Мигрантите низ Македонија

Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
@Lurtz
http://mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/288/132861906
Да не цитирам сега делови, можеш сам да ги издвоиш соодветните делови што се однесуваат на сместување за мигрантите, и за туѓинските војски (ака Фронтекс).
Тоа го читам, не одговори како е можно една суверена држава да дозволи т.н. странски војски и кампови на нејзина територија. Нешто овде не штима. Дали ние иаме институции, устав, закони итн или не.
 
Последно уредено:
Т

Триптико

Гостин
Тоа го читам, не одговори како е можно една суверена држава да дозволи т.н. странски војски и кампови на нејзина територија. Нешто овде не штима. Дали ние иаме институции, устав, закони итн или не.
Немаме!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
затоа не треба да се лутиме секојпат секому само не себеси за нашите грешки и слабости.
Патем, се обидов да најдам некоја историја со Фронтекс. Со нив имаме потпишувано некои договори, ниту случајно ниту насилно можат да влезат.

http://frontex.europa.eu/assets/Partners/Third_countries/WA_with_former_Yugoslav_Republic_of_Macedonia.pdf

Working Arrangement with the fYR of Macedonia Concluded
2009-02-03
Ths Working Arrangement between Frontex and the Ministry of Internal Affairs (MIA) of the former Yugoslav Republic of Macedonia entered into force on 20 January 2009. This is yet another working arrangement signed by the Agency with a neighbouring country. Close cooperation with third countries is one of the core elements of the EU Integrated Border Management that is being implemented by the Agency.
Cooperation between Frontex and the MIA will be developed gradually from information exchange and risk analysis, through common training and R&D projects, to joint operational measures. The enhancement of cooperation in the field of risk analysis will be the first step to enact the agreement. As a matter of fact the fYROM authorities have already taken part in some of the activities of the Frontex Risk Analysis Unit focused on the Western Balkans.
So far Frontex has formalised the cooperation with law enforcement authorities of six countries including the Russian Federation, Ukraine, Croatia, Moldova, Georgia and the fYR of Macedonia. Negotiations with another thirteen are ongoing.

понатаму, дека не се ни први ни последни "странски војски" во државава, говорат и други информации (Кфор, Еуфор, Нато...)
https://en.wikipedia.org/wiki/EUFOR_Concordia

дека одамна влегуваат голем број мигранти (а сите се "изненадени"), говорат и овие податоци

Illegal border crossings on the Western Balkans route in numbers


Illegal border crossings on the Eastern Mediterranean route in numbers

Во врска со т.н. странски војски
Иванов (не соросоидите ами актуелниот претседател на РМ) ќе побара активирање на Frontex
http://vecer.mk/makedonija/ednostavno-prashanje-koj-e-od-drugata-strana-na-granicata-grcija-ili-fronteks

И нема да добие заради одбивање на грците. "За Македонија е неповолно што нема да бидат распоредени силите на Фронтекс на македонско-грчката граница заради противењето на Грција"
http://www.telma.com.mk/vesti/balkanot-nema-da-se-pretvori-vo-chekalnica-za-begalcite

Теориите дека секогаш соросоидите и Сорос не мразат, "другите се виновни" или дека "граѓаните се виновни" (како и со кумановскиот случај) се непродуктивни
 
Т

Триптико

Гостин
@Lurtz и ти почна селективно да читаш. Не рековме дека некој ќе ни прати војска без наше знаење. Секогаш ние сме виновни што потпишуваме што стигнеме, без да читаме. Иванов што бара распоредување на Фронтекс покажува дека сме неспособни сами да се справиме со проблемот. Плус, наредено му е. Тоа барање е про форма.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.868
Поени од реакции
36.915
Лобираме за да се постави Фронтекс на надворешната граница од страна на Грција со цел да се води контрола на тие имигранти што излегуваат од Грција и да ги евидентираат тие што не биле евидентирани на грчките острови.
Во моментов грчка полиција само ни ги тура како партали имигрантите на наша граница.

Нормално дека они одбија, зошто ако дојде Фронтекс они ќе мора да ги евидентираат прописно и ќе не може туку така да ни ги истовараат на граница.

Никаде не се бара Фронтекс да дојде кај нас и на нас да ни ја заврши работата.
На крај не ни постои правна рамка за тоа бидејќи Фронтекс е организација на ЕУ а ние не сме членка.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Уапсен осуден терорист меѓу спасените бегалци во Италија
8. НОЕМВРИ 2015 - 12:17 | МАКФАКС

Италијанската полиција уапсила државјанин на Тунис, опасен припадник на исламистичка терористичка група кој бил меѓу имигрантите кои во октомври биле спасени на море, и веднаш го вратила во татковината, пишува весникот La Repubblica.



Станува збор за 38-годишниот Бар Наср Мехди, кој бил спасен од водите на Средоземното Море на 4 октомври во акцијата на италијанските поморски сили, заедно со уште околу двесте лица, и бил пренесен на италијанскиот остров Лампедуза.

По земањето отпечатоци, властите откриле дека тој лажно се претставувал како Мохамед Бен Сар и дека во 2008 година биле уапсен во Италија, осуден на седум години затвор поради тероризам и протеран со големи безбедносни мерки со забрана за враќање во земјата по отслужување на затворската казна.

„Информацијата била држена во тајност за да не се покрева вознемирување“, пишува италијанскиот дневен весник.

„Случајот ги потврдува стравувања дека терористите влегуваат во Европа во чамците заедно со очајниците кои доаѓаат од северноафриканскиот брег“, истакнува La Repubblica.

Во соопштението објавено на 8 октомври, полицијата во Агриџенто, на Сицилија, извести дека Мехди бил уапсен заедно со уште тројца Тунижани на коишто им била одредена мерка прогони забрана за враќање во Италија, но не беше споменат ниеден податок за нивната поврзаност со тероризмот.

Името на Мехди Бен Наср бил на врвот од листата на најопасни терористи на италијанското разузнавање, како стручњак за експлозиви и организатор на регрутирањето на џихадисти и нивно испраќање во Сирија, Ирак и Авганистан.

Тој бил уапсен во голема антитерористичка операција на италијанската полиција во април 2008 година во близина на Реџо Емилија, во северниот дел од земјата. Идентификуван бил како мозокот на притаена терористичка ќелија составена од Сиријци и Авганистанци.

http://kajgana.com/uapsen-osuden-terorist-megju-spasenite-begalci-vo-italija
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Лобираме за да се постави Фронтекс на надворешната граница од страна на Грција со цел да се води контрола на тие имигранти што излегуваат од Грција и да ги евидентираат тие што не биле евидентирани на грчките острови.
Во моментов грчка полиција само ни ги тура како партали имигрантите на наша граница.

Нормално дека они одбија, зошто ако дојде Фронтекс они ќе мора да ги евидентираат прописно и ќе не може туку така да ни ги истовараат на граница.

Никаде не се бара Фронтекс да дојде кај нас и на нас да ни ја заврши работата.
На крај не ни постои правна рамка за тоа бидејќи Фронтекс е организација на ЕУ а ние не сме членка.
не навлегувам во подробностите. Имаме договори, соработка, билатерални договори за заеднички операции итн. Суштината е да се тргне еднаш настрана она -леле, странски војски ќе ни шетаат, леле нов берлински договор :sick:

@Lurtz и ти почна селективно да читаш. Не рековме дека некој ќе ни прати војска без наше знаење. Секогаш ние сме виновни што потпишуваме што стигнеме, без да читаме. Иванов што бара распоредување на Фронтекс покажува дека сме неспособни сами да се справиме со проблемот. Плус, наредено му е. Тоа барање е про форма.
Токму тоа сакам да го потенцирам. Се е со наше знаење и одобрение. Доста е хистерија демек готово, не окупираа. Таа соработка постои одамна и не е ништо ново, ниту лошо, агенција за обезбедување на границите на европската зона во некоја рака.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.101
Поени од реакции
34.568
Тоа го читам, не одговори како е можно една суверена држава да дозволи т.н. странски војски и кампови на нејзина територија. Нешто овде не штима. Дали ние иаме институции, устав, закони итн или не.
Реторичко прашање?
Да не одам офтопик (модераторите многу сакаат така да ме толкуваат), веднаш ќе ти го одговорам прашањето и тоа од аспект на мигрантската криза.

Па токму мигрантската криза е главната причина зошто ние, сега пред неколку дена, (и официјално) го изгубивме суверенитот во Македонија. Овде сТранците ни кажуваат кој нема да биде на власт, и кога да има предвремени избори за да го постават на власт тој што сакаат да биде на власт. Ама за тоа некоја друга тема, назад на мигрантската криза:
Ни мафтаат морков наречен „преговори за прием во ЕУ:

Морковот е ЕУ, а ние ќе треба да ја заслужиме таа чест со исполнување задачи како градење на кампови и потоа населби за имигрантите. Нема да биде чудно и кога потоа ќе се бара градење „соживот“ со новото малцинство, како што тоа го правевме со старите малицнства (од кои добар дел се дојдени во последната бегалска криза, заради војната во Косово).



Во врска со т.н. странски војски
Иванов (не соросоидите ами актуелниот претседател на РМ) ќе побара активирање на Frontex
Да, а кој ги контролира нашите институции? Кој само што ни ја смени владата?
Те молам, биди објективен.



Теориите дека секогаш соросоидите и Сорос не мразат, "другите се виновни" или дека "граѓаните се виновни" (како и со кумановскиот случај) се непродуктивни
Кој кажа дека соросоидите и Сорос не мразат?
Тие си имаат задачи за исполнување, и како платеници ги извршуваат тие задачи за пари.

Но тие задачи се против нашите национални интереси. Во случајов сакаат овде да стане имигрантска Мека (pun intended). Сакаат да ни ги спопикаат тие имигранти кои веќе немаат место каде да ги чуваат кај нив, и згора на се, сигуран сум дека ќе ги одберат шљамот од шљамот, да ги вратат овде, најпроблематичните најзатуцани ликови - со кои ние после ќе си имаме проблеми.
Не ни треба тоа. Не само што не ни треба туку таков наплив на мигранти ќе биде катастрофа за вака мала (и згора на се, неспособна) држава како Македонија.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Реторичко .............
за вакви муабети зборам. Доволно е хистерија и плашење вау, не окупираа странски војски. Ова нешто станува како веќе видено од кумановските настани. За тебе се Сорос и сите надворешни "западни" фактори Америка ЕУ виновни, сите имале задача против македонските интереси, освен нашите институции. Пропаднавме, станавме протекторат ама па таков е животот.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.101
Поени од реакции
34.568
за вакви муабети зборам. Доволно е хистерија и плашење вау, не окупираа странски војски. За тебе се Сорос и сите надворешни "западни" фактори Америка ЕУ виновни, сите имале задача против македонските интереси, освен нашите институции. Ова нешто станува како веќе видено од кумановските настани.
Не можев да ја најдам темата за Џорџ Сорос, мистеризоно ја снемало или пребарувачот нечини. Ајде ќе се обидам пак да одговорам од призмата за мигрантскава криза.

Не знам како не разбираш, никаде не реков дека САД (чиј агент е Сорос) имаат нешто стриктно против Македонија. Проблемот е што нивните лични се косат со македонските интереси. На некое друго место за тоа.
Во сегашнава мигранска криза, американски интерес е што повеќе мигранти да завршат во Европа. Џорџ Сорос, како и секогаш, преку неговите НВО одработува за истите тие американски итереси.

Затоа имаш здруженија на млади педе... ова, млади правници, кои делат бесплатна помош добивање азил за имигрантите, бесплатна е затоа што чичко Сорос плаќа. Затоа имаш колумнисти кои пишуваат колумни каде бараат солидарност од сите нас (иако нема солидарност за нашите сопствени баратели на виза за имиргација). Затоа имаш пропаганда по сите можни медиуми кои се поврзани со ширењето на пропагандата за што поуспешен мигрантски продор во Европа.
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Се трошат милиони, а не се добива ништо за бегалците

Домашната стручна јавност е согласна дека Унијата, поради недостиг на солидарност и заедничка политика, се соочува со голема криза и поделба и дека во блиска иднина не се наѕира какво било конкретно решение за ситуацијата ниту, пак, некоја конкретна финансиска помош



Досега се потрошени најмалку пет милиони евра буџетски средства за мигрантите, а секој нареден месец Република Македонија ја чини околу милион евра и тоа само за ангажманот на безбедностите сили, без трошоците за здравствените и социјалните услуги, како и за услугите на хуманитарните организации. Во однос на прашањето до каде е финансиската помош од европските институции по ова неодамна се произнесе и претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, кој посочи дека од досега ветените 24 милиони евра, во земјава пристигнале само 90.000 евра за справување со кризата со мигрантите.

- Многупати досега ни е ветена таа помош, но поради нивни административни процедури таа доцни. Лично на последниот мини-самит посветен за мигрантите, во Брисел, разговарав со Жан-Клод Јункер и со неговиот заменик, како и со еврокомесарот Димитрис Авромопулос, кој е задолжен за бегалците. Нивните образложенија беа дека такви се административните процедури, но дека тие средства ќе ги добиеме наскоро. Останува да видиме дали тоа што го ветија ќе го исполнат - рече претседателот Иванов на последниот брифинг со новинарите за оваа тема, додавајќи дека само за безбедносните сили, за армијата и полицијата трошоците се повеќе од милион евра за еден месец.

Досега, како што информира претседателот, се потрошени пет милиони евра, без да се пресметаат здравствените и социјалните услуги, како и услугите на хуманитарните организации.

РАСТАТ ТРОШОЦИТЕ ЗА МИГРАНТИТЕ

Паралелно на ова изјава на македонскиот претседател, во интервју за германскиот весник „Велт ам зонтаг“ австрискиот министер за финансии Ханс Јерг Шелинг изјави дека растечките трошоци за згрижување на бегалците би можеле да ги загрозат буџетските планови дури и на некои европски влади.
- Краткорочните трошоци се високи, но предвидливи. Покритично е прашањето за долгорочните ефекти врз буџетот - нагласи Шелинг.

Тој истакна дека многу бегалци ќе останат во Европа, што значи дека владите би требало да размислуваат за изградба на куќи и станови.
- Се сомневам дека буџетите, кои сега се во план, ќе бидат доволни - нагласи Шелинг и во исто време го предупреди официјален Брисел дека би требало да размисли за овие исклучоци, кои претставуваат трошоци во однос на прописите на ЕУ за дефицит.

Инаку, на последниот самит во Брисел, на кој освен неколку засегнати земји-членки на ЕУ, низ кои поминува бегалската маршрута, присуствуваа и претставници на Македонија, Србија и на Албанија, не беше постигнат планот за концентрирање на бегалците по границите на Унијата. Во меѓувреме, Австрија, Германија, Хрватска и Словенија (Унгарија тоа веќе одамна го стори) се подготвуваат за затворање на коридорите по кои во нивните земји влегуваат мигрантите. Оттука, како што пренесуваат регионалните медиуми, се провлекува и оценката на неофицијалната европска шефица Ангела Меркел за можните случувања на Балканот, но дека таа „не би сакала во овој регион повторно да има судири“.

- Освен најавите од Германија дека тие ќе можат да примат од три до осум илјади бегалци дневно, оттаму доаѓа и најавата за враќање на 80.000 мигранти од балканските земји што ја искористиле оваа криза за влез во таа земја. И ова, заедно со очекуваниот огромен наплив на бегалци од Блискиот Исток, би бил навистина сериозен удар за безбедноста и стабилноста на балканските земји - пишува белградска „Политика“.

ДВОЛИЧНА ПОЛИТИКА НА БРИСЕЛ

Во меѓувреме, домашната стручна јавност е согласна дека Унијата во моментов поради недостиг на солидарност и заедничка политика се соочува со голема криза и поделба и дека во блиска иднина не се наѕира какво било конкретно решение за ситуацијата ниту, пак, некоја конкретна финансиска помош. Тие велат дека од сета оваа конфузна надворешна политика на Брисел најдебелиот крај може да го извлече регионот, вклучувајќи ја и Македонија.

Јордан Тасев, надворешнополитичкиот коментатор, смета дека Брисел досега покажа дека не е способен за решавање на кризата со мигрантите, а уште помалку е способен финансиски тоа да го проследи.
- Не е само проблемот со неединството во Унијата. Деновиве излезе на виделина досега вешто прикриваното лицемерство и себичност кога требаше да се даде хуманитарна помош, која ја докажа Македонија во 1999 година, кога згриживме околу 370 илјади бегалци од Косово. Сведоци сме дека тогаш, а и сега Брисел нема да ги даде ветените пари, како што тоа се случи и со ветувањата од 1999 година за Македонија. Сето ова го отвора сомневањето дека „цивилизираните“ членки на ЕУ, меѓу кои и нашите пријатели Унгарија и Словенија, креваат нови ѕидови, како одбрана од лавината бегалци и од Блискиот Исток. Со тоа по автоматизам сакаат да ни ги паркираат мигрантите по сѐ изгледа во Македонија и Србија - вели Тасев. Познавачот на политичките состојби Тасев во исто време и апелира до властите во Македонија будно и внимателно да ги следат заткулисните и „пријателски“ планови на Унијата за земјите од регионот врз основа на решавање на проблемот со мигрантите.

Сличен став дели и политичкиот аналитичар Александар Попоски. Тој вели дека во моментот политиката на ЕУ за распределување на товарот за бегалците, но и финансиската помош ветена за земјите зафатени од бегалскиот бран е смешна и несериозна.

- Немаат решение, а свесни се дека преселбата на народите што во моментов се случува ги надминува нивните расположливи капацитети и финансии. Сериозна грешка беше изјавата на Меркел дека бегалците се добредојдени и последиците ќе бидат далекосежни. Очигледно не беше сфатена димензијата на ова што се случува. Во целата таа ситуација многу лесно жртви можеме да излеземе ние и Србија. Затоа мораме да бидеме максимално внимателни и константно да ја потсетуваме ЕУ за што поскоро да ни го додели тој грант за справување на кризата - заклучува Попоски.


Извор
Нова Македонија

 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Проблемот е што нивните лични се косат со македонските интереси. На некое друго место за тоа..
Зашто на друго место, зошто да не е сега моментот да ни откриеш која е агендата на соросидите и кои се македонските интереси во контекст на темава-Македонија и мигрантите. Што точно се обидуваат тие соросоиди во оваа миграција на народите низ Македонија и против кои македонски интереси.
 
Т

Триптико

Гостин
@Lurtz сѐ ми е јасно што сакаш да кажеш. Ајде вака да те прашам. Ако Фронтекс е "полиција" за надворешна заштита на ЕУ територија, имаме: или Македонија, Србија, БиХ се црна дупка во таа територија, или Грција е истото во "нашата" (територија на држави надвор од ЕУ). Која е надворешната граница на ЕУ гледано на југ? И како е можно од сите страни да е ЕУ, а во самата средина да не е?

Ние сме исто како Сан Марино во Италија. Само што, таму не важат законите на Италија и истите не им се наметнуваат. Кај нас не важат официјално, но и тоа како се наметнуваат, по нивно да биде, преку договори, усогласување на законодавство итн.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom