломираните студенти од православниот богословски факултет лесно се наоѓаше работа по црквите и манастирите, но за дипломираните студентки беше тоа проблем и ваквиот потег беше ЕРУРЕКА за нивно вработување по струка. Затоа и да не ве чуди што повеќето наставнички што предаваат веронаука се жени
3.gif


Сметам дека, доколку владата немаше однапред трасирани мотиви и цели со воведувањето на веронауката, истото можеше да го спроведе на многу поприфатлив начин. Што фалеше на пример предлогот на СДСМ (одма да кажам дека јас не сум партиски обоен) да се изучува веронауката како ФАКУЛТАТИВЕН предмет? Доколку сака детето, ќе си учи веронаука, доколку не сака, нема да си учи. На овој начин немаше да има присилно наметнување на верата врз децата.
Но да ви кажам зошто владата не се одлучи на ваков чекор? Затоа што сите анкети покажуваа дека ни 2% од децата немаше да го одберат да го слушаат тој предмет. МПЦ исто така се обиде и во храмовите да поучува веронаука, но одзивот на граѓаните беше катасртофален. Па си рекоа: "Не сакате милом? Епа тогаш СИЛОМ!"

Последиците од ваквиот лош потег на владата веќе започнаа и драго ми е што тука ги коментирате, но допрва ќе дојдат вистинските последици.

[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Јас сум христијанин и не сум против веронауката, но сум против таа да биде дел од државното образование заради причините кои ги наведов погоре. Сметам дека веронауката е задача на секоја верска заедница и дека таа треба да се извршува во верските објекти, па ко воли, нек изволи.[/FONT]
[FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]Ваквата веронаука е редовна активност во некои верски заедници, организации и здруженија и тие немаат никаква потреба истата да ја наметнат и во училишните клупи. Така на пример, здружението на граѓани-христијани "Божилак" веќе со години успешно си ја извршува задачата за верско образование на граѓаните, без притоа да го крши секуларитетот на држвата и верската рамноправност. Колку за пример, нејзината содржина можете да ја видите на [/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif]www.veronauka.com.mk[/FONT][FONT=Verdana, Arial, Helvetica, sans-serif] [/FONT]


Поздрав до сите!
 
Зборот веронаука е оксиморон. Верата не е, ниту би можела да биде наука затоа што не е заснована на докази. Освен тоа, ова треба да е секуларна држава, а религијата приватна работа што се учи дома и во црква.
 
treba pod itno da se vovede veronauka

taka decata poveke ke si ja zasakaat tatkovinata

i poveke ke gi interesira za korenite
 
mislis ama ne znaes sto mislis se ti e zbrkano u glaata i zatoa mislite zbrkano, nikako veronauka, znaete koga veronauka vo ucilistata? koga ke se zabrani so zakon da se nosat minici, helanki, razgoleno oblekuvanje, koga ke se kine so zakon pornografija, moda, estrada e togas veronauka, inace ne.
 
Уште од самото раѓање стануваме дел од некоја религија, но тоа не не прави верници. Нема да не направи ниту овој предмет кој евентуално би се вовел. За нормите правилата и принципите на човечност, постои предмет кој се вика етика. Веронаука е пример за популизам на црквата, како институција која воглавно во историјата, минатото(а го спомнувам минатото, затоа што се почнува со минато),многу грешела, во однос на прогресот на науките. Од кога знам за Галилео, мразам црква. Од кога знам дека „се врти" , се вртaм накај мозокот а не догмата. Иако си имам некое сфаќање за тоа што е Бог, и тој за мене е нашиот потенцијал да бидеме добри. Не ни е потребна никаква веронаука, затоа што од секогаш, верата и науката, биле два посебни света.
 
Не е потребно децата да се замараат за такви работи и не би требало веронауката да ја мешаат во образовниот процес :nenene:
 
Мене ме интересира дали некој знае колку деца имаат одбрано предмет веронаука да учат, а колку историја на религиите.
Исто така ме интересира како изгледа наставата по веронаука?
 
Секуларна држава бевме ние, ќе ме потсети ли некој?
Кој сака да верува нека верува НАДВОР ОД УЧИЛИШТЕТО
ај нека го стават изборен предмет, да се избира помеѓу веронаука и информатика на пример (некоја вистинска наука) да видам тогаш кој ќе избере веронаука.
 
Не ми се верува дека се учи веронаука во училиштата. Наместо да воведат уште некој предмет од науката они ги затупуваат децата. За греови.:tapp:
 
Секуларна држава бевме ние, ќе ме потсети ли некој?
Кој сака да верува нека верува НАДВОР ОД УЧИЛИШТЕТО
ај нека го стават изборен предмет, да се избира помеѓу веронаука и информатика на пример (некоја вистинска наука) да видам тогаш кој ќе избере веронаука.
Па еве пред некој ден спомнаа воведување сексуално образование-јас би направил да се бира меѓу овој предмет и веронаука.

Мене ме интересира дали некој знае колку деца имаат одбрано предмет веронаука да учат, а колку историја на религиите.
Исто така ме интересира како изгледа наставата по веронаука?
Многу повеќе одат веронаука зошто се вршат големи притисоци за да не се оди на историја не религии,директорите и професорите мора да ги ,,известѕваат,,родителите дека(демек)нема место во класовите по историја на религии или немаат кадри па децата мора сите на веронаука да одат и слични лаги-не знам зошто толку владата го форсира овој предмет:toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom