- Член од
- 4 јули 2008
- Мислења
- 6.134
- Поени од реакции
- 1.896
Денес на прес-конференција во Мелбурн, на голема радост на сите македонци низ целиот свет, а и пошироко, за прв пат беше најавена Македонската вселенска програма, од страна на здружението на Самосвесни Патриотски Едуцирани Револуцинерни Македонски Афирматори од Австралија и Нов Зеланд. Тие, во соработка со македонски гастербајтери од САД, Канада и западна Европа решија да ја финансираат оваа вселенска програма која има за цел да ја издигне Македонија за скалило погоре и да го потврди, веќе докажаното, научно реноме на Македонија и Македонскиот народ.
Џонатан Делчев и Мајкл IV Македонски, во хотелот Хилтон, пред неколку илјадна публика, ја изнесоа својата замисла за оваа вселенска програма. Во ова соопштение беше изјавено дека уште во првата четвртина во 2016 година, во мариовскиот крај, треба да се започне со изградба на ракетодром, а паралелно да се започне со изградба на научно-истражувачки комплекс во Бунарџик. Исто така во 2020 година треба да се лансира првата ракета во земјината орбита, до 2023 да слета првиот македонец на месечината, а веќе во 2028 да се слета и да се започне со градење на базенти на Марс. Од здружението велат дека финансиите за оваа програма ќе бидат одделени од македонската дијаспора.
Научниот тим на оваа мисија ќе биде составен од врвни македонски научници, на чие чело ќе стојат Ушко Војовски, Ниче Македонски и Стојмир Симјаноски. Овие реномирани експерти имаат докажано познавање од физиката, машинството, астрономијата и историјата. За голема среќа имавме можност да разговараме со нив и тие ни открија дел од програмата, односно видот на леталата и нивниот принцип на работа.
„ Леталата нема да бидат ништо налик ова што досега го познаваме, тие ќе бидат нешто револуционерно и македонски, дадено од господа“ - вели Ушко. Изгледот на вселенскиот брод ќе биде во облик на кочиите кои биле користени од Филип II и Александар Македонски™. Иако изгледот е необичен, конструкторите се одлучиле на овој дизајн порадо докажаноста на овие кочии во битките со Хелените и Персијците. Овој вселенски брод како оружје ќе користи 16 метарски сариси, а како оклоп ќе се користи најквалитетна македонска бронза, произведена во Италија, премачкана со семоќниот минерал Лорандит ископан директно од Алшар. Оваа заштите е ставена во случај да има проблеми со вонземјаните кои често доаѓаат во посети на Штип, Кокино и Цоцев Камен.
Погонувањето на овој вселенски брод е ремек дело на научникот Ушко. Погонскиот агрегат ќе биде базиран на принципот на работа на неговиот Перпетуум Мобиле. Како што ни беше објаснато, Ушко има изработено ворп погон, како тој од Стар Трек, кој работи на принципот Перпетуум Мобиле. Имено во центарот има поставено воденица која е погонувана од вода, а со своето забрзано ротационо движење перките го искривуваат простор-времето и причинуваат придвижување на вселенскиот брод со огромна брзина.
Овој неверојатен проект има за цел да ја докаже големината на Македонската нација и народ и неговата доминација над светот. Со овој проект се докажува дека Македонија е никулец на целата цивилизација во светот и дека се потекнува од нас. Овие големи Македонски умови повторно ќе ја вратат големината на Македонија како во времето на Александар Македонски™.