Терористички напади во светот

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
Еден од нападите се случил на концерт на кои настапувале The Eagles... таму има над 35 загинати
 
Тие организациите што скокаа и јадеа гомна дека мигрантите се дискриминирани и дека не им се обрнува внимание и што собираа поени со хуманитарност, нека одат и нека им изразуваат сочувство на фамилиите од овие што разлетале на парчиња и нека им одржат по некоја лекција за хуманост.
Нема везе ова со мигрантите. Вакви терористички напади од 2001 се случува во Западните земји.
 
А која е алтернативата?
Нема алтернатива, целта е да се постигне диференцијација во самото Француско општество, каде има доста муслимани. Да се префрли топката на друго место.

Токму една од причините за овие напади се да се испоровоцира реакција, надвор од институциите, за да излезе ситуацијата вон контрола. Така повеќе нема да има умерени, или си наш или си нивни.
 
па 2 такви “бедници“ ја кренаа европа и светот на нозе пред неколку месеци исто во Париз. Па држеа французите мобилизирана војска, полиција, со автоматски пушки шетаа патроли околу Ајфеловата кула... потрошија неколку десетици или стотки милиони евра поради нив.
и сега 10 “бедници“ ќе внесат страв немир и омраза на еден континент. 10 калашникови 20 бомби, се на се 5000 евра материјал и 10 фанатици ќе сменат начин на живот, мислења, идеји.... на милиони.
Тие успеваат во тоа, сега ќе се запалат неколку џамии или бегалски кампови, ќе се претепа или убие некој муслиман, ќе се продлабочи јазот меѓу вери и нации.... Тоа им е идејата и како шо гледаш, ние играме тие како шо сакаат.
Французите пробуваа да пресретнат напад. Таква група не се пресретнува, таква група се ништи превентивно. Без многу мислење и филозофирање за оправданост. Ако се мачат да пресретнат, никогаш нема да успеат. Баш затоа што се ќелии.

И што ако се продлабочи јазот? Ќе се уплаши Франција од моќните Арапи со калашњикови? Оваа состојба во која пробуваат да глумат либерали и идиоти не им одговара на Французите. При продлабочен јаз, тие се тие што диктираат темпо, бидејќи имаат поголем пиштол.
 
Нас никој не не чепка..Посебно не тие од ИСИС..Зошто?Па од Косово и од МКД има голема група на Македонци што се борат на нивна страна.Така да ние сме безбедни,што се однесува од страна на ИСИС..
Лелеее дај ме лупај....
 
Нема везе ова со мигрантите. Вакви терористички напади од 2001 се случува во Западните земји.
Мислам дека има везе со мигрантиве. Полека вакви настани ќе донесат реакција на Европјаните и тоа најмногу врз новите доселеници. А тоа нив ќе ги радикализира, сакале или неќеле.
 
Лелеее дај ме лупај....

Абе тие на картата нема да не најдат..Одговорив оти еден член пишал не е на арно работава..Не е на арно во Франција..Нас ништо нема да ни биде.
 
па 2 такви “бедници“ ја кренаа европа и светот на нозе пред неколку месеци исто во Париз. Па држеа французите мобилизирана војска, полиција, со автоматски пушки шетаа патроли околу Ајфеловата кула... потрошија неколку десетици или стотки милиони евра поради нив.
и сега 10 “бедници“ ќе внесат страв немир и омраза на еден континент. 10 калашникови 20 бомби, се на се 5000 евра материјал и 10 фанатици ќе сменат начин на живот, мислења, идеји.... на милиони.
Тие успеваат во тоа, сега ќе се запалат неколку џамии или бегалски кампови, ќе се претепа или убие некој муслиман, ќе се продлабочи јазот меѓу вери и нации.... Тоа им е идејата и како шо гледаш, ние играме тие како шо сакаат.
Европа е голема, мигранти се распрскаа из неа, германија, шведска, англија, италија, грција, франција... сегде има по некоја стотина фанатици кои кога и да е ќе и промакнат на полиција и разузнавање. Нив не им е мета владина зграда, се му е исто, дискотека, школо, болница, автобуска, стадион, метро.... кој ќе контролира секоја улица и кафиќ?
Чаре?
 
Нема везе ова со мигрантите. Вакви терористички напади од 2001 се случува во Западните земји.
Да, но вака се зголемија шансите и се овозможи многу полесен транзит на тие таквите групи, играјќи на карта барање милост и криејќи се под сукњите на жените и децата.
Проблем е се што не е проблем, колку и наивно да изгледа тоа со бегалците си има друга позадина.
Добар датум обрале за бомбашки напад, посебно за оние што се суеверни....
 
Нема везе ова со мигрантите. Вакви терористички напади од 2001 се случува во Западните земји.
95% од извршителите дошле во Европа како мигранти. Не како научници.
 
Ако вечерва Оланд ја прати армијата низ Франција со задача да ја протресе секоја радикална џамија и со наредба да стави по некој куршум во чело на секој што им личи сомнително, ќе видиме колку ќе се радуваат. И дали ќе може да регрутираат нови.

Мене една работа ме збунува. Да не звучам премногу политички во моментов, но ако либералната и левичарска агенда доведе до ова дереџе, како го објаснуваш феноменот дека деценија веќе во Европа во мнозинство земји владеат конзервативци и десничари (Камерун, Меркел, Берлускони, Саркози), исто е и во инситутциите на ЕУ. Знам дека во конкрентниов случај Оланд е левичар, но ми ја сфаќаш поентата.

Има нешто во нашиов и европскиот менталитет што е над партиски и идеолошки поделби. Станавме континет на слабаци и кукавици.
 
Абе тие на картата нема да не најдат..Одговорив оти еден член пишал не е на арно работава..Не е на арно во Франција..Нас ништо нема да ни биде.
Види Франција не е на картата на калифатот, ние сме. Во Франција нема да има повеќе од нереди и терористички напади, кај нас е можна и војна.
 
Мислам дека има везе со мигрантиве. Полека вакви настани ќе донесат реакција на Европјаните и тоа најмногу врз новите доселеници. А тоа нив ќе ги радикализира, сакале или неќеле.
Можеби во право си но вакви терористички напади се случува од 2001 во западните земји.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom