Што готвите во моментов?

  • Креатор на темата Креатор на темата perez9
  • Време на започнување Време на започнување
Ориз со печурки и копани
Состојки
500гр кратки копани
500грама ориз
50грама грашок (ова за вкус, може и златна мешавина)
150 грама печурки

Се варат копаните, водата во која што се варат се потура врз оризот, кој што го промешувам со зачини предходно во тава за печење. Оризот прелиен со водата, грашокот, печурките се става да се печи, откако ќе испари 70тина проценти од водата се ставаат копаните врз оризот и се посипуваат со зачини по вкус и се става да се потпечат заедно со оризот (додека да испари остатокот од водата).
Еве сликче како изгледа, а за вкус може да си каже @MAJA 345

20150708_230351.jpg
 
Последно уредено:
Сабота - ден за старата добра компир манџа со телешки ребра...

20150718_163315.jpg

Рецептот го имате некоја страна поназад на темава...
 
Последно уредено:
Сабајлево си сварив јајца и си ги изедов со сиренце. Скромно ама вкусно :)
 
“Горчиливо-сладок“зеленчук, интегрален ориз и салата.
Состојки:
*Компир, кромид, морков, пиперка, тиквички, лук, модар патлиџан и чили пиперче малку (за шмек :)), сол, црн пипер, шеќер и оцет балсамикo.
*Го пржиш зеленчукот по ред, прво компирот и кромидот, после пиперки и морков, па тиквички и модар патлиџан па лук и чили пиперче (ги ставаш на секои 3-4 мин. поради тоа што се пржат на различен времески период).. ставаш сол и црн пипер и ги оставаш да се карамелизираат...подоцна ставаш шеќер неколку лажици (4-4и пол) го мешаш и го оставаш да си крчка со шекерот малку,подоцна ставаш 3-3 и пол лажици оцет балсамико и го оставаш пак да крчка малку се додека не испари оцетот...Готово. Добар апетит.
 
Attachments

  • CAM02071.jpg
    CAM02071.jpg
    375 KB · Прегледи: 34
измесив и сега стасува тесто за домашен јачменов леб
гравот е ставен да се вари за гравче тавче
исецкани се зеленчуци за домашна супа од зеленчук
на крај уше колбаси ќе пржам и некоја салата ќе здробам
 
измесив и сега стасува тесто за домашен јачменов леб
гравот е ставен да се вари за гравче тавче
исецкани се зеленчуци за домашна супа од зеленчук
на крај уше колбаси ќе пржам и некоја салата ќе здробам

Sliki kamo? Neli ti fakjashe oko za slikanje :)
 
Sliki kamo? Neli ti fakjashe oko za slikanje :)
сликаат тие во кои се нема доверба, мене ми веруваат
инаку лепчето следен пат малце појќе вода и тро појќе квасец ќе ставам, ретко правам јачмен леб, најмногу сум на ржан, али јачменовиот е добар како и да го направиш има специфичен мирис и вкус, некој ден ќе пробам бесквасен јачменов леб
 
I mnogu po na meko treba da go mesis jachmenoviot, kruto e toa brasno, za da bide po taka mek da recham mora na meko epten, so se vika na race da ti se lepi, i eto ti veruvam deka se bilo vkusno :D
 
Јас веќе го изедов тоа што го правев. Пошто се пости во петок, исечкав лешници една рака, малку ги потпеков во тава без масло колку да добијат арома и ги прелив со дабов мед. 2-3 минути и слатикишот е готов(за јадење и една минута е многу)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom