Мотелот има 5 соби со рецепција, и некој ке речи дека Македонската радозналост издржа толку дена без да проба да отвори врата?! Ова е многу чудно според мене.[DOUBLEPOST=1446594611][/DOUBLEPOST]
Ајде ке разбериме нешто и за Петрит Аме.
Пошо не видов во темата ништо околу него.
Да да да Петрит Аме бил еден од најголемите во тоа време он е од првите криминалци од најголем калибар пред некое време разбрав за него. Ке се потрудам и нешто околу него да има иначе и за воопшто сите албански криминалци имам јак извор.
[DOUBLEPOST=1446650192][/DOUBLEPOST]Арслан Нуиши (Арслан Пода)
Ова е стара слика од Арслан, но неможев да најдам понова. Освен Арслан и неговиот брат е исто така високо рангиран криминалец, но Арслан се смета за Бос односно за главен и на фамилијата и на неговата криминална група. Арслан е главниот и најголемиот во Грчец а исто така важно е да се каже и дека е еден од најголемите и најпознатите криминалци воопшто во Македонија.
Делата на Арслан Нуиши.
Најголемото дело со кое е поврзан Арслан е атентатот на Киро Глигоров, не беше конкретно обвинет дека баш тој е сторител, организатор или извршител на атентатот, но бил уапсен под обвинение дека ги знае нарачателите и извршителите кои се сметаше дека се од Чешка поради силните криминални врски на Арслан со Чешка кои со години и децении траат.
Арслан Нуиши преку неговата група во главно се занимавал со дрога, тешки кражби, крадење луксузни автомобили, лихварство и киднапирања.
Едно од најголемите дела на Арслан е киднапирањето на Љуљзим Бегај (бизнисмен од Косово) за кое дело Арслан беше осуден на 10 години затвор, но како и обично не одлежа ниту десет минути не 10 години.
Едно од последните големи дела со кои се поврзува Арслан е голем грабеж на Прокредит Банка во 2009 година во центарот на Скопје. После неколку дена од грабежот Арслан е уапсен во Грчец во чајџилница и во неговиот автомобил наоѓаат цел арсенал оружје и како и обично немаат доволно докази за негово обвинение и пресуда.
Акцијата мрежа (последниот пад на Арслан Нуиши Пода)
На 14 Август 2014 година во сопствениот дом во Грчец Арслан е уапсен од страна на полицијата. Уапсен е и неговиот брат најверојатно а уапсени се и некои од неговата група низ Грчец. Обвинението за оваа акција гласеше дека Арслан и неговата дружина се осомничени за трговија со дрога а конкретно е наведена наводна пратка со марихуана која паднала неколку месеци пред да го уапсат. Исто така заборавив да кажам дека Арслан е осудуван во отсуство во Чешка и Словачка за трговија со дрога и нормално и од тие пресуди нема одлежано затвор.
(Мое мислење е дека после десетици години криминална кариера и големо криминално реноме на интернационално ниво Арслан го уапси власта преку раката на МВР и го обвини за смешно дело само за да има рачка за обвинение и пресуда од 10 години затворска казна бидејки им смета во нивните криминални бизниси. Штом волку падна Арслан највееројатно паднале и неговите врски со Чешка односно МВР можеше да го екстрадира Арслан во Чешка и Словачка за да ги одлежи тамошните дела али тие му смислија начин за сигурно овде да му го најдат крајот. Сакам да напоменам дека и власта читај чичко Мијалков имаат силни врски со Чешка и во политиката и во криминалот тамошен па најверојатно во тие релации имаат некаква несогласица штом ова се случи.)
Грид со најубаво објаснување накратко.
http://grid.mk/read/news/508336757/8238559/bosot-nuishi-padna-vo-akcijata-na-mvr
Снимка на МВР од апсењето каде е прикажан и приватниот имот, домот на Арслан во Грчец.
https://www.youtube.com/watch?v=Aoj8GOGx-yw
Утрински на долгои на широко за поврзувањето со атентатот на Киро Глигоров текстот е од 2006.
http://www.utrinski.mk/?ItemID=0B2BC18A3F001C4CB66A7B75D8FE7EA2