INDIJANEC123
Женкар, Илуватар
- Член од
- 17 март 2014
- Мислења
- 3.815
- Поени од реакции
- 6.373
Значи дојде на моетео дека и цркви ќе рушат бидејќи ќе им сметаат.Многу брзо се почна со поставување на свои правила
Германците стравуваат: Муслиманите бараат укинување на „анти-исламскиот" Октоберфест?!
17.09.2015 | 16:30
Извор: Точка
Светски популарниот Октоберфест ќе биде отворен во сабота, но Баварците и останатитот дел од Германија стравуваат од илјадниците бегалци кои што пристигнаа во нивната земја во последниве неколку месеци.
Најголемата бегалска криза во Германија оваа година ја загрозува најголемата „забава“ на годината - светски популарниот фестивал на пивото Октоберфест.
„Ние можеме да го исправиме целиот свет на нозе. Но, мигрантите ќе нè повлечат надолу“, изјави 80 годишниот жител на Минхен - Ричард Милер, кој за Wall Street Journal истакна дека неговото расположение во пресрет на Октоберфест е уништено.
Од друга страна, извесен Морад Алмуради кој пишува од Холандија, на change.org започна петиција барајќи од градскиот совет на Минхен да го укине традиционалниот Октоберфест затоа што бил „Анти-исламски“.
„Би сакал да Ве информирам дека Октоберфест е Анти-исламско случување. Се обидуваме да го игнорираме, но има премногу анти-исламски работи кои што се случуваат таму како конзумирање на алкохол и слично.
Ние разбираме дека Октоберфест е германска традиција, но ние, Муслиманите не можеме да толерираме вакво анти-исламско случување затоа што ги навредува Муслиманите од целиот свет. Бараме итно укинување на Октоберфест!
Ние исто така веруваме дека Октоберфест би можел да ги навреди Муслиманите кои што доаѓаат од Сирија, Ирак и Авганистан. Откажувањето на Октоберфест, ќе им помогне на бегалците да не ја заборават својата муслиманска историја“, пишува меѓудругото во петицијата на Морад Алмуради.
Јужната германска држава Баварија чиј што главен град е Минхен е главниот центар на бегалскиот бран кој што ја зафати цела Европа. Станува збор за најконзервативната и „традиционална“ област во Германија која што има доминантна партија - Христијанската Социјална Унија која што е дел од коалицијата на Меркел на федерално ниво.
И покрај тоа што се во коалиција со Меркел, лидерите на ХСУ остро ја нападнаа канцеларката поради тоа што дозволи влез на огромен број на мигранти во државата. Својата разочараност од огромниот број на бегалци кои ја преплавија Баварија не ја криеше ниту гувернерот Хорст Сехофер кој изјави:
„Ова е голема грешка со која ќе се справуваме долг период. Бегалците од муслиманските земји не се навикнати да се соочуваат со голем број на луѓе кои на улиците ќе шетаат во алкохолизирана состојба. Сето тоа може да излезе од контрола“.
Минхенската полиција има голем проблем во тоа да ја увери јавноста дека во сабота сè ќе биде под контрола. Шефот на Минхенската полиција вели дека најголемата опасност од ескалација се очекува на железничката станица каде што има голем број на мигранти кои ќе се сретнат истовремено со луѓето кои што ќе пристигнуваат на Октоберфест.
Октоберфест во Германија се одржува од 1810-та година!
http://tocka.com.mk/1/170922/germancite-stravuvaat-muslimanite-baraat-ukinuvanje-na-anti-islamskiot-oktoberfest
Уште сега се насилни по границите замислете за година две што ќе виде. Мое предвидување е дека ќе има полициски часови, многу пљачки и глупости.
Решение во брод и назад од кај што дошле. Цела морнарица на НАТО во медитеранот пиле да не прелета од север Русија умее да си ја чува границата Турција силна е Грција со мала помош и крај.
Смешно но трагично!![DOUBLEPOST=1442507539][/DOUBLEPOST]Jас немам против да ми се насели нов комшија ако ги почитува сите одоколу што се населиле пред него. Ама ако ми се насели комшија и ми каже дрвото во мојот двор што го насадил дедоми му сметало и му се косело со неговите погледи и убедување па се ќе направам да му се одмили местото на кое живее. ќе му насадам уште 20 такви нема да го сечам тоа сигурно.
Последно уредено: