Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.292
- Поени од реакции
- 26.688
Доста застапен феномен во Република Македонија кој се шири масовно. Ќе пробам да го разглобам од 3 аспекти.
1. Историско-традиционален аспект
До не толку одамна (па дури и денес во некои изолирани средини) жените се плаќале и притоа не мислам на проститутките туку на сопругите. Фамилијата на синот дава 5 крави, 7 овци и 10 лири на фамилијата на невестата за да ја земе. Нормално цената варирала врз база на неколку фактори пред се:
а) убавината на девојката
б) статусот во општеството на фамилијата на девојката
в) здравствениот статус и историјата на фамилијата на девојката.
Секогаш во договорот клаузула и предуслов била невиноста на девојката за што гарантирал татко и а што се потврдувало со гордо распрострениот чаршав утрото после првата брачна ноќ.
Во денешно време традицијата се видоизменила меѓутоа основните принципи што го дефинираат пазарот се задржале. Девојката се вреднува себе материјално и си наплаќа за тоа а критериумите за цената, понудата и побарувачката се изнесени погоре. Нормално бидејќи нели не сме во 19 век и сме демек цивилизирани плаќањето најчесто не се врши на рака туку во противуслуга во вид на викендица, автомобил, предмети во домаќинството, луксузни крстарења и летувања на монденски троппски острови.
2. Економски аспект
Финансиската стабилност и сигурност за во иднина најчесто жените во нашето општество неможат да си ја обезбедат сами и тоа од следнава причина
За жал (а во некои случаи и за среќа) како и секаде во светот (освен во длабоко исфеминизираната Скандинавија) жените повеќе или помалку се ставани во пододредена улога кога е во прашање кариерата иако тоа се менува мошне брзо. Во неможност за финансиска самостојност се бара алтернативно решение во изборот на партнерот. Финансиската позиција на избраникот притоа се смета за клучна имајќи го во предвид споменатото макар и тој кандидат бил на краткорочен план.
3. Социјално-психолошкиот аспект
Овде неколку фактори се круцијални за објаснување на појавата на спонзорушата
а)традиционалното домашно воспитување.
Генерално машките се тие што се воспитувани во спартански дух бидејќи треба да го завземат местото на глави на семејството како и товарот на обезбедување на финансиите.
Девојките од друга страна се воспитувани во принцезки дух да пазат на манирите, изгледот, нежноста и женственоста со многу малку или без ич финеси на амазонски воинки коишто треба да се борат во животот (за тоа треба зетот да се погрижи). Тоа воспитување оди до тој степен што во некои случаеви (на коишто и јас сум бил сведок) им се советува да си фатат богат дечко/сопруг за да се обезбедат.
б) социјалниот статус-луксуз
Со изборот на богат партнер девојката по автоматизам си обезбедува висок социјален статус во општеството како и луксузен живот и тоа со самиот факт што партнерот веќе го има обезбедено тоа за себе.
в) Минимизирање на трудот
И покрај сите овие фактори девојката може ако сака со цврста волја, дух и труд самостојно да си обезбеди сигурна краткорочна или долгорочна иднина. Меѓутоа преку спонзорството патот е многу полесен и побезболен односно при самиот улов на некоја крупна риба како што напоменав девојката по автоматизам си го обезбедува посакуваното.
За крај совет
За девојките: Доколку сакате да бидете спонзоруша не заборавајте две работи
1. Инвестирајте во својот изглед. Погрижете се да изгледате убаво, да си го дигнете рејтингот во круговите (народски кажано да станете јака и нетолкудостапна риба) на движење бидејќи на крајот на краиштата тоа ќе ви ја донесе повисоката цена на пазарот.
2. Удоволете му на избраникот. Направете го она што тој го сака, а за другите девојќи е неприфатливо и обратно не правете го она што го иритира кај другите девојќи. Не го прашувајте кај бил и со кого бил, зошто замара со фудбал, или зошто заборавил некој поважен датум. Ништо не ги освојува мажите повеќе од девојка којашто нема да го иритирс. Ќе заборави и на пари и на се.
За машките:
Доколку се нафатите да бидете спонзор во никој случај не заборавајте ги следниве 2 работи-
1. Никогаш ама ни под точка разно да не изумите која е таа и зошто е со вас. Бидејќи ако за нешто женските се експерти со докторат е начинот на снаоѓање со мажите. Со многу итри финти ќе се обидат да ви ги отргнат разумските мисли и да ги сосредоточат на самата нејзе.
2. Никогаш ама никогаш ниту дирекно ниту индирекно не и давајте до знаење дека е спонзоруша. Најчесто пак ќе кажам најчесто овие девојки сакаат да си ја тргнат грижата на совест дека се легални _ _ _ _ _ . Таа ќе проба тој фактор да го закопа длабоко во потсвеста онаму каде што живеат Баба Рогите од детството За нив богатите момци стануваат одеднаш симпатични, забавни, интересни, интелигентни (тоа е одговорот ако некој ја праша зошто си се фатила баш со него). Дозволете и да си ја исчисти совеста тоест дозволете и да се лаже и себеси и вас ама не заборавајте ја точката еден.
Со среќа...