Усвоен новиот закон во сообраќајот - брзината во населените места ограничена на 50 km/h!

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување

Дали новите измени ќе придонесат за подобрување на сообраќајната култура?


  • Вкупно гласачи
    110

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Возраст
33
Локација
Пустец
Собранието на Република Македонија во вторник го усвои новиот закон за Безбедност во сообраќајот на патиштата, во кој, меѓу другото, максималната дозволена брзина во населено место се намалува од 60 на 50 километри на час.

istock-2819431small.jpg


Според измените, Возачот не смее да се движи со брзина поголема од 50 километри на час, односно брзина дозволена со сообраќаен знак. Законот овозможува зголемување на брзината до 70 километри на час, но само во специјални услови – односно кога сообраќајно-техничките елементи тоа го дозволуваат.

За надминување на максимално-дозволената брзина во населено место се предвидени и соодветни казни. За надминување на максималната брзина до 10 километри на час предвидена е казна од 10 евра, односно 10 негативни поени. За надминување од 10 до 30 километри на час предвидена е казна од 45 евра или 25 негативни поени. За надминување на брзината од 30 до 50 километри на час предвидена е казна од 300 евра и одземање на возачката дозвола во период од 3 до 12 месеци. Оние кои ќе ја надминат максимално дозволената брзина за повеќе од 50 километри на час ќе добијат казна од 400 евра и возачката ќе им биде одземена 6 до 12 месеци.

Измени има и за ограничувањето на брзината на автопат, па сега возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 130 километри на час на автопат; 110 километри на час на пат резервиран за сообраќај на моторни возила и 90 километри на други патишта.

Во врска со употребата на светла, со законот се предвидува од првиот самрак до потполното разденување (ноќе), како и дење во случај на намалена видливост, за време на управување со возилото возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот.

Мандатен платен налог со глоба во износ од 35 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 15 негативни бода на возачот што ќе постапува спротивно на овие одредби.


Извор

Да продискутираме, што мислите во врска со новите измени во законот? Дали навистина намалувањето на максималната брзина во населено место од 60 на 50 km/h, ќе придонесе за намалување на жртвите од сообраќајните незгоди?
 
Не. Мамини и татини разгалени дечиња што сакаат да се покажат имало и ќе има. Она што може да допридонесе е кога нема да постојат двојни аршини во казнувањето и кога секого ќе го почешаат по џебот.
 
Овој да не е истиот што се бунеше, кога ќе кренел 200 му правело нешто цк цк? :ROFLMAO:

Ваква сељана не ја оправаат казни, само ќотек и/или турски затвор. Исто како што кажа погоре колешката, тие што се тркаа со колите по Партизанска и во Аеродром ќе си се тркаат и понатака. Си имаат грб и нема шанси да платат, ова е да се ограби во глобала населението, ќе запрат некој дедо што кренал 55 km/h или некој со средна класа кола. Глупо е што ќе се укрчи уште повеќе цел сообраќај а и денес имаше многу што лазеа затоа што мислат дека од денес почнува да важи законот. :D
 
Сељаков се сликал у бмв од 98година и сега се курчи.... ќе се отрујам од ваквите.

Иначе ни до сега ништо не ги спречуваше да летаат по 150км на булевар, или пак просечна брзина во Скопје на булевар е 135км/ч
 
Јас ќе почнам 20km/h да возам да не ме „фаќа“ радар па да видиме како ќе биде.....
 
Последно уредено:
Дебили ај ако не 40 да возиме а? Таман си беше 60 е сеа што морони ќе се напијат едно пиво и возат како да се на автопат е друго.
 
Горе-доле се согласувам со погорните постови, се дури постои селективна правда и се казнуваат луѓе со слаби и средно-јаки коли за 10-15 км над дозволеното или за некои куродрвини како појас у град, запалени магленки, прегорена ламбичка, а во исто време додека тебе те казнува му прелетуваат неколку со над 30 км од дозволеното ништо не правиме.

Сепак ги подржувам новите одредби, можеби малце зголемените казни и ограничувања ќе придонесат ако некој при дозволени 60 возел 80 сега на дозволени 50 да вози 70, што пак е некое движење во позитивна насока.
 
Единствена работа што не разбирам e, како може на пример на Илинденска и кај Континентал да возам 50? Не сум јас дивтар, не возам брзо низ град ниту имам јака кола ама барем по вакви булевари и улици треба барем 70 да се вози...
 
Ги подржувам промениве, ама ни до сега не биле проблем законите, ги имало ама не се почитувале. Колку и да бидат ригорозни казните во ебанава ни држава секогаш ќе го крка сиромавиот и најмалку должниот. Казнувањето ќе си остане селективно, народ ќе си гине по улиците а мамините и татини миленичиња ќе си продолжат со летање.
 
А кој реално вози 50 таму? Никој.
Ама затоа викам, ако претходно си надминувал брзина и си возел 70-80 сега ќе возиш 60-70, чисто ради тоа да не го надминеш прагот за поголема казна и забрана за возење.
 
А кој реално вози 50 таму? Никој.
Ама затоа викам, ако претходно си надминувал брзина и си возел 70-80 сега ќе возиш 60-70, чисто ради тоа да не го надминеш прагот за поголема казна и забрана за возење.
И со 60-70 ќе платиш 45 евра казна.
Јасно е ова зошто го ставаат.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom