- Член од
- 14 август 2006
- Мислења
- 45.454
- Поени од реакции
- 84.866
Извршители кај граѓаните кои добиваат сметки за парно, иако не го користат
15.10.2015 | 16:59
Економија
Прочитано: 2410
Извршители тропнаа на вратите на граѓани кои добиле паушални сметки за парно греење, иако не го користат.
Семејството Момировски е исклучено од системот на поранешна Топлификација во 2007-мата, по пет години на нивна адреса добиваат сметки за парно греење од новата компанија Балкан Енерџи Груп. Револтирани се бидејки ниту парно користат а ниту цевки поминуваат низ нивниот стан за да добиваат топлина од нивните соседи.
Во зградата 66 во скопски Карпош седум стана се исклучени од системот за парно греење. Од домот на семејството Момировски, екипата на 24 Вести го посети и станот на 80 годишната Цветанка Шикова.
Таа парно не користи од 2008-мата година, бидејки плаќала високи сметки. Се грее со помош на клима уред и дополнително грејно тело. Парно не користела, сметки стасувале а таа не ги плаќала.
Извршителите сега добија налог за наплата, во следните 6 месеци од нејзината пензијата ќе кратат една третина. Видливо вознемирена, таа не можеше да зборува пред нашата камера, но се надева дека законот ќе биде сменет.
Во тек е и иницијатива за измени на Законот за енергетика. Се бараат измени во однос на плаќањето на услуга што не се користи, но и во Советот на регулаторната комисија да има и член - граѓанин односно потрошувач.