The Good Wife

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Локација
Некаде далеку...
Серијава колку што знам кај нас не е многу гледана, па затоа отварам тема со надеж дека ќе се најде уште некој кој со мене ќе споделува импресии.:icon_mrgr:

Серијава постојано добива одлични критики, а според магазинот TIME, серијава се најде на 5то место на најдобри серии за годината што изминува.

На кратко, серијата е правно-политичка драма во која има милион сплетки, случаи, натпревари.
Првата сезона започна во 2009та година, а моментално се снима 5та сезона. Последната прикажана епизода за годинава (ќе продолжи по новогодишните празници) беше јубилејната 100та епизода.

Серијата започнува со откривањето на голем финансиски скандал пропратен со секс со проститука на јавниот обвинител Питер Флорик, кој има жена и две деца. Алиша Флорик, која се откажала од кариерата за да биде мајка и сопруга, се наоѓа пред најголемата промена во животот. Сопругот и завршува во затвор, таа мора да се грижи за децата и на нејзина голема среќа, во пресрет и излага Вил Гарднер, нејзин колега од факултетските години кој води успешна адвокатска канцеларија заедно со Дајен Локарт. На времето, пред Алиша и Питер да се земат, имало некоја искра меѓу Алиша и Вил, но оттогаш поминале повеќе од 13 години.

Во меѓувреме Питер Флорик се бори да докаже невиност за да не остане во затвор, а се припрема и за нова изборна кампања и на помош му доаѓа озогласениот Илај Голд (за мене еден од најсмешните ликови во серијата) кој е политички консултант и е најпознат по огромното искуство во справување на кризи. Тука ја имаме и Џеки Флорик која е мајката на Питер и свекрвата на Алиша која си има свои планови.

Исто, ликови кои се појавуваат и се важни за серијата се Калинда Шарма која е истражувач за фирмата, Дејвид Ли, адвокат во Локарт - Гарднер, специјализиран за разводи, Кери Агос, кој во исто време со Алиша влегува во фирмата, децата на Алиша - Зек и Грејс, како и уште неколку други на кои не ми текнува сега. :)

Серијава од самиот почеток добива предобри критики, навистина одлична феноменална драма, која покажува какви сплетки има во политичкиот, но и во правниот свет. Серијата е создадена од Роберт и Мишел Кинг, а интересен момент што меѓу извршните продуценти на шоуто се наоѓа името на Ридли Скот. :)

Ја препорачувам топло и се надевам дека на форумов има барем уште некој што ја гледа па ќе ми се придружи во коментирање.

Еве и едно видео за тие што не се запознаети:

Ух, ја почнав пред година дена но имав обврски и ја баталив.

Ѝ се спремам навелико од ова зимо, читам се повеќе позитивни критики за новите сезони. Заедно со Scandal една од најгледаните и најзборуваните legal драма серии.

Патем, Џулијана е врвна глумица, а и читам доста добри гостувања има во серијата, така да мора да се гледа. :)
 
ЈЕЕЕЕС; I AM NOT ALONE! :icon_mrgr:

Шегата на страна, одлична е серијата, особено како што одат сезониве, а 5тава е ВРВ! Секоја епизода е која од која.

Има многу гостувања меѓу кои Аманда Пит, Метју Пери и тон други, плус има многу поврзаност со денешната реалност, а има и доста хумор. Плус поставува многу морални прашања и уствари сфаќаш дека не е се во животот црно или бело. :)
 
Јас ја пратам уште од почетокот, од нејзиното излегување и еве веќе 5 години уживам во секоја епизода. Инаку на слична тематика е и серијата Suits, ако ја немаш гледано, ти ја препорачувам :)
 
Јас ја пратам уште од почетокот, од нејзиното излегување и еве веќе 5 години уживам во секоја епизода. Инаку на слична тематика е и серијата Suits, ако ја немаш гледано, ти ја препорачувам :)

Ја знам Suits, ама уште не и дошло времето. Се спремам да ја гледам, ќе биде само да ми дојде моментот.:icon_mrgr:
 
Значи иако сум меѓу единствените на форумов и во државава што ја гледа серијава, сепак морам да ја искоментирам последната епизода.
Уште не можам да се соземам, саат време од кога заврши пукнав од плачење, уште депресии ме пукаат.
Како можеа вака да ја свртат цела серија?
:place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place:
 
Пред една недела кога ја гледав серијата и реков на другарка ми дека ми е една од омилените, и онака едвај си ја чекав да излезе ама мислам дека после оваа епизода ќе престанам да ја гледам. Подобро да ја прекинеа:place::place::place::place::place:
 
Буквално ми се скрши срцето, не можам да ти објаснам, еден од поомилените ликови генерално во серии ми беше.
Не можев да престанам да липам, мајка ми влезе во соба мислеше нешто ми се десило. Значи стварно не можам емоционално да ги поднесам ваквите драма серии. Ќе ме убие емотивноста еден ден...:place::place::place::place::place::place::place::place::place::place: Уште сум у депресивно расположение, ќути барем се смирив. Како можеа ова да го направат не можам да си поверувам...
 
На сцената во болницата кога Калинда го открива
бев :eek::eek::eek::eek::eek::eek::eek::eek::eek::eek: па ми фали едно смајли што се пука у глава. Ни на red wedding не бев толку потресена.
 
Леле не ми скоривај јадови... пак ќе почнам да плачам, ми се насолзија очите само што ми текна на тоа...:place::place::place::place::place:
 
Ќе биде интересно да се види каков тек понатаму ќе добие серијата, се надевам ќе биде повторно добра за гледање (иако не сум баш убеден дека ќе биде лесно).
 
Ќе биде интересно да се види каков тек понатаму ќе добие серијата, се надевам ќе биде повторно добра за гледање (иако не сум баш убеден дека ќе биде лесно).
Ќути, многу сум разочарана. Го обожавав Вил како карактер, искрено вчера ми текна на сцената и пак ми се насолзија очите.
Читав соопштение за јавноста на креаторите, рекоа дека поентата била да докажат како времето за Вил и Алиша секогаш било погрешно и дека фокусот на серијата била Алиша и како таа се справува со животот и дека ова треба сега да ја промени.
Немам коментар.
Ме убија во поим. Мене и сите што ја гледаа серијава. :place::place::place::place::place::place:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom