Студирање во странство

Член од
11 април 2012
Мислења
4.650
Поени од реакции
5.360
Pozdrav, zainteresiran sum da studiram vo Svajcarija.
Ako znae nekoj kako mozam da zemam stipendija ? kolku e da si nabavis soba ? znaci za se, sekoja informacija e dobrodojdena.
Blagodaram :D
Да студираш што??? Додипломски мастер докторски? Претпоставувам за додипломски збориш и ќе те разочарам. Тешко тоа да најдеш поготово за швајцарија. Мастер и докторски можеби имаш некоја шанса ама за додипломски освен ерасмус која е за размена, целосни стипендии речиси и да не даваат. Друго наставата на додипломски најчесто е на официјалниот јазик од државата, така што очекувај да имаш официјален сертификат дека ти знаеш најмалку C1 ниво германски за да се запишеш таму на факултет. Последно но не и небитно планирај си трошоци од 900 до 1100 евра месечно. Тоа е некој просек колку троши еден студент во швајцарија, значи барај стипендија што нуди толкава сума (а се претерано ретки) ако несакаш да им бидеш терет на твоите родители.
Ако не успееш таму и немаш мн пари за трошење можеш да погледнеш опции како словенија и бугарија каде студирањето ќе ти биде приближно како во скопје (ова зборам за ако си од друг град)
 
Член од
26 јуни 2011
Мислења
67
Поени од реакции
3
Дали ќе можит некој да ми кажит која е процедурата за аплицирање да студирам во странство преку ерасмус+? Студирам на Универзитетот за информатички технологии и науки Св. Апостол Павле, насока Е-бизнис, мојот универзитет има соработка со универзитети од еразмус+ па сеа аку можит некој подетално да ми објаснит. Ви благодарам :)
 
Член од
18 април 2015
Мислења
6
Поени од реакции
17
http://www.studying-in-germany.org/

A, другите што се таму или знаат некој од таму и имаат инфо, нека пишат. Реално, зависи од градот. Многу од Македонија студираат во Бамберг (IT).
Јас студирам во Германија на Hochschule Mannheim, смер Automation Technology (Automatisierungstechnik), веќе 3та година ми е.

Во врска со примањето на факултет, нема да имаш проблем, доколку програмата нема "Zulassungsbeschränkung" (т.н. лимит за колку студенти ќе бидат примени по семестар). Мое мислење е дека секој кој ќе аплицира (нормално, ако ги прати сите потребни документи, ако ги исполнува основните критериуми на завршено средно и полагање на TOEFL (за студирање на англиски) и DSH или сл. (за студирање на германски)) ќе биде примен на факултетот. Тоа е така направено, пошто факултетот смета дека после првата година повеќето студенти сами ќе си се одлучат да се откажат и бројот на студенти кои ќе останат драстично ќе се редуцира, што е реално. Кај мене на пример, на почетокот бевме отприлика 60 студенти, до третиот семестар останавме околу 20 -25 максимум. Останатите или се мачеа во претходните семестри или се откажаа. Во случај ако има лимит на бројот на примени студенти, ќе има прелиминарен избор на кој ќе биде примен - за тоа ти треба подобар просек или екстра активности надвор од школо.

Во врска со јазикот, најголемиот број на програми се на германски. Има отприлика 4-5 факултетски програми во цела Германија(бар во времето кога јас барав) кои почнуваат на англиски (и студентот во тоа време интензивно го учи германскиот) и коштаат исто колку германските, т.е. минималната цена од отприлика 140 евра по семестар. Во тие програми веќе во втората година студентот почнува да студира на германски, што за многу е предизвик. Тоа беше случајот кај мене. Јас почнав во првата година на англиски да студирам пошто не знаев ни Guten Morgen на германски да кажам, а знаев Bonjour од друга страна (од мала францускиот го учев). Со англискиот немав проблем пошто во НОВА средно завршив, но сигурна сум дека и студентите од другите средни школи нема да имаат проблем со тоа. Во првата година го учев интензивно германскиот и во втората година почнав да студирам на германски. Не викам дека беше лесно, ама искрено немав време да кажам дека е тешко. :) Во третиот семетар моравме да го полагаме DSH и иако само 1 година германски учев добив DSH3. Со тоа сакам да кажам дека не е тешко и за студентите кои немаат учено од претходно германски да студираат во Германија и да го научат паралелно јазикот. Само мотивација. Еве веќе четири семестри се стриктно на германски и можам да кажам дека се помалку и помалку ја чувствувам тешкотијата и напорот да разберам се на часовите.

Во врска со визата, битно е да се запази дека првиот пат кога се аплицира, мора во Македонија тоа да се направи. Секој нареден пат за продолжување на визата се прави во Германија, не мора да се враќате во Македонија за тоа. Нормално, било Германија, било Македонија, се плаќа за процедурата. Навистина не сум сигурна колку беше, проверете си подобро, ама мислам околу 140 евра. За одобрение на визата ви требаат неколку документи, од кои најважни се потврда од факултетот дека имате место во германија и потврда за околу 8000 евра на затворена германска сметка, од која што може да вадите отприлика по 700 евра месечно, повеќе не, лимитирано е. Не се залажувајте (како јас на почетокот) дека германците ќе прифатат потврда од македонска сметка, пошто и они се свесни дека секој може да стави и извади 8000 евра од сметката, и само потврдата да им ја покаже. Тоа не пали. Барем не запали кај мене, и неколку други студенти од други земји со кои сум разговарала за истото. Од друга страна, ако имате веќе бугарски пасош - ни пари мора да се покажува, ниту пак да се аплицира за виза, директно на факултетот... :facepalm:

Во врска со колку е скап животот во Германија, ако си пазите, може да поминете и со 500-600 евра месечно. Храната им е многу ефтина (освен ако јадете БИО храна); сместување може да се најде за цена од 200-300 евра плус сметки, или па во студентски дом како во мојот случај е 265 евра за стан кој го делам со 2ца други студенти (машки/женски мешано, не си бирате, освен ако сте од некоја религија каде што не е дозволено мешање). Секоја од нас си има посебна соба со клуч, делиме само кујна, тоалет и бања. Се е платено (струја, вода, интернет) и чистачка ни доаѓа секој втори ден во неделата. Во ова, ноќниот живот ако го вклучите, би рекла 600-700 евра месечно.

Во врска општо со животот, подобро не прашувајте. :cenzura: Се шалам, тоа се зависи како вие ќе си го организирате. Ако сакате да искачате, ќе најдете луѓе; ако сакате да учите, има читални предобро организирани и за групна работа и за индивидуална. Од друга страна не е како кај нас, „ај на кеј на кафе„ и најмаце 2-3 другари се согласуваат. Тука (барем во Mannheim) луѓето повеќе по дома си се. Кога ќе се стемни, празно е на улиците. Се радувам на сабота кога ќе дојде искрено, за на главната улица во центарот полно со луѓе да е. :)

Се надевам ви дадов малку општа слика за како се тоа би изгледало кога би дошле тука.

Поздрав,
Елена
 
Член од
2 февруари 2014
Мислења
69
Поени од реакции
52
Ajde nekoj ako moze da mi kaze informacii za studiranje vo bugarija,koga se upisi treba li nesto tuka vo makedonija da polagam ?
 
Член од
30 ноември 2014
Мислења
164
Поени од реакции
233
Сакам да студирам во Германија,поточно на некој електро факултет...
Познавате некој факултет,или некој што студира нека каже што како е?
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
135
Поени од реакции
99
Здраво, Заинтересиран сум да студирам информатика (програмирање) во Берлин, но неможам да дојдам до сигурни информации дали во Берлин има факултети кои пружат можност за студирање само на англиски или која е процедурата да студираш на германски но да си тапа моментално :tapp:
Ќе ве молам за помош доколку некој има некоја информација да ја сподели со мене!
 

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.128
Поени од реакции
3.993
Здраво, Заинтересиран сум да студирам информатика (програмирање) во Берлин, но неможам да дојдам до сигурни информации дали во Берлин има факултети кои пружат можност за студирање само на англиски или која е процедурата да студираш на германски но да си тапа моментално :tapp:
Ќе ве молам за помош доколку некој има некоја информација да ја сподели со мене!
Генерално бечелор студиите во Германија на државните факултети се во принцип само на Германски, ретки се некои универзитети што ги нудат и на Англиски, така да незнам во Берлин дали има некој таков. А ако си слаб со Германскиот ондак едина опција (процедура) ти е прво една година да го учиш јазикот пред да почнеш да студираш.
 
Член од
15 ноември 2014
Мислења
331
Поени од реакции
319
Здраво, Заинтересиран сум да студирам информатика (програмирање) во Берлин, но неможам да дојдам до сигурни информации дали во Берлин има факултети кои пружат можност за студирање само на англиски или која е процедурата да студираш на германски но да си тапа моментално :tapp:
Ќе ве молам за помош доколку некој има некоја информација да ја сподели со мене!
Tuka imash gore-dolu sé shto ti treba da znaesh:
https://www.international.hu-berlin.de/en/studierende/aus-dem-ausland/wegweiser?set_language=en

http://www.fu-berlin.de/studium/studienangebot/english/index.html

Ako navistina si reshen za studii vo DEU, zaboravi go MK-terk na obrazovanie, tetki strini rushveti itn., mozhesh da zaboravish.
 
Член од
4 август 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
Заинтересиран сум да студирам во Бугарија, има некој што студира да ми објасни како се аплицира, што се полага?
 
Член од
12 јули 2015
Мислења
5
Поени од реакции
1
Дали некој знае апликациите за универзитети во US дали се плаќаат за да се симнат ?
Благодарам однапред.
 
Член од
24 август 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
Zdravo na site. Sakam da prasham dali nekoj ima studirano ili znae povekje nesto za master studii na Karl-Franzens-Universität Graz Austria? Znam samo deka se uci na Germanski ,mora da znaes C1, deka davaat besplaten kurs za jazikot itn. Dokolku znae nekoj neshto plus neka pishe.Pozdrav :)
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Некој што бил во странство преку Еразмус Плус, да сподели искуство, процедура и тек на аплицирање и кратко сиже на престојот и студирањето таму? :)
 
Член од
24 јуни 2014
Мислења
73
Поени од реакции
6
Дали некој знае апликациите за универзитети во US дали се плаќаат за да се симнат ?
Благодарам однапред.
За додипломски, треба да си се регистрираш на commonapp.org и преку нив ти оди целото аплицирање, таму ги внесуваш сите податоци вклучувајќи ги и мотив. писма(есеи). Околу 70-80 долари ти е такса неповратна за да аплицираш на факултет, тоа мораш да го платиш, освен ако не ти дадат fee waiver(треба да се обратиш на факултетот кој планираш да аплицираш и да прашаш). Исто така, секој универзитет има посебен SAT/ACT и TOEFL код, внимавај и на тоа кога ги полагаш испитиве, скоро сите унив. сакаат кај нив да стигнат автоматски резултатите, ако ги немаш полагано можеш да внесеш очекуван резултат. Среќно :)[DOUBLEPOST=1440699677][/DOUBLEPOST]
Сакам да студирам во Германија,поточно на некој електро факултет...
Познавате некој факултет,или некој што студира нека каже што како е?
TU9 клубот на најјаките факултети (http://www.tu9.de/en/ ). Строги критериуми за влез (меѓу кои и Ц2 ниво на познавање на Германски), ама јаки се..
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
12
Поени од реакции
0
Zdravo, zainteresiran sum za studiranje vo Rusija za dodiplomska pa ako ima nekoj tamu da kazi mislenje, dali davaat lesno stipendija,kakvi uslovi ima tamu i slicno.

Fala :)
 
Член од
27 октомври 2009
Мислења
89
Поени од реакции
14
Дали ќе можит некој да ми кажит која е процедурата за аплицирање да студирам во странство преку ерасмус+? Студирам на Универзитетот за информатички технологии и науки Св. Апостол Павле, насока Е-бизнис, мојот универзитет има соработка со универзитети од еразмус+ па сеа аку можит некој подетално да ми објаснит. Ви благодарам :)
Druze, ke si odis na tvojot fakultet i ke pobaras odgovorno lice za nadvoresna sorabotka, pa ponatamu tie ke te vodat niz procedurata.[DOUBLEPOST=1441899322][/DOUBLEPOST]
Некој што бил во странство преку Еразмус Плус, да сподели искуство, процедура и тек на аплицирање и кратко сиже на престојот и студирањето таму? :)
Sakas da odis na razmena eden ili dva semestra, ili zboris za celosno studiranje? Zasto ima razlika vo apliciranjeto.
Za magisterski studii procedurata e ednostavna.
Odbiras programa i fakultet i posle gi sledis nivnite naskoi. A ako sakas da odis na razmena, togas treba da se konsultiras so odgovorni koordinatori za Erazmus od maticniot fakultet.

Vo sekoj slucaj, so sreka!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom