Факултет за Електротехника и информациски технологии

  • Креатор на темата Креатор на темата Демијан
  • Време на започнување Време на започнување
Од тие влезни колоквиуми и тестови најлесно се вадат бодовите:D
 
Некој со живци да ми објасни малку задачи со вектори, или да ми дади некој корисен линк,денеска имавме предавање електротехника ама не разбрав апсолутно ништо. :(
 
Некој со живци да ми објасни малку задачи со вектори, или да ми дади некој корисен линк,денеска имавме предавање електротехника ама не разбрав апсолутно ништо. :(
Претпоставувам ОЕ1 слушаш семестаров, би ти препорачал да не се замараш со тие ствари, она на што треба да се сконцетрираш е Гаусовиот закон, Потенцијал, Капацитативност и се останато понатака до крај на семестарот. На колоквиуми 100% нема да добиеш задачи со вектори, истото важи и за испитите. Ако ептен те интересира и сакаш да ги научиш отиди на консултации, многу се корисни. Инаку тие задачите се сведуваат на чисто собирање/одземање на вектори, од таа причина не ги даваат као задачи, има многу поважни работи кои ти требаат од ОЕ1.
 
Ја би му препорачал да иде на приватни часови,проблемот со електротехника е што замараат со небитни работи на почеток што не се паѓаат на колоквиум.
 
Оди кај Емилија на приватни часови, се` ќе ти изџвака. Благојче и кои и да се другите асистенти вртат и замараат како муви пред да врне. Да беа тие извор на знаење ОЕ 1&2 ќе беа најтешки предмети на факултетов. Не се замарајте со предавања и вежби, одете кај Емилија и гајле немате.
 
Колку пари отприлика за приватниве часови???
 
мислење за геговска зајкова?
Оди на час кај неа и после оди со друга група кај Јолевска Тунеска и нема да мораш да прашуваш ништо :icon_lol:

топ професорка, не се секирај.
 
Отприлика колкупати го менуваат распоредот? Секоја недела? И дали некогаш се договарате со професорите кога имате дупки во распоредот?
 
Последно уредено:
Отприлика колкупати го менуваат распоредот? Секоја недела? И дали некогаш се договарате со професорите кога имате дупки во распоредот?
Првите 2-3 недели, додека не стаат лаб вежби у распоредот, а што се однесува до дупките, скоро никад не се попунуваат со други часови, тоа ти останува ко некоја пауза меѓу предавања.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom