Apocalyptica во СРЦ Кале - 17.10.2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.535
Поени од реакции
8.298
Веб-сајт
www.flickr.com
apocalyptica_golema.jpg


Со огромно задоволство сакаме да ве информираме дека една од највозбудливите и најатрактивни атракции во концертната индустрија во светот APOCALYPTICA - доаѓа во Скопје.

Во Скопје интензивниот, гласен и експлозивен бенд APOCALYPTICA доаѓа во склоп на огромната светска турнеја на која го промовираат актуелниот албум „SHADOWMAKER“.

Oсмиот студиски албум „SHADOWMAKER“ објавен е на 17 Април и содржи 10 нови песни и за прв пат го вклучува вокалот Franky Perez кој со бендот настапува во живо на оваа турнеја. Влегувањето на Perez во APOCALYPTICA претставува значеаен чекор напред за бендот. За прв пат имаат само еден вокал на цел албум што на песните му дава цврст и препознатлив звук различен од претходните албуми.

APOCALYPTICA ќе настапи во СРЦ Кале на 17ти Октомври, во СРЦ Кале.

Ова е второ гостување на APOCALYPTICA во Скопје после настапот во 2006 година на Скопско Лизгалиште кога сеуште не беа толку глобално популарни.

Авалон Продукција е организатор на концертот на APOCALYPTICA и ден претходно во Белград.

Влезниците по цена од 700.oo денари – ПАРТЕР и 900.оо денари – ТРИБИНА ќе можете да ги набавите преку продажната мрежа на Купи Карти За Се како и online на www.kupikartizase.com

*Забелешка од модераторот: Карта - купена :)
 
Партер стоење, трибина седење. Јас по обичај секогаш идам у партер :)
 
Партер стоење, трибина седење. Јас по обичај секогаш идам у партер :)

.....па лош е моментот со седење....пошто поголемиот дел ќе стојат и на трибина.....
 
Некој да купува карта? Шиткам за на партер 7 стотки, колку шо си е регуларната.
 
Не ми ја испеаа најубавата од новиов албум :confused: . Ми должат!
Али се на се, дома си понесов одлични впечатоци \m/ .
Овој Franky вака-така прерасна во опасно пеачиште, додека не го видов во живо не очекував дека така страствено ќе пренесе емоции :aplauz:.
п.с. ептен срцки испаднаа со химната :love:
 
Се согласувам хахаха срцки ипол беа за химната,ама се разочарав шо не пееја уште малце,уште некој саат пример.:pipi:
Одличен концерт.
:bravobe:
 
Одличен концерт од секој аспект. И траеше прописно долго што пријатно ме изненади. (Сум видел еден куп бендови кои со све бис траеле околу саат)

Порано пишував подолги рецензии, ама сеа само ќе пишам дека беше ТоБ :)
 
@Tonchie , а зашто сега не пишеш подолга рецензија? :P

И да бидам искрена, мене вака малку жал ми паѓа кај што ја гледам припразна темава... :unsure:
 
@Tonchie , а зашто сега не пишеш подолга рецензија? :P

И да бидам искрена, мене вака малку жал ми паѓа кај што ја гледам припразна темава... :unsure:
Имам изгубено навика да пишувам, ама за среќа најдов одличен текст објавен во Нова Македонија, клик тука :)
 
Од пред извесно време, „Апокалиптика“, која беше позната како инструментална група, го има и вокалистот Френки Перез
A чек сега овие го присвоија овој? Јас мислев само за овој албум им е.
Имам читано дека зборат дека поубаво им е цел албум со еден вокал и да имаат време да ги разработат песните добро пред снимање, за разлика од претходно дека им се правело хаос со различните.... ама не знаев дека ваква била работата. Мене Френки ептен добар впечаток ми остави, маче е, ама па ај сега нека не претеруваат. Не сакам да ми се претворат во регулар група o_O
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom