Поздрав од Москва, првин излезе оваа информација
Путин: Донесете ми го лидерот на ИСИС, жив или мртов!
Арапските медиуми пишуваат дека Путин побарал командантите на ИСИС да му бидат донесени, и дека не е важно дали живи или мртви. Доколку успеат да ги донесат живи, ќе им се суди во Русија. Во случај Абу Бакр Ал-Багдади или некој друг од челниците на терористичката група да починат во акција, Путин го бара неговото тело како доказ дека тој терорист е навистина мртов.
На руските генерали задолжени за воената операција во Сирија им е наредено што порано да започнат со голема потрага за важните членови на Исламска држава. На листата на „најбараните“ се најде и калифот Абу Бакр ал-Багдади, за кого се претпоставува дека се крие во градот Раку.
Причината поради која Путин сака со свои очи да ги види лидерите на ИСИС, или нивните тела, е за да не се случи истата ситуација како со Бин Ладен, чија смрт според Путин сé уште е мистерија.
Официјалниот портпарол на руското Министерство за одбрана, генерал Игор Конашенков, рекол дека руските воздухопловни сили ќе напаѓаат директно на упориштата на терористичката организација и нивниот гравен град Раку, истакнувајќи дека приоритет на руските сили е уништувањето и освојувањето на нивните бази.
Конашенков напоменал и дека не се исклучени можностите за десанти на тој град, поради ликвидација на терористите.
Во меѓувреме, додека руските авиони продолжуваат со жестоките воздушни удари, сириската војска потпомогната од Хезболах покрена копнена офанзива на градовите Талбис и Растан, во провинцијата Хомс. Исто така, го продолжија напредокот кон древниот град Палмира.
Мислев дека е само заплашување, но како потврда на горе наведеното е ова:
http://www.express.co.uk/news/world/610143/Islamic-State-ISIS-Putin-Spetsnaz-Syria-special-forces-airstrikes
http://www.mirror.co.uk/news/world-news/putin-sent-feared-spetsnaz-special-6579970
http://www.dailymail.co.uk/news/article-3261560/Now-Russia-sends-special-forces-prop-Assad-Putin-s-fearsome-Spetsnaz-units-preparing-ground-assault-wipe-rebels-fighting-Syrian-President.html
Путин ги праќа Спецназ во Сирија.
Рускиот претседател Владимир Путин наводно одлучил да ја прати во Сирија елитната единица на армијата - Спецназ, која ќе има задача да се пресмета со екстремистите од ИСИС. Информацијата ја објавија неколку британски медиуми, а засега нема потврда за тоа од Москва.
Припадниците на Спецназ важат за едни од најнемилосрдните и најефективните војници во светот, кои поминуваат макотрпни тренинзи и тестирања за да се приклучат кон единицата.
„Екстремно се агресивни и врвно се подготвени. Тие се таму за да исчистат што ќе остане по воздушните напади, за да одат на тајни мисии против бунтовниците и на крајот целосно да ги уништат“ - вели воен извор за Mirror. Според истиот извор, нивната мисија ќе биде под било какви услови да уништат секој што му се заканува на Асад.
Покрај елитните единици, медиумите пишуваат и дека Сирија ќе прати 150.000 војници кои ќе се борат против џихадистите. Според руските информации, од стартот на нападите, досега успеале да уништат 50 стратешки објекти на Исламската држава.
Повеќе се страшни Спецназ одколку од SU-34, фоките се мали деца во споредба со нив.
Без милост, без жалење.
Кога ќе ми текне на вежбите кои ги правеа пред мисијата, не знам зошто сум изненаден зошто уште тогаш Спецназ учествуваа.