Обично кога од една планина/повисоко место прават населено место со куќи, прават делкање на земјиштето по висини, што би требало вака да изгледа...
Прегледај го приврзокот 125439
Но јас колку што те сфатив, во твојот случај е вака...
Прегледај го приврзокот 125440
Ако е вака како што е на сликава, значи дека е многу лошо израмнет плацот. На местото до патот ќе се најде ограда, но за влез во плацот ќе треба да правиш бетонски скали, за влез во плацот со кола ќе треба да правиш поткрената искосена бетонска лента, а кога ќе врне водата таму ќе се задржува. Плус кога плацовите имаат ваков редослед, треба да се поставени косо и надоле за да има некоја логика, вака не.
Не дека вака ќе ти прави некој голем проблем, но пожелно би било да си кренеш до патот бетонска ограда или бетонска основа за ограда, а потоа и да го донаполниш плацот со земја со тоа што ќе биде на висина со патот. И најдобро е да ставиш слика од плацот, зошто така подобро ќе се разбереме