Анима Мунди

Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Прашање до @ZeenaK9 сериозно без тролање. Зошто веганите не јадат мед? Ова со некомзумирањето на мед тотално не можам да ви го разберам. Поздрава и поприродна храна на светот од мед не постои. Не можам да ви ја сфатам логиката кога тврдите дека веганската исхрана е најздрава, а го исфрлате медот, саќето и прополисот од исхраната. Можеш ли ти како веган логично и аргументирано да размотриш зошто не треба да се конзумира мед? Ама да не биде Анима Мунди логика од типот пчелите се робови, се експлотираат за бизнис, ниедна пчела не постои за тебе мед да ти даде,медот е храна за инсекти не за луѓе и слични бла бла инфантилни тези што се еднакви на Монти Пајтон и предизвикуваат само заебанции и тролање. За време на производството на мед пчелата не се убива, не страда и не и се наштетува на каков било начин. Процесот на производство на мед е природен и безболен. Кај нас нема платажно производство на мед како во САД каде што пчелите се кљукаат со нездрави хемии за поголеми приноси. Значи и тој аргумент отпаѓа. Во Македонија пчеларството во споредба со развиениот свет е сеуште примитивно и органски .Да сумирам имаш нешто што не им предизвикува болка, страдање и смрт на пчелите и е толку здрав за човечкиот организам што дури докторите го нарекуваат течно злато за нашето здравје. Зошто да не го конзумираш?

Што ви е замената за мед? Вештачки засладувачи полни со хемија, конзерванси и адитиви?
 
Последно уредено:
Член од
14 февруари 2013
Мислења
579
Поени од реакции
698
За греота ми се сите оние ликови од Анима Дунди и слични такви здруженија кои се прават светци и паметњаковичи.
Кај за животни мрчеа глупи теории, ама во последно време преку таквото доаѓаат со оние „веган“ теории, лекции и слики.
Кои се тие да спроведуваат кампањи и да ни кажуваат што да јадеме?
Очигледно немаат појма што е ланец на исхрана, и како функционира истиот.
Ама пред се, јас би ги прашал...
Тие кучиња што ги имаат дома и што толку си ги чуваат и сакаат... со што ги ранат? Сигурно не со трева и листови од орев. Сите купуваат храни за кучки, мачки, и тоа се храни направени од говедско и „рибешко“.
Тие што не купуваат храни, им фрлаат салами и слични меса и паштети.
Не се ли греота тие животинки што се убиени, со цел да се направи храна за вашето милениче? А? o_O
Така да не може некој да ме убеди дека на кучето дома му дава супа од босилек и варени костени за ручек и вечера.
Тие се секташи. Само колку да се најдат у муабет и да се направат паметни. Поединците им се претставуваат како високо-емоционални луѓе со неизмерна љубов за животни и живи суштества...
Прикажуваат грижа и љубов, абе ќе си речеш луѓево на мрава не газат.
Ама во приватниот живот и праксата и не биле баш такви бе... :confused:

Инаку, тие во Вевчани на карневалот беа луѓе - пример за прави болесници. Тоа е чиста сељачана. Тоа не го ни коментирам. Неизживеани простаци што треба казнети да бидат за тоа што го правеа над кутрите животни...
Не е фората насилен да бидеш, и да малтретираш и тепаш животни зашто ти е „ќеф“.
Тоа е греота, тоа е криминал и треба да биде казнето!

Е сега разликата во муабетот е тоа што овие таканаречени „здруженија“ како Анима Мунди те прават насилник и малтретирач. Ти билдаат потсвесна вина дека си убиец доколку јадеш месо, (као наводно демек ти си го усмртил кутрото животинче со цел да го изедеш).
Па добро бе, се слушате ли бе вие луѓе што зборите?
Дали имате грам акал во главата?
Просто солзи на очиве ми доаѓаат од тага во врска со тоа колку е глуп и забеган народов од година у година. :facepalm::facepalm: До кој степен дојдовме бе.
Анима Мунди смета дека тепање на куче за забава е подеднаков грев со јадење чорба дома за ручек за да преживееш.
Не знам за вас, ама за мене, сите такви типови на искази произлегуваат од луѓе кои апсолутно немаат врска што зборат...
Кој ќе му суди на лавот во џунглата што јаде газели, или на волкот по селата што ги јаде овците? Што не јадат трева тие? Немаат ли тие емоции? Хммм...дискутабилно нели?
Јас сум прв против насилство врз животни!

Проблемот со луѓето од тоа здружение е што не прават разлика помеѓу ланец на исхрана и насилство врз животни поради забава. Идиотски е да ме убедуваат дека не треба месо да јадеш затоа што не е здраво и затоа што некое кутро животинче „страдало“.
Потребни состојки за човечки организам се учат во прво одделение насекаде во светот и се поделени и класифицирани во различни групи, со што би се задоволила целосната потреба на човечкиот организам за да функционира нормално.
И деца од градинка знаат дека најголем извор на протеини, масти и енергија е месото. Месото е уствари основа на човечкиот организам.
Работата на Анима Мунди е да заштитува, згрижува и вдомува животни на кои им треба помош.
Тие се здружение за заштита на животни, а не нутриционистичко здружение.
Нема потреба да отвараат теми за вегетаријанство кога е тоа сосема различна гранка од нивната работа.
Лично членови од тоа здружение ме имаат убедувано дека ако сркам чорба од телешко дома јас сум „убиец“ на животни и дека ги тероризирам. Тоа ли е дигање на потсвест? Тоа ли е начин да се укаже дека исхраната не ми е коректна? Тоа ли е реторика за поздрав? Тоа е чиста реторика на идиотизам проследена со набивање на одреден вид на „кривица“.
(во смисла да се срамам што јадам зготвено животно :facepalm::facepalm:)
Како што имаат право така да ми зборат, така и јас имам право да го оценам и нивниот „метод“ на работа од моја гледна точка за кој сметам дека моментално е катастрофално очаен.
Не се доволно информирани, немаат ништо читано, зборуваат на празно, и познавањето од биологијата им е на многу ниско ниво.
Барем да се поведуваа од некој вид на логика ќе беше добро, а вака 50% од работите што ги лупаат им се на празно и неосновани од веродостојни аргументи.
Викаат сум ги разбрал погрешно нив, и нивниот метод на работа и правата кои ги застапуваат?
Како да разбереш некој човек-член на такво здружение што ти вика „Немој да јадеш веќе месо, греота е животното, вие сте убијци и ги тероризирате?“
Тоа и да сакам, не можам да го сфатам погрешно. Каква е таа реторика на друштво што се обидува да влијае позитивно на одредена група на луѓе? Тоа ли е позитивност и добра идеја?
Човекот стотици илјади години живеел со храна од животинско потекло и масти кои во суштина претставуваат градежен основен материјал на човечкото тело. Тоа е научно докажано, а воедно и потврдено низ историјата на човечкото постоење.
Земјоделството и житариците се развиени многу години подоцна како паралелна гранка.
Човечкиот организам можеби не е исти како на лавот (пример) да јаде само месо, но сепак поднесува и месо и житарици и овошја и зеленчуци. Компатибилен е да прими повеќе видови на храна за разлика од Лавот кој не јаде трева, туку јаде само месо.
Тоа значи дека организмот му дозволува на човекот да јаде одреден тип на храна (во овој случај-месо).
Да бил човечкиот организам направен и изграден само за да јаде овошје и зеленчук, месото ќе ни беше одбивно (дури и во преработена форма). Тоа е чиста логика.

Нормална исхрана е да балансираш од се. Месо, јајца, путер, зеленчук, овошје итн.
Доколку го храниш организмот со одреден тип на храна (само месо или само овошје и зеленчук) го доведуваш до шок на одредени полиња и не може да функционира нормално.
Земете јадете само овошје и ќе видите што ќе ви се случи со нивото на шеќер исл. Земи јади само месо и ќе видиш што ќе се направиш со маснотии...
Проблемот е што се генерализира. Тие викаат : „Еј не јадете месо затоа што не е здраво и не чини“.
Се слагам, има месо со многу преработки кое не е здраво за да се јаде, но има и квалитетно месо кое е задолжително во човечката исхрана.
Ако е така, и ако се поведуваме по тие работи, ќе нема крај. Еве и јас ќе треснам дека сојата ствара стерилност кај машкиот пол... и до каде ќе стигнеме со аргументи?
Единствената џанк храна која треба да се одбегнува е пијалоци како кока-кола, смоки, чипсови, џанк колачиња и слични ствари кои не се основни елементи за исхрана и кои не му требаат на човечкиот организам за да функционира нормално.
Тоа е веќе лична одлука на човекот дали ќе сака да внесува такви храни во организмот, и секој одговара за себе. Никој нема право да ти кажува дали сакаш да внесуваш такви храни или не.
Нема што тие тука нас да ни се мешаат и да ни кажуваат што да јадеме. Јас ги внесувам, затоа што така ми се сака и затоа што ми е убаво, и не смее никој да ми дроби врз глава зошто го правам тоа, а камо ли пак да ми набива одреден вид на „вина“.
Инаку, сите знаеме дека основниот баланс на нормална исхрана вклучува месо, зеленчук, овошје, житарици.

Јас лично познавам луѓе од Анима што се декларираат како вегани, а дома сркаат тегла со мед и јадат благо во Малага во Центар :facepalm:. А се прават дека знаат што е тоа веган, а не ја разбираат до крај суштината и значењето на зборот.
Нити веган знаат што е, а нити пак вегетаријанство.
Тоа е доказ дека не го разбираат правилно значењето на некои работи, малку читаат, а зборуваат на празно колку да се каже и да се промрчи нешто. Со еден збор, незнаат што со себе во моментот и понатаму. Не знаат кои се и што застапуваат... :D

Некои ќе ми речат дека подолго ќе живеам ако сум веган...
Епа драги мои, за подолг живот, нема правило. Човечкиот век зависи од различни фактори (не само од исхрана), иако голем дел од луѓето денес страдаат затоа што јадат нездраво месо т.е. претеруваат со јадење на истото. Имам личен пример и за вегетаријанец (млад дечко) кој почина на 36 години, така да...ќе речеш здраво се хранел а ништо не дочека да види од животот.
Така да и тука мое лично мислење е дека нема правило.
Што се однесува до варење на месото, по ново ми рекоа дека човечкиот организам не можел да вари месо, и дека човечкиот организам бил сличен со оној на кравата (99% ист) :facepalm::facepalm::facepalm: :pos:
Ова беше реално најголемата глупост која сум ја прочитал во последниве месеци. Да бев јас со организам на крава, ќе повраќав и ќе си ја јадев повраќаницата, а да не можеше организмот да ми вари месо, до сега ќе бев во болница на 1000 операции за да ми ги извадат „кнедлите“ од месо... :pos:
Кога се вари месото кај човекот, тоа веднаш се дроби во дигестивен систем со помош на киселина и дигестивни ензими. Потоа се разложуваат протеините во аминокиселини. Така да организмот е совршен за варење на месо, и овој факт ги демантира сите веган и анима-дунди теории.

Топ 3 факти за анима мунди и нивните поддржувачи:

1. Кога ќе им ја кажеш вистината ги боли....
2. Кога ги демантираш со факти и докази исчезнуваат
3. И покрај тоа што тресат зелени, упорно продолжуваат да ги тресат, па и на крај тебе те прават мутав... :cool:
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.588
Поени од реакции
81.175
^ ^ ^ ^

Постов си кажува се... видете ја разликата на дискусијата со некој што со факти говори за исхраната на човекот, и некој што се логирал на форумов со цел да поставува линкови од страни кој никој не ги отвара...
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.646
Поени од реакции
13.103
Се додека вегани ми истураат памет за месото ќе ги сметам веганите дека немаав врска со животот а не Анима Мунди.
Истотака се` додека има буљаши кои го оправдуваат убиството на коњ во урбана средина како изговор да си заобиколат некои свои лични правни прашања, ќе останат буљаши и во реалниот живот.
Не дека бранам некого, но преку таквото од генерализирање на отганизации со поединци.
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Гледам линков е многу популарен меѓу членовите на Анима Мунди, си го шеруваат на профилите и си го лајкаат и коментираат меѓусебно ко у стил да така е , во право е Морисеј, конечно некој да ја каже вистината. А не им стиска статијата да ја објават на нивната официјална страна :D

Morrissey: eating meat is the same as paedophilia

Шала на страна, ова е тешка навреда кон децата жртви на педофилија, исто како што е навреда кон жртвите на холокаустот што ги споредуваат со свињи во кланица. Јас да сум родител на дете жртва на педофилија би му го свирнал во чело и око нема трепне. Ѓубре!
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824
За греота ми се сите оние ликови од Анима Дунди и слични такви здруженија кои се прават светци и паметњаковичи.
Кај за животни мрчеа глупи теории, ама во последно време преку таквото доаѓаат со оние „веган“ теории, лекции и слики.
Кои се тие да спроведуваат кампањи и да ни кажуваат што да јадеме?
Очигледно немаат појма што е ланец на исхрана, и како функционира истиот.
Ама пред се, јас би ги прашал...
Тие кучиња што ги имаат дома и што толку си ги чуваат и сакаат... со што ги ранат? Сигурно не со трева и листови од орев. Сите купуваат храни за кучки, мачки, и тоа се храни направени од говедско и „рибешко“.
Тие што не купуваат храни, им фрлаат салами и слични меса и паштети.
Не се ли греота тие животинки што се убиени, со цел да се направи храна за вашето милениче? А? o_O
Така да не може некој да ме убеди дека на кучето дома му дава супа од босилек и варени костени за ручек и вечера.
Тие се секташи. Само колку да се најдат у муабет и да се направат паметни. Поединците им се претставуваат како високо-емоционални луѓе со неизмерна љубов за животни и живи суштества...
Кога го поставив истото прашање на вегетаријанците и веганите во нивната тема, едниот прво рече дека неговите кучиња и мачки ги напраил вегетаријанци, а потоа се исправи дека ги пуштал навечер у лов да се хранат со пеперутки, а на крај испадна дека неговите родители всушност и не се вегетаријанци, па тие ги ранеле кутрите животинки.
А тие дундите мислам дека делеа храна за миленици, иако тие се, нели, вегани
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
После ,,успешното ослободување" на вториот коњ и протестите пред полициска станица. Овој пат нашите јунаци од Анима Мунди се во нова офанзива. Таргет: Гостилница Калдрма

Некоја госпожа отишла со кучето во кафаната каде што била уредно и културно примена, никој не и направил никаков проблем што влегува со куче во кафана. Арно ама госпожата побарала вода за кучето, за што не добила (можеби келнерите биле презафатени за да обрнат внимание на нејзиното куче, или немале ВО ШТО да му ја стават во водата, сигурно не очекувала во чинија за луѓе да му донесат вода). Едноставно можела само да отиде до тоалетот и да му наточи вода на кучето ако било жедно. Нејсе, другарката на госпожата страшно се увредила што кучето не го услужиле со вода, па денес се пожалила за овој инцидент погодете на кого?? На Анима Мунди нормално :D

Веќе почнува хистеријата да се крева, коментари лудница. Некој се избаци и пишува дека кучето намерно го ожеднувале за да умре :pos::pos::pos::pos: Очекувам Калдрма да ја прогласат за Аушвиц и логор за миленици , а вработените припадници на SS дивизии.

пс Што ако им кажам дека мене во ресторан ми немаат дадено вода, а не на куче??:facepalm:
 
Последно уредено:
C

Castiel

Гостин
Доаѓа у кафана со куче? На клоци и неа и кучето има да ги избркам. Што мајка бара во кафана со куче? Шетај го кучето врати се дома остави го и отиди во кафана. Ебате исушените во мозокот.
 
Кај во кафана со куче влагаат, па и уште правда бараат... :facepalm::facepalm::facepalm:
Да не сака и лигавка да му стаат на кучето, за кога ќе јаде евентуално да не се капне...
Или специјализирано мени да и донесат со ексклузивна кучешка храна во „Калдрма“? :pos:
Следниот пат кога ќе оди во кафана, кога веќе толку ги сака животните, нека си поведе слон со неа.
Каков идиотизам човече!
Драго ми е за „Калдрма“ што нема повеќе да има гости од ваков калибар.
Просто на момент си помислувам... „Дали е вистина ова што го читам? Дали постојат вакви нетачни луѓе?“
Па кога ќе ги видам такви некои „госпоѓи“ како ги бацуваат кучињата во уста. Фуј! Уште француски пољубац да им дадат :sick:

Тазе случка:

Стариот мој вози такси више едно 20 години.
Сега е пред пензија. Возач професионалец.... :D
Е вчера некоја госпожа од таков калибар (како таа горе што ја спомна со случај „Калдрма“) поминала пешки на црвено и му излегла нагло на пат.
Стариов рефлексно закочил и наеднаш слушнал крик викање лелеци од госпожата....
Наеднаш го слушнал гласот на госпожата која извикувала: "Леле ми го утепа детето!!! Леле леле детето!“.
Стариов се извадил од памет и се смрзнал од шок
ситуацијата. Си помислил дека малецко детенце прегазил. 1000 црни мисли низ глава му поминале. Излегол од кола да види како е. што е, и што да види....
Куче било некое малецко, го водела таа за ланец. Стариов не го ни чепнал значи (не го удрил воопшто и немало ни најмал контакт а камо ли пак удар).
Си стоело мирно кутрето пред кола, живо и здраво, најнормално.
Госпожата кај крива што поминува на црвено, па и уште му се бунела и му хистеришала како кучето и преживеало шок, претрпен страв, и дека кучето требало да оди на ветеринари за преглед, да му мереле некојси таму притисок и слично :facepalm::facepalm::facepalm:

Приказната има среќен крај....
Стариов ја испопцул и и рекол дека е ненормално жениште...си влегол во кола и си продолжил :pos:
 
Последно уредено:
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Доаѓа у кафана со куче? На клоци и неа и кучето има да ги избркам. Што мајка бара во кафана со куче? Шетај го кучето врати се дома остави го и отиди во кафана. Ебате исушените во мозокот.
Сега ќе дојдат Анима Мунди и ќе ти објаснат дека некогаш во кафана не давале вода само затоа што биле црнци, или само затоа што биле Евреи. Денес не даваат вода само затоа што се кучиња. :D

Ова е чист случај на дискриминација и селективно услужување на гостите врз основа бројот на нозете и бројот на влакната. Македонија има усвоено антидискриминациски закони и законот забранува секаков вид на дискриминација, што по автоматизам овде станува збор за кривично дело кои се казнува со XX години затвор. #OKПОЗЗ

Вака треба да се услужуваат џукелите на Анима Мунди

:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
После ,,успешното ослободување" на вториот коњ и протестите пред полициска станица. Овој пат нашите јунаци од Анима Мунди се во нова офанзива. Таргет: Гостилница Калдрма

Некоја госпожа отишла со кучето во кафаната каде што била уредно и културно примена, никој не и направил никаков проблем што влегува со куче во кафана. Арно ама госпожата побарала вода за кучето, за што не добила (можеби келнерите биле презафатени за да обрнат внимание на нејзиното куче, или немале ВО ШТО да му ја стават во водата, сигурно не очекувала во чинија за луѓе да му донесат вода). Едноставно можела само да отиде до тоалетот и да му наточи вода на кучето ако било жедно. Нејсе, другарката на госпожата страшно се увредила што кучето не го услужиле со вода, па денес се пожалила за овој инцидент погодете на кого?? На Анима Мунди нормално :D

Веќе почнува хистеријата да се крева, коментари лудница. Некој се избаци и пишува дека кучето намерно го ожеднувале за да умре :pos::pos::pos::pos: Очекувам Калдрма да ја прогласат за Аушвиц и логор за миленици , а вработените припадници на SS дивизии.

пс Што ако им кажам дека мене во ресторан ми немаат дадено вода, а не на куче??:facepalm:
Мене ме чинеше истово фантастични 150 денари !!! А и врши работа, не велам не :)
А на госпожата ако и е под ниво да го рани миленикот преку ваква поилка незнам шо да кажам...

[DOUBLEPOST=1441702690][/DOUBLEPOST]
Доаѓа у кафана со куче? На клоци и неа и кучето има да ги избркам. Што мајка бара во кафана со куче? Шетај го кучето врати се дома остави го и отиди во кафана. Ебате исушените во мозокот.
Ништо спорно. Некои дозволуваат, некои нејќат. Чувам самојед, и верувај заебан е. Некогаш кога ми е зорт, а неможам да го остаам сам оти рогол ќе напраи дома (такво е кучето, сака друштво а ако го остаиш само цела куќа во воздух ќе ја дигне), го земам со себе, макар одел и во кафиЌ. И секогаш прво прашувам може ли со кучево да седнам/седнеме, ако може арно ако не здравје...
Во ред е тоа да во "кафана" (мајка ми пример кафана вика за кафиќ), си го земе кучето, али побогу да не очекува ко кинеска краљица да ја третираат!
 
Последно уредено:
C

Castiel

Гостин
Мене ме чинеше истово фантастични 150 денари !!! А и врши работа, не велам не :)
А на госпожата ако и е под ниво да го рани миленикот преку ваква поилка незнам шо да кажам...

[DOUBLEPOST=1441702690][/DOUBLEPOST]

Ништо спорно. Некои дозволуваат, некои нејќат. Чувам самојед, и верувај заебан е. Некогаш кога ми е зорт, а неможам да го остаам сам оти рогол ќе напраи дома (такво е кучето, сака друштво а ако го остаиш само цела куќа во воздух ќе ја дигне), го земам со себе, макар одел и во кафиЌ. И секогаш прво прашувам може ли со кучево да седнам/седнеме, ако може арно ако не здравје...
Во ред е тоа да во "кафана" (мајка ми пример кафана вика за кафиќ), си го земе кучето, али побогу да не очекува ко кинеска краљица да ја третираат!
Во кафич кај што не се служи храна до негде е во ред. Али и да те одбијат и таму треба да ги разбереш. Од здравтени и хигиенски причини најпрво. Замисли не дај боже летне некое влакно во храната. Бељи огромни се случуваат. Па и кафаната ќе го изгуби имиџот. Ти би сакал да седеш негде каде што во храната ќе најдеш влакно? Затоа не глеам што толку се трескаат од земја АМ. Малку да размислат треба со тоа главите.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom