Неплаќање алиментација - суровата реалност

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
@Благоев не те доживувам како личен напад :) Едноставно, не знам дека постои механизам за да ме увери дека децата ќе бидат чувани како што треба од родителот кој ги добил. Некој спомна Центар за соц работа. Да, супер што постои. Ама тоа не значи дека, додека наполнат 18 год, јас треба секој месец да шетам низ него. Со самата алиментација се стимулира "мрза и незаинтересираност" кај родителот кој е "покриен" со парите од другиот. Јас имам братучеди (двајца) со разведени родители. Додека беа во брак, живееја нормално. Се разведоа, чичко ми плаќа 8к алиментација. Одеднаш, шетање ваму, шопинг во Солун, децата не носат патики од 2-3 000 туку од 7 000... Ме разбираш? Како одеднаш тие деца од скромни, нормални услови за живот, скокнаа на "полуксузен"? Ај тоа, па и мајка им, кога и да и побараа нешто покрупно: компјутер, телефон... Секогаш им викаше: татко ти ќе ви купи. Немам јас пари за такви глупости. Е поради вакви работи, што сум ги видел, не би имал доверба кон жена ми, кога би се развеле. И затоа плаќањето алиментација го сметам за глупост и помагање на "паразитското" живеење на оној што ја прима.
Mnogu hrabro kazano (keyboard verzija)...imas deca?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.713
Поени од реакции
6.902
Ве има доста наку..чени за неплаќање на своите деца во случај да се разведете. Не сте свесни како би го папале на суд доколку сте вработени
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Најинтересно на темава е што сум 99% сигурна дека тие што така ги стиснале парите во џепче ни се женети, ни имаат деца и однапред и идната жена и децата ги оставија без денар, ги направија проститутки, мрзливи, растурикуќи и такви нежни прекарчиња :X3: Тешко на тие жени што ќе влезат во таква слика.
Ама секако со оглед на „неженетоста“, целиов нивни муабет е прела баба лан да јој проЏе дан...
 
Т

Триптико

Гостин
@SuBZerO немањето деца ме дисквалификува на темава? Не знаев дека е за разведени и неспособни.
 
Член од
5 јануари 2014
Мислења
44
Поени од реакции
78
Ако смеам да ве прашам сите што го напаѓате човекот, дали воопшто имате сенс за разбирање и толкување на пишан текст? Се утепа сиротиот од пишување во обид да ви објасни дека штом дошло до развод, веќе не и верува на таа жена, и не спомна дека ќе се откаже од децата, туку од плаќање алиментација, а дали и како ќе се грижи за децата тоа си е негово и никој од нас нема право да му пререкува.

Еве пример какво извртување и погрешно толкување на текстот му правите



[quote="SuBZerO, post: 7498684, member: 4924"]Mnogu hrabro kazano (keyboard verzija)...imas deca?[/quote]

Тоа го рекла мајката, значи таа нема пари за такви глупости, а не како што имаш ти друже подвлечено, во обид да се придружиш кон толпата сеирџиски крвопии. Значи тотално сте нефер и воопшто не размислувате, ама воопшто. Ја не знам, толку ли сте несреќни па барате разни начини да си олесните на душата или едноставно сакате да бидете дел од мнозинството "добродушници"? Или сте недозреани дечиња што поминуваат премногу време во читање на глупави текстови по цел ден на интернет, па се ви е испомешано сега. Разбирам дека на туѓ проблем се гледа од поинаков аспект, ама не претерувајте со судење за некој што не го познавате.

Ни самиот @Триптико не е свесен колку е во право. Во Македонија, во секој втор случај со развод има злоупотреба на алиментација, било од машка било од женска страна, мада почесто е од женска.
Жена во брак со две деца, сопругот постојано по странство работи амалски работи во обид да ја спаси цела фамилија од оваа бедотија и да ја повлече нагоре за да имаат убав живот, таа фаќа швалер овде, една година крои планови како да го споебе сопругот, да отиде кај него и да седи неколку месеци колку да се приспособеле децата, и да бара развод со намера да му собере половина од спечалениот имот, притоа да изјави како тој ја запоставувал и ја малтретирал (нормално лажно да сведочи) и притоа да му ги земе и децата и плус алиментација. Ете до каде може да отиде женскиот мозок. И така и бидна, отиде таа таму, си живееше "среќно" некој месец, се додека некој не го контактираше сопругот и му ги отвори очите, па понатаму што направиле, не се знае...
А во врска со тоа дали некој има или нема деца, не го прави неспособен да размислува и да се држи до своите начела за живот, има луѓе што имаат по пет деца, па имаат интелигенција и размислување како на врапчиња, знам затоа што во најблиската фамилија имам такви.
Еве и јас немам деца, но животот ме навел на многу пати да одгледувам туѓи, и искрено, доколку некогаш почувствувам татковска потреба, не би трчал да се женам. Има толку многу дечиња што со душа чекаат да бидат посвоени, па со цело срце би се обврзал на такво нешто. Подобро така отколку да ги мачам со разводи и препукувања со помекиот пол.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.762
Поени од реакции
24.470
Прво, што мајка бараш да ствараш фамилија со некоја пувла која гледа само да се дотера, а не води грижа за децата? :)

Аха! И пак мажите криви на крај.
Ни малку не се мажите криви, види какви татковци има на темава кои се способни да изгинат за сопствените деца. Криви се мажите, па и жените, кои не се грижат за децата.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
Жена во брак со две деца, сопругот постојано по странство работи амалски работи во обид да ја спаси цела фамилија од оваа бедотија и да ја повлече нагоре за да имаат убав живот, таа фаќа швалер овде, една година крои планови како да го споебе сопругот, да отиде кај него и да седи неколку месеци колку да се приспособеле децата, и да бара развод со намера да му собере половина од спечалениот имот, притоа да изјави како тој ја запоставувал и ја малтретирал (нормално лажно да сведочи) и притоа да му ги земе и децата и плус алиментација. Ете до каде може да отиде женскиот мозок. И така и бидна, отиде таа таму, си живееше "среќно" некој месец, се додека некој не го контактираше сопругот и му ги отвори очите, па понатаму што направиле, не се знае...
Шо се има ова врска со алиментација??
Не е алиментација за жената, туку за децата, да имаат кифла, патики, чанта...
Цел твој муабет е “Деца, мајка ви е курва зато нема денар да добиете“
 
Член од
5 јануари 2014
Мислења
44
Поени од реакции
78
Шо се има ова врска со алиментација??
Не е алиментација за жената, туку за децата, да имаат кифла, патики, чанта...
Цел твој муабет е “Деца, мајка ви е курва зато нема денар да добиете“
Епа тука доаѓа цела заебанција, што таа алиментација не се знае дали ќе оди во правилни цели, за кои што е наменета и често е злоупотребена. Во ред, би плаќал алиментација, тоа нормално, но никако на бившата сопруга, што и да им затреба на децата, нека кажат слободно, нема да бидат одбиени. Всушност и таква опција постои ако не сте знаеле. Не извртувајте муабети да го ебам. Ете како ви настануваат караниците и неквалитетните дискусии на форумов.
 
Т

Триптико

Гостин
@Agda Beata сите на почеток се цвеќиња. На крајот го покажуваат вистинското лице. А разводот е токму тоа. Прашањето е: доколку се разведеш од некој (нема врска машко женско), со кое лице понатаму бараш помош во вид на алиментација? Се бориш да бидат со тебе и биди силна/силен до крај. Откачи го другиот до последно. Сам/а одгледувај ги, воспитувај ги, облекувај и храни... Ама не го барај другиот да учествува во тоа! Штом си одиш од него, замини комплетно. Така е или не е?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.273
Епа тука доаѓа цела заебанција, што таа алиментација не се знае дали ќе оди во правилни цели, за кои што е наменета и често е злоупотребена. Во ред, би плаќал алиментација, тоа нормално, но никако на бившата сопруга, што и да им затреба на децата, нека кажат слободно, нема да бидат одбиени. Всушност и таква опција постои ако не сте знаеле. Не извртувајте муабети да го ебам. Ете како ви настануваат караниците и неквалитетните дискусии на форумов.
Па ете дете ќе побара плејстејшн мајката (курва) ќе речи дека требало некакви чизми и винтјага
Која бе опција има за дете од 4 или 7 или 12 години да кажва од парите од алиментација шо да му се земе? Не траскајте глупости
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.713
Поени од реакции
6.902
Епа тука доаѓа цела заебанција, што таа алиментација не се знае дали ќе оди во правилни цели, за кои што е наменета и често е злоупотребена. Во ред, би плаќал алиментација, тоа нормално, но никако на бившата сопруга, што и да им затреба на децата, нека кажат слободно, нема да бидат одбиени. Всушност и таква опција постои ако не сте знаеле. Не извртувајте муабети да го ебам. Ете како ви настануваат караниците и неквалитетните дискусии на форумов.
Можеш ли без ебење да објасниш каква е таа опција што ја спомнуваш? Судот ти определил сума што мораш да ја плаќаш, а ти рецка не му рецкаш и си се држиш до опцијата
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.762
Поени од реакции
24.470
@Agda Beata сите на почеток се цвеќиња. На крајот го покажуваат вистинското лице. А разводот е токму тоа. Прашањето е: доколку се разведеш од некој (нема врска машко женско), со кое лице понатаму бараш помош во вид на алиментација? Се бориш да бидат со тебе и биди силна/силен до крај. Откачи го другиот до последно. Сам/а одгледувај ги, воспитувај ги, облекувај и храни... Ама не го барај другиот да учествува во тоа! Штом си одиш од него, замини комплетно. Така е или не е?
Не е. Тие деца се создадени, под претпоставка, со договор меѓу двајцата. Тоа значи дека и двајцата имаат обврска да се грижат за нив без разлика дали ќе останат заедно или не. Можеби ти си заминуваш од партнерот, но не можеш да заминеш од фактот дека таа ваша љубов родила плод за кој сте обврзани и двајцата да водите грижа. Со тоа лице бараш парична помош, а и не само парична помош, треба да бараш партнерот да води еднакво грижа за децата како што водиш и ти, не само финансиски да ги обезбедува. Парите не купуваат љубов и родителска грижа.

Борбата на еден од нив во суд е можеби затоа што после разводот и разочарувањето кое доаѓа со него, тој што се бори од петни жили за децата ги има само нив на светов и ако ги изгуби, ќе ја изгуби и смислата да живее.

Во никој случај не се согласувам со тоа што предноста во суд ја има мајката, тоа е крајно дискриминирачки, а и факт е дека има добри татковци исто како што има и добри мајки.
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.078
@Agda Beata сите на почеток се цвеќиња. На крајот го покажуваат вистинското лице. А разводот е токму тоа. Прашањето е: доколку се разведеш од некој (нема врска машко женско), со кое лице понатаму бараш помош во вид на алиментација? Се бориш да бидат со тебе и биди силна/силен до крај. Откачи го другиот до последно. Сам/а одгледувај ги, воспитувај ги, облекувај и храни... Ама не го барај другиот да учествува во тоа! Штом си одиш од него, замини комплетно. Така е или не е?
Така е, ама и ти да се одкажеш од децата засекогаш. Никогаш повеќе да не ги видиш и да не ги побараш. Ниту пак внуците да си ги видиш.
Што велиш, фер понуда, нели.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.503
Поени од реакции
14.678
Не станува збор за тоа дали имате или немате деца за да дискутирате на темата, не сте единствени. Ама ставот и животното реално искуство ( имање на деца ) е како магаре и шминка.

Немате опиплива материја за да сфатите за што зборите, а секој муабет ви е со толкав гнев спрема курвата ( бившата ви жена ) која исто така непостои. :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom