- Член од
- 16 април 2010
- Мислења
- 2.557
- Поени од реакции
- 1.502
Абе и јас можам да соберам група момци од теретана и да одам да ги искршам возилата на OSCE, ама затоа после тоа цела Европа ќе ни се качи на глава и ќе не направи најголеми варвари и примитивци од нас, и ќе завршиме на робија. Друго сте вие Албанците, вие сте заштитена група на Америка, така да ова на видеава поминало без реакција или со блага реакција на некои странци, односно колку да се фрли магла во очи.Во 2009та оштетија 28 автомобили на странските мисии
Зашто не поставиш видеа за протестите и палењата на македонските државни знамиња организирани од нив и за нападите на македонската амбасада во Приштина со фрлање експлозивни направи во нејзиниот двор, и ред други протести и инциденти против македонската држава и народ организирани од ова здружените. Истото е и за здружението ALEANCA KUQ E ZI од Албанија и нивните националистички испади и инциденти против Македонците во Албанија, а од Америка и ЕУ немаше ни збор за осуда према ова.
Овие најчесто се поврзуваат како наследници на Bali Kombetar. Инаку Vetеvendosje (Самоопределување) од Косово и Aleanca Kuq e Zi (Црвено Црна Алијанса) се збратимени организации, само што интересното е што Aleanca Kuq e Zi е националистичка организација додека Самоопределување самите се сметаат за левичари кои се спротивставуваат и се борат против странското влијание во Косово. Само некако левичари и националисти, кои се тотално спротивставени филозофии, да бидат збратимени не ми иде во логика.
Инаку оваа организација (Самоопределување), по методите и дејствувањето се покажа дека е националистички и шовинистички ориентирана према неАлбанците отколку дека се левичари. Само незнам дали они го изгубиле компасот и незнаат што е левица или глумат левичари за да не ги оквалификуваат како националисти.