Заборави да го додадеш и Барак Хусеин Обама во оваа група на почитувачи на волјата на народот.
Патем, еве ја најновата државничка одлука на Бери од Хонолулу, достојна за државник како него, како што би рекол нашиот државник Хорхе.
После долгогодишни одлагања и ревизии на проектот, Бери од Хонолулу одлучи да ја забрани изградбата на нафтоводот Кистон ИксЕл (Keystone XL), кој би ги снабдил САД со нафта од Канада, што се разбира, на дебело би придонело за намалување на цените на нафтата, не само на американско ниво, туку и на светско ниво.
Obama kills the Keystone Pipeline
На ваквата одлука на државникот Бери од Хонолулу, претходеше резолуција која американскиот Конгрес ја усвои, а со која Конгресот на САД - а не претседателот - требаше да гласа за одобрување или забранување на изградбата на овој нафтовод. Но Бери сакаше да си го задржи таквото ексклузивно право за себеси лично, поради што одби да ја потпише усвоената резолуција, односно стави вето на истата, и на крајот донесе лична одлука со која ја забрани изградбата на нафтоводот Кистон ИксЕл.
Сигурно ваквата одлука на Бери од Хонолулу нема никаква поврзаност со неговата долгогодишна поддршка од и кон Ворен Бафет, милијардерот кој профитира од транспортирање на канадската нафта од Канада во САД преку неговата приватна железничка пруга.
И секако, сигурно ваквата одлуката на Бери нема никаква поврзаност со фактот дека од ваквата негова лична одлука, освен Бафет, на дебело ќе профитираат и државите членки на нафтениот картел ОПЕК, како што се Венецуела, Саудиска Арабија, Кувајт, Катар, Обединетите Арапски Емирати и бројни други држави во кои исто така се почитува волјата на народот, само на тоталитаристички поинаков начин.
Чисто за потсетување - Барак Хусеин Обама беше реизбран за претседател на САД во 2012 година, но подоцна, во 2014 година, беа избрани сегашните пратеници во американскиот Конгрес и во американскиот Сенат, што им дава на нив поголем легитимитет наспроти Бери од Хонолулу, но ете, Бери на свој начин ја третира волјата на народот, или како што еден наш некогашен самопрогласен државник кажа - народот секогаш е во право, па дури и кога греши.