Мислења за еден хостинг оператор

  • Креатор на темата Креатор на темата Јефто
  • Време на започнување Време на започнување

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.732
Поени од реакции
1.308
Возраст
29
Локација
Скопје, Македонија
Веб-сајт
www.twitter.com
Вака, имено се работи за zemi.mk и планирам да преминам од сегашните кај овие.
Па сакам да прочитам мислења од Вас доколку имате искуства со земи.мк?
Какви се серверите, да не паѓаат? Вака според цените и тоа што го нудат ми се топ, нудат ефтино но и нудат големи бројки (простор, месечен трансфер).
И моменталните каде што сум ми се во ред, ама цената ми е поголема а просторот и месечниот трансфер ми е помал, па затоа се мислам да мигрирам.
Наскоро и генеричките домејни ќе ги понуделе, па ќе ми дојде таман за мојот домејн.

Секако, доколку знаете и сте задоволни и од некој друг хостинг оператор што нуди слично на овие од земи.мк (односно ниска цена, а задоволителен трансфер и простор), споделете го :)

Благодарам однапред.

*темата доколку не е за во овој дел, преместете ја каде што и' е местото
 
Во никој случај.
Овие „земи“ - "ВОРТЕХС МЕДИА Д.О.О. ЕКСПОРТ-ИМПОРТ ВАЛАНДОВО" ме спамираа безвезе, во цц имаа и спам листа на други жртви.
Не сум бил, не сум и нема ни да бидам нивен корисник.
Провајдер што спамира не го бидува, тоа е прв знак на непрофесионализам.
 
Здраво момци и девојки.

zemi.mk e релативно нов хостинг провајдер и официјален македонски домен регистрар со најниски цени за регистрација на .мк домени и веб хостинг.

Кај нас се хостираат корпоративни страници со ниска посетеност па се до информативни портали со поголема потрошувачка на ресурси.

Доколку имате дилеми за квалитетот на хостинг услугите контактирајте не на info@zemi.mk или во ПП на форумов и ќе ви креираме тест акаунт од 30 дена.

Во однос на спамирањето. Долги години сме во ИТ секторот и работевме против таквите девијантни појави на најразлични начини. Тоа се техники за промоција на сите македонски домен регистрари по кои посегнале и луѓето од нашиот тим. За тоа нема оправдување. Се извинивме и ги забранивме таквите срамни активности во организацијата. Па така и нашите клиенти се ослободени од неочекувани мејл пораки и непотребни телефонски јавувања.

Се надевам кориснику Јаневски ќе ни дадете втора шанса да ви го промениме мислењето :)

Честит празник и до читање!
 
@Јаневски гледам дека @DynamicMK ти одговорил во однос на спамот.
Иначе сакам мислење и од други, денес ги контактирав и планирам во наредниот период од неколку месеци (после Ноември или евентуално ако не соберам некој денар до тогаш, во Февруари) да мигрирам кај нив. За ептен ефтини цени, добивам многу повеќе, за разлика од сегашниот хостинг оператор.
Вака ми изгледаат во ред, но сепак, сакам мислења и од други.

И да, уште еднаш ќе прашам и овде, не е сигурно печатна грешка просторот од 2Gb (2000Mb) и месечниот трафик од 200 GB? :D
 
скоро сите македонски хостинг компании препродаваат сервери од европски хостинг компании. не се серверите во МК туку во некоја европска земја.
така да ако ти е за најефтино и не мора од мк хостинг компанија да купиш хостинг. ако не си захтевен корисник, ако пребараш малку може и за 500ден годишно да најдеш добар хостинг.
 
Па првенствено сакам македонска компанија, пред се` за техничката подршка, бидејќи јас некогаш не се разбирам (т.е. не можам да објаснам) на македонски, а не на друг јазик :D
Иначе просторот може и до 1Gb да биде, но трансферот сакам да ми биде над 20Gb.
 
Здраво момци и девојки.

zemi.mk e релативно нов хостинг провајдер и официјален македонски домен регистрар со најниски цени за регистрација на .мк домени и веб хостинг.

Кај нас се хостираат корпоративни страници со ниска посетеност па се до информативни портали со поголема потрошувачка на ресурси.

Доколку имате дилеми за квалитетот на хостинг услугите контактирајте не на info@zemi.mk или во ПП на форумов и ќе ви креираме тест акаунт од 30 дена.

Во однос на спамирањето. Долги години сме во ИТ секторот и работевме против таквите девијантни појави на најразлични начини. Тоа се техники за промоција на сите македонски домен регистрари по кои посегнале и луѓето од нашиот тим. За тоа нема оправдување. Се извинивме и ги забранивме таквите срамни активности во организацијата. Па така и нашите клиенти се ослободени од неочекувани мејл пораки и непотребни телефонски јавувања.

Се надевам кориснику Јаневски ќе ни дадете втора шанса да ви го промениме мислењето :)

Честит празник и до читање!
Google alert имаш или.... ?
 
Беше забележана поголема бројка на реферали од форумот на кајгана на Google Analytics па се вклучив во дискусијата :)

Јефто, не се работи за грешка. Нам не ни е проблем да понудиме и неограничен месечен сообраќај, нешто за кое размислуваме веќе некој период. Лимитите на пакетите се поставени повеќе како заштитна компонента.

Имајте пријатна вечер.
Столе.
 
Искрено, ако навистина бараш квалитетен хостинг во Македонија – нема потреба да бараш подалеку.
Gohost.mk не е уште еден реселер што препродава евтини сервери од странство. Ние сме првите што инвестираа во вистинска cloud инфраструктура со сопствени ресурси – сè е под наша контрола, од опрема до мрежа. Тоа значи стабилност, брзина и сигурна техничка поддршка од тим што е секогаш тука.
Кај нас, секој клиент добива сопствена, наменска (dedicated) IP адреса, со правилно подесен reverse DNS – што е клучно за сигурна е-пошта без да завршуваш во spam фолдери.
Дополнително, сме први во Македонија со сопствен опсег на C-класа IP адреси, што нуди уште поголема контрола и безбедност.
Хостингот ни е поставен во Tier 4 дата-центар, со Layer 7 заштита на мрежно ниво, и директна конекција во матричната мрежа на Македонски Телеком – што гарантира максимална брзина и сигурна поврзаност.
Користиме Intel Xeon Platinum процесори, VMware виртуелизација, и backup сервери оддалечени 400 километри, за целосна заштита на твоите податоци – без компромис.
Плус, на серверите се активирани сите можни безбедносни параметри – од firewall и IDS/IPS системи, до редовни безбедносни ажурирања и мониторинг 24/7. Безбедноста не ни е додаток – туку стандард.
А кога станува збор за техничка поддршка – навистина вложуваме многу, и сме тука за секој клиент, без разлика дали е голем или мал. Ќе добиеш помош, совети и реално решение – не шаблонски одговори.
А цените? Искрено, немаме конкуренција кога ќе се спореди квалитетот што го добиваш со цената што ја плаќаш. Тоа што го нудиме, другите или го немаат, или го наплатуваат драстично повеќе – а без истиот стандард.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom