Џихадистите порачаа: Се оди по план – еве што ќе направиме во 2016!
Објавено на 22 ноември 2015, 13:25
Еден од водачите на најозогласената терористичка група позната ширум светот, Ал Каеда, Омар Бакри, најави војна до 2016 година.
Терористот кој беше протеран од Лондон и се наоѓа во затвор, изјавил како Исламистите уште во минатото смислиле 7 чекори како до 2016 да започнат војна и да владеат со светот. Според него тоа е божји план во седум чекори кој ќе им помогне да владеат со се.
Првиот чекот е будење на Исламистите (2000-2003) кога се појавија и го навестија делувањето. “Ќе има силен удар кој ќе го направиме во Њујорк”, рекоа тогаш и навистина ги срушија кулите-близначки.
Следните пет чекори се во период од 2013-2016 година, и се за основање една Исламска држава наспроти западните, која ќе делува против нив, а и тоа го остварија.
Наместо слобода и демократија, нивната држава се основа на целосна контрола.
Шестиот, последен чекор најавен од нив е Целосна војна во 2016 година. Конечната победа е предвидена за 2020 година.
http://www.novini.mk/read/1807167/dzihadistite-porachaa-se-odi-po-plan-eve-shto-kje-napravime-vo-2016