Crazy in Love
Here's looking at you kid.
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 23.859
- Поени од реакции
- 25.413
Серијава колку што знам кај нас не е многу гледана, па затоа отварам тема со надеж дека ќе се најде уште некој кој со мене ќе споделува импресии.
Серијава постојано добива одлични критики, а според магазинот TIME, серијава се најде на 5то место на најдобри серии за годината што изминува.
На кратко, серијата е правно-политичка драма во која има милион сплетки, случаи, натпревари.
Првата сезона започна во 2009та година, а моментално се снима 5та сезона. Последната прикажана епизода за годинава (ќе продолжи по новогодишните празници) беше јубилејната 100та епизода.
Серијата започнува со откривањето на голем финансиски скандал пропратен со секс со проститука на јавниот обвинител Питер Флорик, кој има жена и две деца. Алиша Флорик, која се откажала од кариерата за да биде мајка и сопруга, се наоѓа пред најголемата промена во животот. Сопругот и завршува во затвор, таа мора да се грижи за децата и на нејзина голема среќа, во пресрет и излага Вил Гарднер, нејзин колега од факултетските години кој води успешна адвокатска канцеларија заедно со Дајен Локарт. На времето, пред Алиша и Питер да се земат, имало некоја искра меѓу Алиша и Вил, но оттогаш поминале повеќе од 13 години.
Во меѓувреме Питер Флорик се бори да докаже невиност за да не остане во затвор, а се припрема и за нова изборна кампања и на помош му доаѓа озогласениот Илај Голд (за мене еден од најсмешните ликови во серијата) кој е политички консултант и е најпознат по огромното искуство во справување на кризи. Тука ја имаме и Џеки Флорик која е мајката на Питер и свекрвата на Алиша која си има свои планови.
Исто, ликови кои се појавуваат и се важни за серијата се Калинда Шарма која е истражувач за фирмата, Дејвид Ли, адвокат во Локарт - Гарднер, специјализиран за разводи, Кери Агос, кој во исто време со Алиша влегува во фирмата, децата на Алиша - Зек и Грејс, како и уште неколку други на кои не ми текнува сега.
Серијава од самиот почеток добива предобри критики, навистина одлична феноменална драма, која покажува какви сплетки има во политичкиот, но и во правниот свет. Серијата е создадена од Роберт и Мишел Кинг, а интересен момент што меѓу извршните продуценти на шоуто се наоѓа името на Ридли Скот.
Ја препорачувам топло и се надевам дека на форумов има барем уште некој што ја гледа па ќе ми се придружи во коментирање.
Еве и едно видео за тие што не се запознаети: