Ти сакаш мафија како во филмовите ?
Ова е Маке донија, земја каде сите таксисти ги знаат криминалците, а сите полицајци ги знаат кафаните. Ти сакаш криминал со бело, убиства и слично ?
Прво,
Ние сме мала држава и кај нас потрошњата на бело е толку мала што неколку европски градови толку количина трошат на дневно ниво, а може и помалку да трошиме.
Лихвата и рекетот се основи на криминалното делување, да речеме дека првите мафии почнале со тоа, после се случува прохибицијата итн.
Второ, бидејќи сите таксисти ги знаат криминалците, за мала и сиромашна држава полицијата има доста мали плати, па така наместо да биде организирана и да го сузбие криминалот т.е да го доведе на 10% од тоа што е сега (и тоа за една година), полицијата го помага, а многу често е и директно вклучена или со други зборови, ако работиш самоиницијативно големи се шансите да завршиш неславном, правејќи се криминалец ко во ганстерските филмови.
Се сложувам дека си во право со тоа дека во однос на потрошњата на дрога во цела држава можда една метропола има повеке од цела држава кај нас ама интересен факт е дека за Хероин Македонија е клучна за нагоре кон Европа. Преку Блиски исток кај што го прават, Турција, Грција низ Македонија па се до Европа е главниот тек.[DOUBLEPOST=1447683753][/DOUBLEPOST]
Шо велиш лихвариве во Македонија да ги прекрстиме во БАНКАРИ,а лоповиве во власта ХУМАНИТАРЦИ бидејки им даваат на граѓаните сендвич и сокче?
Може што е до мене се согласувам од прва.
[DOUBLEPOST=1447684171][/DOUBLEPOST]
“Историја на криминалците и криминалните групи во Македонија.”
Легендата на организација на проектов одлучив дека треба да е на почетокот на листата и сметам дека се потребни неколку објаснувања за уредувањето за да нема недоразбирања. Градот од кој потекнува криминалецот, периодот од кој тој почнал да дејствува и периодите во кој понатаму криминално дејствувал, неговото име, презиме и надимак, типот на криминали со кој се занимавал и неговиот моментален статус на постоење и локација сметам дека се предоволни информации. Кога личноста е на слобода одбележив само со (жив) затоа што не може никогаш точно да се потврди дали работи криминал сеуште, кога е почината личноста од природна смрт одбележав со (починат) додека ако се работи за убиство (убиен), кога се работи за бегство или затворска казна тогаш доколку постојат точни информации го одбележав случајот на тие статуси и со датум. Врските на личноста не ги одбележав од причина на неутралност и несомнежи за пристрасност. (Политички врски, врски со други криминалци и криминални групи не се одбележани.) Криминалите од типот Упад подразбираат влегување во локал и криминално или насилно, однесување или дејствување во него, пр. Тепачка, уништување на инвентарот. Криминалните деликти ставени во тип на криминал од типот (тепачки, упади, вандализам, демолирања) се означени посебно и одделно затоа што сите се сосема различни. (Престрелки и убиство) се исто така различно означени затоа што и чинот е потполно различен. Не секогаш конфликт од типот престрелка завршува со убиство, но во набројувањето се наведени без запирка затоа што се од сличен карактер и потекло. Националност исто така не е означена затоа што според името доволно се распознава националноста на личноста. Трите точки (...) на временските периоди на дејствување кај градовите значат дека за тој период немам информации кој криминалци дејствувале во тој град.
(Слободно по поставувањето на овој проект дополнувајте, коментрајте и поправајте ако сметате дека некаде тоа е потребно.)
Скопје
Период пред осамостојување на Македонија до (1990/1) година
Даут Кадриовски. Тип на криминал: Трговија со дрога. Статус: Во бегство од 2002 година. (Даут Кадриовски дејствувал и во девеесетите години и во двеиљадитите години и важи за еден од најголемите нарко босови и водачи на албанската мафија во светот.)
Енвер Мурџа. Тип на криминал: Трговија со дрога. Статус: Починат. (Енвер Мурџа криминално дејствувал и во девеесетите години.)
Од (1990/1 до 2000) година
Аце Боцевски Циганот. Тип на криминал: Рекетирање, Тепачки и престрелки. Статус: Во бегство.
Марјан Тушевски. Тип на криминал: Рекетирање, Киднапирања, Уцени, Тепачки и престрелки. Статус: Убиен 2001 година.
Џелал Ајети Џељо. Тип на криминал: Лихварење, Рекет, Тепачки, престрелки и убиства, Тероризам со УЧК. Статус: Убиен 2013 година. (Џелал Ајети Џељо криминално дејствувал и во периодот на двеиљадитите се до неговата смрт.)
Харун Хаџибулиќ и Фамилијата Хаџибулиќ. Тип на криминал: Тепачки и престрелки, Тешки кражби, Нелегално коцкање. Статус: Харун Хаџибулиќ жив, повеке роднини на Харун дел од криминалната група убиени. (Харун Хаџибулиќ како и неговите роднини криминално дејствувале уште од раните девеесети па се до денес.)
Тони Денковски Бели. Тип на криминал: Трговија со дрога, Заштитување и разрешување на криминални активности за голема јавна личност. (Трифун Костовски). Статус: Во затвор од 2010 година осуден на доживотна затворска казна. (Тони Денковски Бели бил криминално активен и во двеиљадитите се до доживотната затворска пресуда.)
Коста Јанковски Балкан, Хиена. Тип на криминал: Нелегална трговија со цигари и алкохол, Мито и Корупција. Статус: Жив. (Коста Јанковски бил криминално активен и во двеиљадитите години се до денес.)
Јане Павловски Тица. Тип на криминал: Тешки кражби, Грабежи, Тепачки и престрелки, Убиство. Статус: Жив. (Јане Павловски Тица криминално дејствувал и во двеиљадитите години.)
Зија Асани. Тип на криминал: Трговија со дрога, Престрелки и убиства. Статус: Во затвор од 2012 година. (Зија Асани бил криминално активен и во двеиљадитите години.)
Орце Коруновски. Тип на криминал: Рекетирање, Нелегално коцкање, Тепачки и престрелки. Статус: Убиен 2002 година. (Орце Коруновски бил криминално активен и во двеиљадитите се до неговата смрт.)
Диме Ицковски Поштар. Тип на криминал: Тешки кражби, Престрелки. Статус: Убиен 2003 година. (Диме Ицковски Поштар криминално дејствувал и во двеиљадитите години се до неговата смрт.)
Басри Бајрами. Тип на криминал: Киднапирање, Бегство од затвор. Статус: Жив.
Миле Хаџиски. Тип на криминал: Убиство, Тешки кражби, Грабежи. Статус: Во затвор од 2015 година екстрадиран од странство и осуден на 20 години затворска казна.
Арслан Нуиши Пода. Тип на криминал: Трговија со дрога, Тешки кражби, Грабежи, Крадење автомобили, Киднапирања, Лихварење. Статус: Во затвор од 2014 година. (Арслан Нуиши Пода криминално дејствувал и во двеиљадитите години.)
Петрит Аме. Тип на криминал: Трговија со дрога, Нелегална трговија со оружје, Нелегална трговија со цигари и алкохол и Нелегална трговија со нафта.Статус: Убиен 2001 година. (Околу убиството на Петрит Аме има многу шпекулации дека наводно е жив и се крие во некоја од западно европските земји.)
Џемши Дехари. Тип на криминал: Трговија со дрога, Грабежи, Убиство. Статус: Жив. (Џемши Дехари криминално дејствувал и во двеиљадитите години.)
Од (2000 година) до денес
Борис Мутков Фантом. Тип на криминал: Трговија со дрога, Лихварење, Тепачки, Борби со кучиња. Сатус: Жив.
Влатко Чонгур. Тип на криминал: Лихварење, Улични трки. Статус: Жив.
Александар Василевски Нинџа. Тип на криминал: Тепачки и престрелки, Упади во локали и објекти. Статус: Жив.
Горан Митковски Думо. Тип на криминал: Лихварење, Тепачки. Статус: Убиен 2005 година.
Кољо Николовски Американецот. Тип на криминал: Финансиски криминал и измама, Тепачки, престрелки и убиства. Статус: Во затвор од 2010 година осуден на 18 години затворска казна во Америка. (Кољо Николовски Американецот криминално дејствувал и во девеесетите.)
Никола Георгиев Командант Коки. Тип на криминал: Тепачки, Насилства, Нанесување тешки телесни повреди. Статус: Жив.
Дејан Митровски Урко. Тип на криминал: Рекетирање, Тепачки демолирања и упади, Убиство. Статус: Жив.
Ален Зекиров. Тип на криминал: Рекетирање, Трговија со дрога, Тепачки и престрелки. Статус: Жив.
Александар Коловски Жуле. Тип на криминал: Рекетирање, Тепачки. Статус: Жив.
Зафир Колевски. Тип на криминал: Рекетирање, Тепачки и престрелки. Статус: Жив.
Куманово
Период пред осамостојување на Македонија до (1990/1) година
...
Од (1990/1) до (2000) година
Горан Ѓорѓиевски Мујо. Тип на криминал: Рекетирање, Тепачки и Престрелки. Статус: Убиен 2005 година. (Горан Ѓорѓиевски Мујо криминално дејствувал и во двеиљадитите се до неговата смрт.)
Ромео Живиќ Роки. Тип на криминал: Лихварење, Тепачки и Престрелки. Статус: Убиен 2004 година. (Ромео Живиќ Роки криминално дејствувал и во двеиљадитите се до неговата смрт.)
Сашо Димитровски Боксер. Тип на криминал: Рекетирање, Тепачки и престрелки. Статус: Убиен 2005 година. (Сашо Димитровски Боксер бил криминално активен и во двеиљадитите години се до неговата смрт.)
Од (2000 година) до денес
Бајруш Сејдиу. Тип на криминал: Трговија со дрога, Нелегална трговија со цигари, Престрелки. Статус: Во затвор од 2008 година, осуден на 12 години затворска казна. (Бајруш Сејдуи криминално дејствувал и во девеесетите години.)
Гостивар
Период пред осамостојување на Македонија до (1990/1) година
...
Од (1990/1) до (2000) година
...
Од (2000 година) до денес.
Фадил Арслани. Тип на криминал: Лихварење. Статус: Во затвор од 2015 година.
Велес
Период пред осамостојување на Македонија до (1990/1) година
Којник, Тунелот, Дворови, Црна Џамија, Потокот, Прцорек. (Во периодот пред осамостојување на МК. 70-ти, 80-ти, и делумно 90-ти во Велес, градот бил поделен на криминални групи според маалата, регионите на градот. Најстара била групата од Којник а најбрутална од Тунелот.) Тип на криминал: Нелегално коцкање, Тепачки, Кражби. Статус: Ваквата криминална поделеност на градот згаснала во текот на доцните девеесети.
Од (1990/1) до (2000) година
Зоран Манасков Скршениот. Тип на криминал: Трговија со дрога, Тепачки и престрелки. Статус: Во затвор од 2010 година осуден на 11 години затворска казна. (Зоран Манасков Скршениот криминално дејствувал и во двеиљадитите години и е еден од организаторите на Франкфурт Мафија.)
Павле Пајо. Тип на криминал: Трговија со дрога. Статус: Во затвор од 2014. (Павле Пајо бил дел од Франкфурт Мафија и криминално дејствувал и во двеиљадитите години.)
Лазе Николов Чак. Тип на криминал: Лихварење, Тепачки. Статус: Убиен 2002 година. (Лазе Николов Чак криминално дејствувал и во двеиљадитите години се до неговата смрт.)
Зоран Јанев Штипот. Тип на криминал: Тешки кражби, Рекетирање, Тепачки и престрелки, Нелегално коцкање, Проституција. Статус: Преселен во Германија. (Зоранчо Јанев Штипот криминално дејствувал и во двеиљадитите години.)
Љупче и Василче Тодорови т.н. Скчевци. Тип на криминал: Трговија со дрога, Лихварење, Тепачки и убиство. Статус: Одселени во Италија и Англија. (Љупче и Василче Тодорови криминално дејствувале и во двеиљадитите години.)
Сашко Неугебауер Лапе. Тип на криминал: Трговија со дрога, Рекетарство, Тепачки, Упади и демолирања, Кражби. Статус: Во затвор од 2014 година. (Сашко Неугебауер Лапе криминално дејствувал и во двеиљадитите години.)
Од (2000 година) до денес
Франкфурт Мафија (Криминална група). Тип на криминал: Трговија со дрога (Хероин и друго) во Франкфурт Германија и Виена Австрија. Статус: Непотполно згасната. (Почетоците на Франкфурт Мафија се во раните девеесети години).
Јордан Јорданов Ркулот. Тип на криминал: Трговија со дрога, Лихварење. Статус: Убиен 2010 година. (Јордан Јорданов бил еден од организаторите на Франкфурт Мафија.)
Еко Муриќ и неговиот брат т.н. Зајковци. Тип на криминал: Трговија со дрога. Статус: Преселени во Германија. (Еко Муриќ и неговиот брат т.н. Зајковци биле дел од Франкфурт Мафија.)
Неготино
Период пред осамостојување на Македонија до (1990/1) година
...
Од (1990/1) до (2000) година
...
Од (2000 година) до денес
Љупчо Пецов Ѓаволот. Тип на криминал: Трговија со дрога. Статус: Во затвор од 2012 година осуден на 9 години затворска казна.
Александар Вељановски Цандо. Тип на криминал: Трговија со дрога. Статус: Жив.
Кочани
Период пред осамостојување на Македонија до (1990/1) година
...
Од (1990/1) до (2000) година
...
Од (2000 година) до денес
Драган Стоименов Дацо Белски. Тип на криминал: Рекет, Тепачки и престрелки, Упади, вандализам и демолирања во локали и објекти. Статус: Жив.
Столе Трпевски. Тип на криминал: Рекетирање, Лихварство, Нелегално коцкање, Тепачки престрелки убиство бомбашки напади. Статус: Во затвор од 2012 година.
Жан Железарски. Тип на криминал: Рекетирање, Лихварство, Тепачки и бомбашки напади. Статус: Во затвор од 2012 година осуден на 14 години затворска казна.
Струмица
Период пред осамостојување на Македонија до (1990/1) година
...
Од (1990/1) до (2000) година
...
Од (2000) до денес
Славчо Васков Пинда. Тип на криминал: Тепачки, Упади демолирања и вандализам. Статус: Жив.
Лазо Котуровиќ Длгио. Тип на криминал: Лихварење, Тепачки. Статус: Жив.
Прилеп
Период пред осамостојување на Македонија до (1990/1) година
Диклевци (Криминална група). Тип на криминал: Тепачки, Нелегално коцкање, Кражби и тешки кражби, Шверц на цигари. Статус: Згаснати. (Диклевци биле криминална грпа која дејствувала во седумдесетите и осумдесетите.)
Од (1990/1) до (2000) година
Никола Мојсоски Коло. Тип на криминал: Рекетирање, Тепачки. Статус: Убиен во 2005 година. (Никола Мојсоски Коло бил криминално активен и во двеиљадитите години се до неговата смрт.)
Сашо Тасески Прчето. Тип на криминал: Рекетирање, Тепачки и престрелки. Статус: Убиен во 2006 година. (Сашо Тасески Прчето бил криминално активен и во двеиљадитите се до неговата смрт.)
Бруно Зографоски. Тип на криминал: Рекет, Тепачки, Хулиганство. Статус: Убиен 2001 година.
Зоран Спиркоски Кусио. Тип на криминал: Тешки Кражби, Лихварење, Трговија со дрога. Статус: Починат 2014 година. (Зоран Спиркоски Кусио криминално дејствувал и во двеиљадитите години се до неговата смрт.)
Од (2000 година) до денес
Марјан Марковски Мачето. Тип на криминал: Рекетирање, Бомбашки напади, Тепачки и престрелки. Статус: Во затвор од 2008 година.
Благојче Коруноски. Тип на криминал: Рекетирање, Тепачки и убиство. Статус: Жив.
Битола
Период пред осамостојување на Македонија до (1990/1) година
...
Од (1990/1) до (2000) година
...
Од (2000 година) до денес
Зоки и Драги Рамбовци. Тип на криминал: Лихварење, Рекетарство, Тепачки. Статус: Живи.
Ѓоко Мајор. Тип на криминал: Трговија со дрога, Лихварење. Статус: Жив. (Ѓоко Мајор бил дел од Франкфурт Мафија.)
Охрид
Период пред осамостојување на Македонија до (1990/1) година
...
Од (1990/1) до (2000) година
Живко Менкиноски. Тип на криминал: Лихварење. Статус: Жив. (Живко Менкиноски криминално дејствувал и во двеиљадитите години.)
Од (2000 година) до денес
Димче Грунец. Тип на криминал: Трговија со дрога. Статус: Жив.
Нефи Усеини. Тип на криминал: Трговија со дрога, Лихварење, Тепачки, Борби со кучиња. Статус: Жив.[DOUBLEPOST=1447684237][/DOUBLEPOST]Еве го ветеното
конечно исполнето. ^