Милано

  • Креатор на темата Креатор на темата Forza Milan!!!
  • Време на започнување Време на започнување
Со виз-ер ќе идеш?
Ме интересира колку е карта и смештај таму у некое хостелче.

Планираме за септември-октомври да идеме пак, со авион овојпат, па да имам претстава отприлика како се цените.

За виз-ер картите не се ко Скопје-Охрид, па да се стандардна цена, туку варираат во зависност од сезоната и колку време пред летот ги купуваш истите.

Јас пред 3 години за Милано летав за 22еу повратна карта, со рачен багаж. Не ти треба доплата за багаж.

Хотел/Хостел исто зависи од сезона и колку претходно го зимаш, битно глеј у близина на метро станица да е. Тоа е најважно.
 
Кога веќе одите во Милано и доколку имате време, вреди да се посетат Комо и Гарделенд.

Не знам каква им е безбедноста и навечер не сум шетал по квартови. :D Фаст фуд 7 до 10 евра. Знам имаше и пица на метро, а за цена не се сеќавам.
 
Не бе авионски ќе си идам, новчаник ќе си пазам ама ќе носам и фото опрема и тоа највеќе ми е за навечер. У 1 саат со фото опрема у метро странец не знам баш како се одвиваат работите. За Сан Сиро иам мерак и ќе го посетам заедно со Маринело. Горе доле тие се информациите што ги барав освен некој да каже за квартовите и шетањето сам навечер :icon_lol:
Абе најубаво резервирај си виз ер тура, лет плус хотел има ефтини а квалтитени понуди на хотели и плус повратантта карта за авион ја плаќаш ко да имаш виз ер члеснка картичка што кошта 1500+ денари.
 
Ја ди резервирав уше од сеа за декември - 3.300 повратна со виз ер :D

Глеам и сместувањето не е многу скапо, прилично евтино. Има некој да миморепорача хотелче некое евтино, фино и да не е предалеку?

Sent from my Nexus 5 using Tapatalk
 
Кога веќе одите во Милано и доколку имате време, вреди да се посетат Комо и Гарделенд.

Не знам каква им е безбедноста и навечер не сум шетал по квартови. :D Фаст фуд 7 до 10 евра. Знам имаше и пица на метро, а за цена не се сеќавам.
Претпоставувам си бил на Сан Сиро :D

Може ли да се отиде без да се плаќа тура, едноставно сакам да влезам на некоја трибина да го видам да се сликнам и да искочам. Без музеи да гледам и соблекувални?
 
Претпоставувам си бил на Сан Сиро :D

Може ли да се отиде без да се плаќа тура, едноставно сакам да влезам на некоја трибина да го видам да се сликнам и да искочам. Без музеи да гледам и соблекувални?

Не
 
Пред да идам за Милано речиси и не најдов информација од турист Македонец за како е во Милано, па сакам да напишам една поголема рецензија да му се најде на некој ако има во план да оди.
1. Општо за Милано
Градот е прекрасен! Бев со Виз ер и имаат директна линија до аеродромот во Бергамо. Поблиску е Малпенза мислам али нема линија што не поврзува. Се на се летот траеше околу час и половина. Нормално првпат кога идеш си неисукусен и многу работи не ти се јасни. Веќе преку интеренет си имав резервирано превоз со автобус Бергамо - Милано и Милано - Бергамо и е дупло поскапа цената отколку на лице место и кошта само 5 евра. Сите што планирате да идете, не му ја мислете за превоз, автобуси за Милано и повратно кон Бергамо ги има на секој 15 минути. Околу 40-50 минути е патот со автобус, па планирајте си го времето со полетувањето.

Градот беше баш по мој вкус. Туристички атракции кој не се направени само за да привлекуваат туристи, туку си имаат своја историја. Архитектурата и самата градба се маестрални. Голем дел од градот има високи згради и тесни улички, и е со зеленило во поголемиот дел па така топлината се издржува. Единствено на плоштадот Дуомо нема сенка освен кога сонцето ќе дојде позади Дуомо. Чист град и доста раздвижен.

Голем дел од луѓето користат јавен превоз иако има и доста коли ама има повеќе видови на превоз и сообраќајот не е згуснат.

2. Шопинг
Ако доаѓате за шопинг спремете си многу зелени стотки евентуално виолетови 500ки :D Единствена цена што е прифатлива за просечен Македонец е во продавниците на помалите брендови. Под помали брендови мислам на H&M, Springfield, Pull&Bear, Bershka, Timberland, Polo, Addidas, Nike итн. Дури и таа италијанска роба што не е брендирана беше со високи цени. Во едно локално дуќанче цените на сакоа се движеа од 200 евра па нагоре. Речиси во било која продавница кондура по 50 евра не се наоѓа, а пак машни од 30 евра парче па нагоре.
Да, Милано е центар на модата, ама и град што ќе ви го исцеди новчаникот. Сите брендови што можеме да си ги дозволиме ги има кај нас или во соседните држави, па не гледам логика да идам до Милано за шопинг и да завршам во Pull&Bear. Секако освен ако немате вишок пари :D Еден каиш женски во Прада беше со намаление од НЕВЕРОЈАТНИ 20% и цената му беше 1900 евра. Ако просечна плата во македонија е 200 евра ондак 12*200=2400 :D
3. Храна
Што да посакате ќе најдете. Се има. Од италијански до јапонски ресторани. За брза храна ги има на секој чекор, поготово пекари и пицерии. Еднаш седнав као ај демек да не испадне бев у Милано не јадев тестенини. Цената беше 25 евра за порција шпагети, сервирани во даска за ордевер за 6 души, а шпагети има да мезнеш, да не си без ич. :D Али веројатно тоа е цената што се плаќа во Милано да јадеш шпагети у сред центар.
Пица не пробав пошто сум јадел порано, а реално и кај нас има пици. Ќе речеш ејјј ама у Италија пицата, абе каква сака нека е пица кај нас има и точка. А, шо нема кај нас ? Па нормално Мекдоналдс нема :D Е тука ги остаив парите. Имаше некој оброци Crispy Bacon и имаше леб, сланина, плескавица, кашкавал, плескавица, сланина и леб. На прашањето од касиерката само кажуваш YES BIG and COKE. И тука доживуваш оргазми пошто нели јадеш у нешто што го нема кај нас и нешто што е превкусно. За само 6 еура.
На сопствена одговорност го јадеш ова и не одговарам за понатамошните трошоци за вода. Четири шишиња не те гаснат. Се на се буквално на секој чекор има ресторани за храна, па дури и оние на улица во камиончиња што прават ги има насекаде. Не ми текнува на името на продавницата али се наоѓаше во центарот на некој си 50м од продавницата на Ферари. Колона имаше до надвор и мислев гратис нешто делат, а тоа да ти било слаткара т.е. само сладолед продаваа колку што можев да видам. И стварно преубав беше али ниеден сладолед не вреди 5 евра топка.

4. Превоз
Автобуси, Метро, Возови, оние тролеј или као и да ги викаат. Тука уште пред да тргнам ме фати паника дали ќе се снајдам со метро мрежата што е низ Милано. На мапата од дома ми изгледаше премногу комплицирана, а далеку е од комплицирано. Ако добро запамтив 4 линии се М1 зелена, M2 црвена, M3 жолта и М4 виолетова. Црвената и жолтата те поврзуваат на Дуомо и на железничката. Од тука можеш да си фатиш било која линија за друга локација. На старт згрешив што не извадив карта за 72 пристап која чинеше околу 10-12 евра, не сум сигурен. Си реков што кур кај ќе патувам толку. Карта за една употреба е 1.5 евро, а за 4 дена дадов околу 20-25 евра на метро сигурно. Скоро дупло потрошив што не извадив карта. Али вие да си знаете да извадите со поголем пристап 24/48/72 саати.

Метрото доаѓаше буквално на 5 минути па никогаш не чекате премногу. Исто и голем е капацитетот на вагоните и не се ствара голема гужва. Да има гужва затоа што е голем град и може да стоите, ама тоа е само една станица, затоа што на секоја станица се празни и се полни метрото. А, и доста е брзо. Од мојот хотел до центарот Дуомо имаше само 2 станици и патував нецели 5 минути. Не ја сфатив фората како иде со влезниците. За викендот ја ставав картичката и влегував во метрото и излегував без да се куцам. Вчера вечерта една госпоѓа се дереше Скузи, скузи не знаев дека мене ми вика, не знаеше Англески и да ми објасни али ми ја даваше картичката као демек автоматот ми ја враќа. Океј си реков ќе ја фрлам коа ке искочам од метрото. Арно ама на излез требаше да се куцнам па среќа ја зачував. Најверојатно од понеделник до петок треба да си ја чувате картата со која влегувате, истата ќе ви треба и за излез. За викендот не беше така.
После 12 ги има само М2 и M1 колку што сфатив од инфо таблата, ама не сум сигурен и проверете пошто секако и другите линии не ги користев.

5. Дуомо
Ауф, каков поглед човече. Стигнав у хотел се сместив, тушот пресоблакање и одма кон метрото за на Дуомо. Пошто метрото е подземно имаш околу 20-30 скали пред да се качиш на Дуомо. Како се качуваш губиш воздух од скалите и секако од погледот кон катедралата Дуомо и самиот плоштад. Е тука можеш да ги видиш сите црни племиња што се мисли дека се изумрени, сите талибанци, кинезите веќе се демоде сегде ги има. Само што подалеку од тие црнците што ќе ти стават алка на рака и ќе ти речат Хакуна Матата :D Самиот плоштад е преполн од народ од црнци, кинези, индијци, туристи од цел свет и студенти што си седат на скалите. Од левата страна се наоѓа галеријата Виторио Емануеле и неверојатниот влез. Пред да влезете внатре смирете ги страстите и емоциите од Дуомо пошто голем шок ќе биде.
Внатре се наоѓаат најскапите брендови на светот што можете да си ги замислите, а покривот е неверојатен. Премногу детали и совршена архитектура.

Внатре се наоѓаат Прада, Луј Витон, и уште некој други брендови не ги запамтив али доста скапи цени. Има и неколку барови каде што претежно парови седеа и уживаа у кафе или шпагети. Цените не сакате да ги знаете :D Тука кафе со таа цена, у Македонија со таа пара плаќаш сметка за струја у зима. За викендот имаше некој настапи во самиот центар некој денс групи анимираа туристи некој танцови имаше, а пак вчера кинези свадба правеле па им правеа фотосесија :D
Е најбитниот дел што ме интересираше мене тука е продавницата на Ферари.

6. Ферари
Многу ми е криво што не отидов на Маранело, али се надевам во наредна прилика. Ама затоа не ја испуштив продавницата. Три ката со Ферари производи и магија. Не можам да ви го опишам чувството кога влегов и сите вработени се облечени како од пит-стоп механичарите и се е црвено. Внатре се наоѓа и болид на Ферари, како и ланскиот мотор. Производи какви сакаш. Кондоми, новчаници, привезоци, капи, маици, манжетни, бебешка облека, книги, енциклопедии, школски прибори. Буквално се што во моментот може да ти падне на памет го има внатре. Уште првиот ден кога стигнав во хотел се упатив право во продавницата. Решен бев да си купам маица за трката у недела, арно ама XXL е најголемо, а нивното XXL е уствари L и ретко се наоѓа за дебели :D Не ми се купуваше капа, пошто не носам, а не сакав да ми седи дома. Решив да си ја купам енциклопедијата на Ферари од 500+ страни у А2 формат на мрсна хартија а дебела корица. Каква изработка беше тоа у пичку матер. Али цената беше 300 евра. Не фала, ќе прочепкам на интернет :D Али внатре буквално се имаше, биографија на секој возач, информации за механичарите, за секоја година извештај за тактиките, моторите се до најситен детал.
На приземје имаше и болид симулатор да седнеш да возиш и најдобрите 3ца во денот имаат гратис влезница на Маранело. Јебига бев околу 50то место во 4 саат, а тек до 9 дур работат може и да сум паднал :D

7. Ф1
Вчера летот ми беше во 11:40 па каснев на квалификациите и фатив некој си 2 минути. Џабе патот од Бергамо до Монца. Битно да напоменам дека немав карта туку ваучер кој треба да се смени. Ама дека квалификации па ме пуштија со ваучерот по што ми напоменаа дека треба да сменам за трката. А, трката...

Знаев дека ваков ден не се пропушта и не се спие касно туку се станува рано. Па така станав кај 6 саат. Се спремив со ранецот апаратот и една јакна пошто ладно беше во 7. Тргнав кон метрото, на улица жив човек. А, читав како на овој ден сите се ферари облечени порано идат за подобри места и се разочарав. Десет скали надоле во метрото толпа народ од Ферари фанови :D
Уште тука се запознав со татко и син Италијанци али изгорени по Ферари. Секоја трка на Ф1 ја гледаат без разлика каде е. Ме прашуваа како е во Македонија има ли интерес за Ф1 има ли фанови на Ферари, по што му ја кажав реалноста дека 90% се ферари фанови. Таткото имаше некој си 65-6 години. Останав запрепастен кога почна да плаче и со солзи во очите ми кажуваше дека најтежок дел од животот му е кога Ферари не е конкурент. Ми кажа дека со генерации се навива за Ферари. И никогаш од синот не побарал нешто во животот освен да го научи да користи интернет. И сето тоа само за да може да чита за Шумахер и да ја прати неговата состојба. Не трепнав додека раскажуваше. Од метрото се качивме во воз за Монца и таму продолжи муабетот.
Веќе се разделивме поради различни трибини по што ме покани нареден пат ако доаѓам да му бидам гостин во куќата што цела им е со спомени од Ферари.

Патот со воз беше околу 30 минути. Читајќи на нет после возот треба да те чекаат автобуси што ќе те однесат до стазата. Арно ама како што се симнав од воз имаше знак Lesmo и толпата вадеше карти. Се израдував оуу јеаа нема пат веќе. За жал тој на врата ми вика Left right and gooo. Испадна дека треба да пешачам некој си 3-4 километри до влезот Santa Maria Alle Selve. Тој на врата ми вика гоу бек 100м тејк д тикет. Пичка ти матер кој 100м 15 минути имаше. И тука го губиш здивот гледаш натпис AUTOPISSANI, а внатре сите модели на Ферари од почетоците до денес. Се заборавив некој си 30м и заборавив за што сум дојден.
Во истата зграда те чека картата и ако порачаш Ф1 програма. Влегов на Монца. Уште 10 минути пешки по шума дур стигнеш да трибината али тие 10 се најтешки. Слушаш мотори загреваат, а не ги гледаш.

Картата ми беше GA па бев сместен на излезот од пит. Внатре бев негде околу 9 и 30 и фатив формула 20 и беа доста интересни, но моторите некој чуден звук вадеа. Пола саат пауза па следуваше Порше трка. Е тука какви претекнувања имаше такви у Ф1 со години не сме виделе. Останаа 2 саати пред трката оука сонце. Пред трката возачите излегоа на еден камион и возеа цел круг и одпоздравуваа и даваа интервјуа. Водителката си играше мајтап па ја праша публиката Ok, let' guess who is the winner for most penalties :D
Се коментираа на Англески, а трката на Италијански. Не знам од кој причини. Али коментаторот типичен талијанец. Секое претекнување онака го коментира али на Фетел и на Кими аууу мислам дека полудуваше.

Почна Италијанската химна и сите ја пееја ептен се наежив.
20150906_104804-jpg.128121


На небото прелетаа неколку авиони со дим и го прикажаа Италијанското знаме.

20150906_134717-jpg.128122


Трката што да се каже :D Мало разочарување со Кими на старт али секое негово претекнување беше проследено со овации и стануваа сите. Кими беше бр1 на трибините, на Фетел не му ни стануваа искрено. Али го прославија ептен јако.

Буквално Италијанциве живеат за Ферари и Ф1. По трката инвазија на стазата си викам супер блиску сум на трибина ќе фатам и доле место. Мхм да, веќе имаше над 50.000 на стазата. Урлање коа го дигна Фетел пехарот. Па конфети шампањи на сите страни.

Голем минус е што голем број од редарите не знаат Англески па не знаат да објаснат кај да се движиш. Објаснуваат у Сашко Коцев стил. Go go go and goooooo. Само треба да им покажеш на мапа кај да одиш. За назад исто саат време пешачење па не качија у бус за до железничка па од тука возот назад па метро и дома си. По трката имаше река од луѓе и слободно ќе кажам над 100.000 илјади кои идеа кон автобусите. А, таму над 300 бусеви. Се на се супер организација и неверојатен ден.

Мислев дека имам претстава што се 350км да возиш ама немав. Моментот е неопислив на 20 метри од тебе да се Фетел, Кими, Алонсо, Хамилтон да возат со неверојатна брзина. Башка што за време на трката корне на бензин и самата атмосфера крева адреналин до максимум. Звукот на моторите е неверојатен поготово на стартот кога се спремаа за тргање. А, да не збориме кога ќе видиш претекнување и цела публика е во трнас. За Кими се направи вела атмосфера.

Од 7 сабајле до 5 на ручек залче немав ставено во уста со само пола литро вода. Нозе ме болат не ги осеќам, изгорен од сонце папсан од самиот пат. Ако ме праша некој дали пак би дал пари и толку енергија за нешто вакво ? ДА!!!
Ова е тој настан каде што си по возбуден од првиот секс, каде што не мислиш на ништо друго и не обрнуваш внимание на најдобрите женски што шетаат по танги и прслуци. Ма небитни беа поред Ф1.
Се на се најдобар дрн во животот, ден кој не се заборава, ден кој ќе се раскажува. Ако имате пари и време ова е трката што сакате да ја гледате. Полна историја со голем број навивачи и познавачи на овој спорт.
FORZA FERRARI !!! :D

8. Останати туристички атракции

Ги има еден куп и не успеав за еден ден сите да ги прошетам. Ама ги прошетав главните и оние што највеќе ги фалат дека се најдобри во Милано. Верувам дека ако сакате се да посетите нема ни месец да ви е доволен од причина што галерии, катедрали и музеи има на секој чекор.

8.1. Катедралата Дуомо
Имаше различни влезници, зависи што сакаш да видиш. Од 2 па се до 15 евра. Решен бев се да посетам и да ја шкртнам од списокот на локации што треба да се посетат. Се состои од самата катедрала, долниот т.е. археолошкиот дел и покривот. Влезницата беше 15 евра за да посетиш се а имаше и од 12 евра со тоа што на покривот ќе требаше да идеш пешки по скали, додека со 15 евра идеш со лифт. Баш и баш не се осеќам кондициски спремен за пешки толку да идам. :D Внатре во самата катедрала има прекрасни детали и цртежи. Пред се огромна е, и има закопано некој личности али за аудио тура се доплаќаше и не знам кој беа, а не бев баш заинтересиран да слушам што и како било, ме интересираше самата градба и архитектура.
Во долниот дел се наоѓа археолошкиот дел каде што се гледа системот што го имале изградено за вода и некој стари предмети, ништо воодушевувачко. Е покривот е ремек делото. Прекрасни детали на изработка. Нема многу да коментирам во тој дел пошто не се разбирам ама као обичен турист беше воодушевувачко. За глетката да не збориме, здивот го одзема. Цел Милано го гледаш. На која страна сакаш оди, панорамата е одлична. Ако треба да издвојам што треба да се посети во Милано тоа дефинитивно ќе е покривот на Дуомо.
8.2 Castello Sforzesco
Огромен замок со огромен дворец. Ѕидовите и самата кула е огромна и се гледа уште од плоштадот кој е оддалечен некој си 1/1.5км. Влезот е бесплатен и има некој уметности што може да се видат, а во некоја соба мислам се плаќаше да влезеш да ги видиш делата на Да Винчи. На задниот излез од замокот се наоѓа голем парк Sempione. Е тука можеш да одмориш душичката. Голем број сенки, без галама. Има туристи но голем е паркот па можеш да ги избегнеш, а има и доста што трчаат. Има и мало езерце воглавно убаво место да избегаш од гужвата и да одмориш. Видов сеа спремаат некој си 15 дена ќе има кино на отворено у самиот парк, па среќа не го фатив тој дел.
8.3 Брера
Многу пофалби добив за местово ама не ме воодушеви нешто. Еден куп кафичи и ресторанчиња со исти понуди, а различен ентериер. И еден куп продавнички за тракатанци. Ако ве интересира нешто такво тука можете да најдете такви работи. И на самите улици шетаат црнци/индијци и продаваат се и свашта. Не би одел пак ако идам во Милано.

8.4 Плоштадот Гае Ауленти
Го зборат како модерниот дел на Милано. И така е. Ќе најдете неколку огромни згради со фонтана и неколку продавнички. Убаво е да отидеш малце и да го видиш тој дел од Милано, али не е нешто што ќе ве фасцинира.

8.5. Сан Сиро
Е за жал не бев на Сан Сиро. Ама по тоа што ми кажуваа и нема што посебно да се види, најобични соблекувални. Ќе беше убаво да се види самиот стадион, али краток бев со време па не успеав да го посетам, башка требаше да се прекачувам у 3 различни метроа.

Се на се одличен град каде што можете од се по нешто да најдете а да не е кичерај и вештачко. Има и модерен и стар дел. И гужва и природа да одморите.

9/10 му давам само затоа што скоро никој не знае Англески па малце потешко можете да најдете нешто или да ве насочат.



Еве набрзинка слики некој, другите да ги средам па ќе ги објавам. :D

IMG_9056.jpg IMG_9062.jpg IMG_9066.jpg

Плус што се подновив од Ферари, иако термосот при пакување ми го утнале друг порачав али нема везе :D
IMG_9971.jpg
 
Последно уредено:
Од Раиконен беше болидот пошто нели веќе Алонсо не е у Ферари :D Башка преместена е Ферари продавницата сега се наоѓа внатре во Виторио Емануеле. Порано ко што знам на самиот плоштад беше.
 
Од Раиконен беше болидот пошто нели веќе Алонсо не е у Ферари :D Башка преместена е Ферари продавницата сега се наоѓа внатре во Виторио Емануеле. Порано ко што знам на самиот плоштад беше.
Внатре да, карши Интер стор и до Версаче мислам и Прада.
 
баш ми е криво што не бев тука да ти одговорам на прашања...супер што убаво си поминал ама шпагети 25 евра?! кај ги најде толку скапи? друг пат ќе те чекам и ќе те носам кај мажето да видиш како се јаде во центар за 10 евра :P
 
баш ми е криво што не бев тука да ти одговорам на прашања...супер што убаво си поминал ама шпагети 25 евра?! кај ги најде толку скапи? друг пат ќе те чекам и ќе те носам кај мажето да видиш како се јаде во центар за 10 евра :P
Од дуомо катедралата кога ќе се упатиш по улицата накај замокот Зфорзеско или као и да се вика на сам ќош се наоѓаше ресторанчето и имаше исто во името нешто Дуомо бла бла.. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom