Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
- Член од
- 29 јануари 2007
- Мислења
- 84.962
- Поени од реакции
- 195.500
Собранието на Република Македонија во вторник го усвои новиот закон за Безбедност во сообраќајот на патиштата, во кој, меѓу другото, максималната дозволена брзина во населено место се намалува од 60 на 50 километри на час.
Според измените, Возачот не смее да се движи со брзина поголема од 50 километри на час, односно брзина дозволена со сообраќаен знак. Законот овозможува зголемување на брзината до 70 километри на час, но само во специјални услови – односно кога сообраќајно-техничките елементи тоа го дозволуваат.
За надминување на максимално-дозволената брзина во населено место се предвидени и соодветни казни. За надминување на максималната брзина до 10 километри на час предвидена е казна од 10 евра, односно 10 негативни поени. За надминување од 10 до 30 километри на час предвидена е казна од 45 евра или 25 негативни поени. За надминување на брзината од 30 до 50 километри на час предвидена е казна од 300 евра и одземање на возачката дозвола во период од 3 до 12 месеци. Оние кои ќе ја надминат максимално дозволената брзина за повеќе од 50 километри на час ќе добијат казна од 400 евра и возачката ќе им биде одземена 6 до 12 месеци.
Измени има и за ограничувањето на брзината на автопат, па сега возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 130 километри на час на автопат; 110 километри на час на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и 90 километри на други патишта.
Во врска со употребата на светла, со законот се предвидува од првиот самрак до потполното разденување (ноќе), како и дење во случај на намалена видливост, за време на управување со возилото возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот.
Мандатен платен налог со глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода на возачот што ќе постапува спротивно на овие одредби.
Извор
Да продискутираме, што мислите во врска со новите измени во законот? Дали навистина намалувањето на максималната брзина во населено место од 60 на 50 km/h, ќе придонесе за намалување на жртвите од сообраќајните незгоди?
![](http://kajgana.com/sites/default/files/styles/full_size/public/2015/09/29/151430/istock-2819431small.jpg?itok=ZvK64ZxA)