- Член од
- 12 мај 2015
- Мислења
- 112
- Поени од реакции
- 172
Романскиот премиер Виктор Понта денеска соопшти дека поднесува оставка, откако во романскиот главен град Букурешт следеа големи демонстрации по трагедијата која што се случи во еден ноќен клуб во романската престолнина, пренесува AFP.
Во трагедијата во ноќниот клуб загинаа 32 лица, а на протестите во Букурешт демонстрантите побараа одговорност и оставка од Понта. Во вторникот вечерта на улиците низ Букурешт протестираа околу 15 илјади луѓе. Покрај главниот град, слични демонстрации се одржаа и низ повеќе романски градови.
„Го враќам мандатот. Се надевам дека оставката на Владата ќе ги задоволи луѓето кои протестираа на улица“, изјави Понта.
Инаку во трагедијата во ноќниот клуб се случи откако пиротехничката опрема предизвика пожар во кој животот го загубија 26 лица, а од повредените 200 лица, потоа починаа уште шест. Ноќниот клуб ја немал потребната дозвола за организација на концертот, ниту пак за пиротехничката опрема. Тројцата сопственици на клубот од вторник се во притвор.