Мигрантите низ Македонија

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ми нема логика оној кој е платен да изврши терор, или пак си поставил некаква мисија во глава дека е пратен од бога, да ризикува да не стигне до целта со тоа што ќе се удави или ќе изгине некаде по пат.
Агде, седи бе мирна. :icon_lol:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Ти сега расно профилираш и претпоставуваш. Тоа е крајно дискриминаторски и треба да стане нелегално! Ама џабе, љубофта помеѓу Сиријци и Французинки на крај ќе победи!!!
Се ми се гледа на фотографијата како таа да држи пасош со францускиот грб на него.

Нека се сакаат бе луѓето немам против, само децата што ќе ги имаат да си ги воспитуваат во нормални, европски, цивилизирани христијански (или ако сакаат атеистички) вредност, само исламот да не им го спомнваат.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.312
Поени од реакции
26.228
Нека се сакаат бе луѓето немам против, само децата што ќе ги имаат да си ги воспитуваат во нормални, европски, цивилизирани христијански (или ако сакаат атеистички) вредност, само исламот да не им го спомнваат.
И ти реши да тролаш сега. Ок, супер. :D
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Ја озбилно го мислам тоа, не е мешаниот брак главен проблем колку што е прашањето чија култура и религија ќе биде застапена во тоа семејство.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Да не имаш нешто да ми кажеш?
Немам. Да беше овде ќе ти удрев неколку воспитни заушки, вака ништо. :angel:[DOUBLEPOST=1447766981][/DOUBLEPOST]
Ја озбилно го мислам тоа, не е мешаниот брак главен проблем колку што е прашањето чија култура и религија ќе биде застапена во тоа семејство.
Да навистина, прашање на кое е тешко да се даде одговор. Во брак на закоравен исламист и секуларна атеистка, навистина е тешко да се претпостави чии вредности ќе им се сервираат на децата. :)
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.862
Поени од реакции
4.812
ПОЛЕКА СО ТОА ПАСОШОТ
Сирискиот пасош најден кај еден од терористите во Париз очекувано ги потпали теориите дека мигрантската криза е пеколен план на Исис да се инфилтира во Европа. Многумина забораваат дека фактот што луѓето бегаат од ИСИС и нивниот калифат, всушност, е најголемиот пораз на мороните.


Еден од најморничавите детали околу терористичкиот напад во Париз беше дека кај еден од терористите (или блиску до него, во овој момент не се знае точно) е најден пасош на сириски бегалец кој го регистрирале Грците, па минал низ Македонија, Србија.... за да стигне да посее мрак во градот на светлината.

Очекуваниот (посакуваниот?) ефект е постигнат: Франција ќе бара укинување на Шенгенот и враќање на старите граници, Полска ја користи епизодата како аргумент во полза на своето одбивање на квотите, а моќниот баварски министер за финансии Маркус Шудер ќе рече:

"Деновите на неконтролирана имиграција и нелегално влегување се одброени. Париз менува сè."

Причини за загриженост околу тоа кој сè успева да мине во секојдневното стампедо бегалци секако постојат. Ги има многу, а Европа нема ни приближно изграден систем за нивна регистрација, евидентирање и проверка.

Кога Грците регистрираат бегалец, тоа е процес од неколку минути. Се заведува она што тој ќе го даде како документ, му се издава лист на човекот и се пушта понатаму. Така и кај нас, така и понатаму. Колку што знаеме, Македонија технички е во можност дневно да издаде околу 2,5 илјади привремени дозволи за престој (потребни за да ја минат луѓето земјава), а некои денови ги има и по 10.000 па и повеќе.



Од друга страна, сириски пасош денес е вредна работа бидејќи го олеснува минувањето на границите. На црниот пазар вреди неколку илјади долари а чести се сведоштвата на бегалците дека биле ограбени токму заради пасошот.

Колку е сето тоа провизорно покажа и еден холандски новинар кој успеа да направи "сириски"пасош со име на холандскиот премиер.

Гардијан наведува неколку причини заради кои не треба да се брза во донесувањето заклучок дека парискиот терорист со сириски пасош е доказ дека бранот бегалци е подмолен план на ИСИС за инфилтрирање во Европа.

Прво, засега е нејасно дали пасошот навистина му припаѓа на терористот или на жртва, каков што беше случајот со еден друг пасош.

Второ незгодно прашање е: зошто терорист која знае дека нема жив нема да излезе од задачата, со себе би носел пасош? За пасошот да биде најден?

И трето, многумина забораваат дека ИСИС има сериозен проблем со оние што бегаат од нивниот калифат. Бидејќи тие самиот калифат сакат да го претстават како азил од светот на неверниците.

"Знаете што најмногу го вади од такт екстремистите во врска со Европа? Кога гледаат како човечки и морално луѓето од континентот реагираат на бегалската криза", вели еден познавач на џихадистите.

Со други зборови, фактот дека луѓето бегаат од ИСИС е најголемиот пораз на оваа организација, што го имаат потврдено најмалку во 12 наврати (види овде), кога врвот на Исис јавно изразил гадење од оние кои решаваат да го напуштат нивниот свет.

За среќа, истрагата најверојатно брзо ќе покаже дали пронајдениот сириски пасош е наместен, украден, фалсификуван или автентичен.

За жал, политичките одлуки се веќе побрзи од тоа.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
И што сака текстот да каже, да ги отвориме ширум границите и да примиме 10 милиони сиријци во европа.

Нека фала, доста беше.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
И што сака текстот да каже, да ги отвориме ширум границите и да примиме 10 милиони сиријци во европа.

Нека фала, доста беше.
Гардијан весник на хипи левичарите од енглеска. За една недела веројатно посетителите на концертот ќе бидат виновни затоа што загинале (па каков човек може да слуша дет метал некој што треба да го убиеш).
 
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.525
Поени од реакции
9.194
Гардијан весник на хипи левичарите од енглеска. За една недела веројатно посетителите на концертот ќе бидат виновни затоа што загинале (па каков човек може да слуша дет метал некој што треба да го убиеш).
Eagles of Death Metal не се дет метал, туку рок група.
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.862
Поени од реакции
4.812
И што сака текстот да каже, да ги отвориме ширум границите и да примиме 10 милиони сиријци во европа.

Нека фала, доста беше.
Druga bese poentata ne textot..ama aj!
Гардијан весник на хипи левичарите од енглеска. За една недела веројатно посетителите на концертот ќе бидат виновни затоа што загинале (па каков човек може да слуша дет метал некој што треба да го убиеш).
Da de ...ama muabetot e deka textot ima samo mal del od guardian...i ti tamu se fati...posto samo guardian i "det" metal znaes!
 
C

Castiel

Гостин
Греота бе фамилијарни луѓе се...Што има везе што 60-70% се терористи??
 

Kajgana Shop

На врв Bottom