jamajka
mode: Calm
- Член од
- 28 април 2007
- Мислења
- 19.577
- Поени од реакции
- 27.421
Дефинитивно CNN не одат за арно.
Си-ен-ен во Гевгелија. Не е на добро!
Доаѓањето на екипа на Си-ен-ен на македонско-грчката граница, многумина веќе го прокементираа како – беља работа. Голем дел од странските дописници од Македонија го продолжија престојот во Гевгелија очекувајќи напливот на бегалци од Сирија овие денови да заглави токму на оваа граница по затворањето на унгарско-српската граница.
По одлуката на Унгарија да ја затвори границата сите се во очекување на верижната реакција на владите на Србија, Македонија, Грција, Хрватска... Ако одлуката на унгарската влада биде следена и од српската, логично е да се очекува таква одлука и од македонската влада. Ова значи дека балканскиот пат на бегалците ќе биде прекинат и некаде во овој регион, некаде на Балканот, ќе дојде до голема концентрација на бегалци, што ќе предизвика вистинска хуманитарна катастрофа. Ниту еден од посточките кампови во Гевгелија, Табановце, Прешево...немаат капацитети да примат повеќе од 3-4 илјади бегалци. Предвидувањата на УНХЦР за претстојниот период е дека во јужниот дел на Европа ќе влезат повеќе од 400.000 бегалци.
Истовремено од ЕУ доаѓаат информации дека на балканските држави им е потребна многу поголема помош за справување со бегалската криза.
Почнува ли да се остварува превентивната политика на ЕУ која ја најави германски министер. Европската комисија треба да инвестира повеќе од 10 милијарди евра за изградба на центри за бегалци во земјите на периферијата на ЕУ, изјави во август германскиот министер за економска соработка и развој Герд Милер.