3 години откако ја отворив темата.
Жалам искрено што сеуше е актуелна и страв ми дека ќе биде и поактуелна во иднина. Искрено би се радувал ако дојде момент економските факти да ме демантираат и да го направат безпотребно дебатирањето
Да сумираме-
(текстот е дел од поголема
анализа на
признаен економист. Можеби неговите политички ставови на некои не им се допаѓаат, ама економските бројки се официјални.)
Бруто надворешниот долг (збир од надворешниот долг на приватниот сектор и надворешниот долг на јавниот сектор) во
2006 изнесуваше околу 2.5 милијарди евра, а во 2015. (втор квартал), 6.4 милијарди. Тоа значи пораст од 156%, или дека овој вид долг растел за 2.6 пати побрзо од растот на номиналниот БДП (околу 60%).
Номиналниот бруто домашен производ (БДП) од 2006. до 2014. се зголемил за 57% (од 335 на 526 милијарди денари).
Во истиот период јавниот долг (според нецелосната дефиниција на Владата тој се состои од долгот на Централната власт, долгот на општините и долгот на јавните претпријатија за кој централната власт издала гаранција) се зголемил за 116 % - од 1.82 на 3.94 милијарди евра - тоа значи со двојно побрза динамика.
Индикаторот меѓународна инвестициона позиција на Р.М (нè информира колку Македонија има сопствени средства, односно побарувања во странство - портфолио од сите видови, а колку остатокот на светот има во Македонија) ја покажува следната состојба:
Во 2006 година Македонија имала свое портфолио во странство во износ од 1.9 милијарди евра, а странците кај нас дома поседувале 4.8 милијарди евра.
Нето позицијата била негативна во износ од 2.9 милијарди.
Во 2015. нашите побарувања во странство изнесувале 4.8 милијарди, а побарувањата на остатокот на светот кај нас 9.6 милијарди евра.
Минусот изнесува 4.8 милијарди. Како процент од БДП минусот се зголемил од 45.5% (2006), на 55% (2015).
Нашите побарувања во странство се состојат главно од: наши пари на чување во странство - девизните резерви , девизните депозити на нашите банки и трговски кредити и аванси
Побарувањата на остатокот од светот кај нас се состојат главно од: директни инвестиции и заеми/кредити .
Овие разлики во структурата на побарувањата и обврските меѓу нас и остатокот од светот говорат дека: странците, остваруваат големи профити и наплаќаат високи камати , а ние за депонираните пари кај нив добиваме само трошка камата, неколку пати пониска од таа што тие ни ја наплатуваат нам. Таа разлика , заедно со сè поголемиот јаз меѓу она што тие го поседуваат кај нас и ние кај нив, е една од причините поради која говорам дека Македонија сè повеќе станува
поседувана земја, односно, заедно со другите фактори, сè повеќе станува колонија или нечиј протекторат.
Сирените за тревога одамна требаше да трубат.